Играчи што изненадија до сега
Поминаа по околу 25 натпревари за тим досега во НБА. Некои резултати на екипите се очекувани, некои се изненадувачки, некои се разочарувачки.
Исток :
Орландо стартуваа одлично. Имаа 16-4 скор, но нешто се расипа во магијата и во последните 6 натпревари изгубија дури 5 и тоа од просечни и потпросечни екипи. Одличниот почеток се должеше на одличните партии на Двајт Хауард и на Турчинот Туркоглу. Ако за Хауард ми беше колку толку очекувано, за Хедо и да ми кажуваа немаше да верувам. Човекот е втор стрелец во екипата и е најконстантниот играч во Орландо, и да губат и да тепаат тој игра на ниво. Има просек од 19п 6.2с 4.2ас.

Најдобра партија му беше против Торонто(победија) 25п 15с 6ас. Највеќе поени27п даде против Мајами(победија) . Ако се земе во предвид дека лани имаше просек од 13.3п, а во тимот го немаше Рашард Луис ова е голем напредок во играта на Хедо.
Иако веќе ги знаеме како одлични кошаркари и знаеме што можат, сепак мора да го спомнам тандемот од Вашингтон, Батлер-Џејмисон. Ги спомнувам од причина што да бидам искрен откако се повреди Гилберт Аринас не очекував многу победи од Вашингтон, но се случи обратното. Додека Гилберто беше здрав имаа скор од 3-5, откако се повреди имаат скор 10-5 или се на се 13-10 што ги става на 5то место на исток. Ентоан Џејмисон игра одлично. Без Аринас во екипата има просек од 22.6п по натпревар или во 15 натпревари на 12 имаше дабл-дабл учинок поени-скокови. Најдобар натпревар му беше оној против Мемфис(за жал изгубаија) 41п 11с. Лани имаше во просек 19.8п.

Керон Батлер без Аренас има просек од 21.9п 6.5с 5ас 2.2ук.т. Имаше и еден трипл-дабл учинок против ГС(за жал изгубија) 26п 11с 10ас. Најдобар натпревар му беше против Далас(победија) 35п 8с 2ас, а највеќе поени постигна против Шарлот 39п. Лани имаше во просек 19.1п.
Може и заслужува место погоре, но само поради слабиот учинок на неговиот тим ќе го ставам на 3то место. Инаку според мене е играчот со најголем напредок оваа сезона или еден од главните конкуренти пошто оваа сезона ќе има многу кандидати. Станува збор за Ричард Џеферсон од Њу Џерси. Типот сега за сега има ол-стар сезона. Има просек од 25п 4.6с 2.7ас и се наметна како лидер во Њу Џерси, иако досега пред него беа и Картер и Џејсон Кид. Моментално е на 5то место според бројот на постигнати поени во цела НБА. Ако се земе во предвид дека лани имаше просек од 16.3п по натпревар ова е голем напредок во неговата кариера. Најдобар натпревар му беше овој последниов против Сакременто(изгубија) кога постигна 36п 9с. Имаше само 4 натпревари на кои не постигна 20п или + и на сите овие натпревари Њу Џерси изгубија.
Откако не се договорија со Крис Вебер, многумина ги отпишаа Детроит како конкуренти на истокот. Сепак уште во пред сезоната како одличен back-up се покажа Џејсон Максиел. Имаше уште лани при крај на сезоната неколку добри утакмици, но сега уште од старт се наметна како прва измена во тимот. Има просек од 9.3п 6.4с1.6бл по натпревар. Иако како цифри изгледа малку сепак според придонесот што го дава на теренот мислам дека заслужува да го спомнам, особено ако се знае дека и Детроит не се баш некоја офанзивна екипа. Имаше и 6 старта во првата петорка како замена за МекДајс.
Најдобриот натпревар го имаше против ГС и тоа како стартер 14п 14с 5ас. Највеќе поени постигна против Њу Џерси 18п.
Може тука место заслужува и ЛеБрон, не може сигурно заслужува, но ЛеБрон и неговата игра воопшто не е изненадување за мене. Човекот е најдобар стрелец во лигата со 29.4п по натпревар. Иако напочетокот имаше една изјава дека Коби ќе биде тој што ќе се брка и нема да се фати во листата на стрелци. Има просек и од 7.2с 7.7ас. Имаше и 4 трипл-дабла сезонава што го става на второ место во таа статистика.
Заслужуваат и Атланта и Индијана, но таму се работи за целиот тим. Сепак многу ми е мило што мојот фаворит за руки на годината Ал Хорфорд одлично се снаоѓа и има солидна сезона и е главен конкурент за таа награда, бидејќи за разлика од Дурант неговиот тим има шанси за плеј-оф. Моментално е лидер на nba.com во категоријата руки.
No comments yet.
Leave a comment
-
Archives
- July 2008 (61)
-
Categories
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS