Подршка за Платини
Платини собра храброст и успеа колку толку да го исполни тоа што го вети. Поголеми шанси за пласман на земјите со послаб фудбалски рејтинг т.е посиромашните.
Иако се зборуваше дека ќе им се намали по едно место на фудбалските велесили: Италија, Англија и Шпанија сепак тоа не се случи, напротив им се обезбеди директен пласман и на 3то пласираната екипа од овие првенства. Но не брзајте со заклучоците.
Лига на Шампиони
Значи сега наместо 16те екипи кои директно обезбедуваа пласман во групите. Досега тоа беа по 2 екипи од 1-6 рангирани држави( Шпанија, Англија, Италија, Франција, Германија и Португалија), шампионите од Холандија, Русија и Грција и освојувачот на лигата на шампионите од минатата година.
Сега на овие ќе им се приклучат уште и третопласираните од Шпанија, Англија и Италија и уште шампионите од 10-12 рангираните држави или моментално тоа би биле Украина, Шкотска и Турција. Тоа значи дека сега ќе има 22 екипи кои ќе се пласираат директно. Морам да кажам дека ми се допаѓа ова решение.
Значи сега остануваат уште 10 места. Пазете сега како е решено ова. Значи 5 екипи од послабите шампионати 100% учествуваат. Од 13-53 рангираните држави нивните шампиони ќе се борат за овие 5 места. Ако денеска се игра ова најголеми фаворити би биле шампионите на Чешка, Грција, Белгија, Швајцарија и Бугарија. Нашата држава е 36то рангирана па во ждребот нашиот шампион би бил аутсајдер и според сегашниот ранкинг би играла со Словенечкиот шампион.
Додека пак останатите 5 места ќе ги потполнат екипите од 1-15 рангираните држави. Сега тука во немилост се ставаат второпласираните екипи од 7-15 рангираните држави, пошто да бидеме реални 4то пласираните од Шпанија, Англија и Италија се далеку поквалитетни од овие наведени екипи. Е сега незнам дали ваму ќе има носители или сите ќе бидат во еден шешир. Ако бидат сите исторангирани можни се дуели и помеѓу овие екипи.
Се на се мислам дека одлично е решен проблемот со посиромашните држави. Значи секоја година ќе имаме по 5 аутсајдери во групите, но мислам дека така ќе биде само во првите 3,4 години, потоа и овие клубови финансиски ќе зајачаат. Значи сега вреди да се стане шампион на својата земја, да се зачуваат фудбалерите, да се појача клубот и со малку среќа ете и мак-екипа во Лига на Шампиони. Мислам дека со овој систем имаме шанси. Инвестирајте во мак-фудбалот. Ќе ви се врати.
Куп на УЕФА
Друго. Платини го укинува Интертото натпреварувањето. Останува УЕФА натпреварувањето, но со мали измени.
Значи сега ќе имаме 4 квалификациони рунди. За Македонија 2от и 3от почнуваат од 1 квалификациона рунада, а освојувачот на Купот почнува од 2 квалификациона рунда.
10те екипи кој ќе бидат елиминирани од квалификациите на Лигата на Шампионите(Оние од 15 шо беа) одат директно во групите, 15екипи шо ќе останат од шампионите на послабите држави ќе играат во 4 квалификациона рунда.
Лигата на УЕФА ќе има 48 екипи поделени во 12 групи.
Овој систем на натпреварување важи од 2009год. Секако за овој систем се има согласност од G-14 групацијата.
Се на се мислам дека со овој начин на натпреварување добиваат сите. Појаките лиги добија сигурен пласман во Лигата на Шампионите(мислам на третопласираните), а додека послабите лиги добија барем шанса, надеж дека ќе се пласираат. Пошто досега и да стасаа до 3 коло им се паѓаа далеку појаки противници од нив и беа лесно елиминирани.
No comments yet.
Leave a comment
-
Archives
- July 2008 (61)
-
Categories
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS