Л.А е на Лејкерс
Денвер – Портланд 105 – 116
“Шта се ово мајко моја са Портландом догаѓа?” Седма победа по ред на Портланд. Четврта победа по ред без ЛаМаркус Алдриџ(нивниот најдобар играч). И тоа последните победи им се над екипи од западот(два пати Јута, ГС и сеа Денвер). Портланд шутираа со 55% низ целиот натпревар. Клупата направи серија од 8-0 на стартот на втора и одприлика тоа водство се одржаваше до полувреме. После на стартот од трета четвртина Блејзерси направија серија од 11-0 за поведат со 72-52 и таа разлика им беше доволна за победа.
Повторно клупата беше пресудна за победата на Портланд. 49п постигнаа резервистите на Портланд наспроти 26п на резервистите на Денвер. Нејт Мекмилан ќе биде изненадувањето на сезонава како лани Сем Мичел од Торонто ???
Кај Портланд Брендон Рој одличен 26п 11ас 6с, Ченинг Фраје 20п 9с, Тревис Аутлоу 17п, Џејмс Џонс 14п и Џерет Џек 10п. Кај Денвер Ален Ајверсон 38п, Кармело 19п и Кенион Мартин 14п.
Л.А.Лејкерс – Л.А.Клиперс 113 – 92
Иако настапот на Коби беше доведен под знак прашалник поради мала повреда сепак Коби максимално професионално си ја одработи задачата и им донесе победа на својата екипа над сограѓаните Клиперси. Лејкерси одлично почнаа и направија 14п разлика уште во првата четвртина. Клиперси полека полека кинеа поен по поен за да стасаат на -6 на старт на последната четвртина, но тогаш Лејкерси направија серија од 17-3 и обезбедија победа против градските ривали.

Кај Лејкерси Коби 32п, Волтон 15п, Бајнум 14п 9с 6бл, Саша Вујачиќ 14п(сите во 4та четвртина) и Одом 12п. Кај Клиперси Магети 27п и Кејман 18п 16с.
Клиперси се уште се без Кесел(10 натпревари) и Шон Ливингстон. Бренд ќе се врати највероватно после ол-стар натпреварот.
Торонто – Бостон 77 – 90
Уште една лесна победа на моментелните лидери во НБА, Бостон. Нивна 9та по ред. Пол Пирс 18п, Гарнет 16п и Рондо 14п.
Детроит – Голден Стејт 109 – 87
Ноќеска играат:
Атланта – Јута
Кливленд – Милвоки
Њу Јорк – Индијана
Мајами – Минесота
Мемфис – Голден Стејт
Далас – Орландо
Сан Антонио – Феникс
Портланд – Њу Орлеанс
Сè уште нема коментари.
Напишете коментар
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS