Sports blog

Лејкерс победија! Вујачиќ најдобар стрелец!

Њу Џерси – Сакременто   101 – 106

Џон Селмонс се најде како одлична замена за Кевин Мартин. На почетокот покажа дека ќе биде еден од главните играчи во Сакременто кога на првите 7 натпревари одигра солидно како замена на тогаш суспендираниот Артест. Против Њу Џерси го одигра најдобриот натпревар во кариерата, постигнувајќи 31п. Само 6 играчи се впишаа во листата на стрелци кај Сакременто, но четворица заедно постигнаа дури 98п. Селмонс 31п, Франциско Гарсија 24п, Бред Милер 23п 10с и Артест 20п. Кај Њу Џерси единствен расположен беше Ричард Џеферсон со 36п.

Salmons.jpg

Клучна беше тројката+дополнително на Гарсија во серијата од 8-0 кога Сакременто поведе 89-85 кон средината на последната четвртина. Таа разлика се одржаваше до крај. Њу Џерси намалија на 100-99 на 35сек до крак, но повторно Гарсија постигнува тројка и го решава натпреварот.

Чикаго – Л.А.Лејкерс   91 – 103

Повторно тимска игра на Лејкерси и повторно победа. Овојпат на гости кај Чикаго. Ова 6та победа на Лејкерси во последните 7 натпревари. Ако кај Лејкерси оваа сезона им цветаат розите, кај Чикаго тоа не е така. Чикаго беа најавувани како едни од главните конкуренти за титулата на истокот, но стартот дефинитивно не го покажува тоа. Напротив Чикаго ќе треба да се бори да го одбегне последното место на истокот. Никако нивното главно трио Денг, Гордон и Хајнрих да изиграат како што треба на еден натпревар. Цело време по еден недостасува. На оваа средба тоа беше Гордон кој заврши со само 8п (3-9). За разлика од него Денг 26п, Хајнрих 17п и Носиони 14п. Сепак минусот на Булси им се центарските позиции. Старците Џо Смит и Биг Бен веќе не се за прва постава.

Кај Лејкерси Саша Вујачиќ 19п, Одом 17п 16п, Коби 18п, Бајнум 12п 10с, Волтон 12п и Фишер 10п.

Л.А.Клиперс – Торонто   77 – 80

Солидната трета четвртина беше причината за победата на Торонто. Рептилите ја добија со 24-11. Бош постигна 12п од своите 24п во таа четвртина и беше најзаслужен за победата на Торонто. Рукито Џамарио Мун одигра уште еден солиден натпревар за Репторси, заврши со 16п(го израмни својот рекорд за поени). Треба да се додаде и Калдерон кој погоди клучни два при крај на натпреварот за Торонто да се одлепи на +5. Заврши со 12п 9ас.

Кај Клиперси е болница. Сега и Мобли е во аут. Па така 3 или 4 потенцијални стартери кај Клиперси не играат, затоа и Клиперси се пациенти на последните утакмици. Магети 22п, Кејман 12п 16с и Ричи Фрам 13п. После добриот старт од 4-0, Клиперси имаат само 5 победи на 20 утакмици.

Ноќеска играат:

Вашингтон – Чикаго

Шарлот – Јута

Атланта – Мајами        2   ()

Индијана – Филаделфија

Бостон – Детроит

Њу Јорк – Кливленд

Милвоки – Сакременто

Мемфис – Сан Антонио

Минесота – Голден Стејт        2  ()

Хјустон – Орландо          2   ()

Далас – Феникс               2  ()

Портланд – Торонто

Сиетл – Њу Орлеанс       2   ()

Јули 20, 2008 - Posted by | НБА 2007/08 | , , ,

Сè уште нема коментари.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.