Sports blog

Подршка за Платини

Платини собра храброст и успеа колку толку да го исполни тоа што го вети. Поголеми шанси за пласман на земјите со послаб фудбалски рејтинг т.е посиромашните.

Иако се зборуваше дека ќе им се намали по едно место на фудбалските велесили: Италија, Англија и Шпанија сепак тоа не се случи, напротив им се обезбеди директен пласман и на 3то пласираната екипа од овие првенства. Но не брзајте со заклучоците.

Лига на Шампиони

Значи сега наместо 16те екипи кои директно обезбедуваа  пласман во групите. Досега тоа беа по 2 екипи од  1-6 рангирани  држави( Шпанија, Англија, Италија, Франција, Германија и Португалија),  шампионите од Холандија, Русија и Грција и освојувачот на лигата на шампионите од минатата година.

Сега на овие ќе им се приклучат уште и третопласираните од Шпанија, Англија и Италија и уште шампионите од 10-12 рангираните држави или моментално тоа би биле Украина, Шкотска и Турција. Тоа значи дека сега ќе има 22 екипи кои ќе се пласираат директно. Морам да кажам дека ми се допаѓа ова решение.

Значи сега остануваат уште 10 места. Пазете сега како е решено ова. Значи 5 екипи од послабите шампионати 100% учествуваат. Од 13-53 рангираните држави нивните шампиони ќе се борат за овие 5 места. Ако денеска се игра ова најголеми фаворити би биле шампионите на Чешка,  Грција, Белгија, Швајцарија и Бугарија. Нашата држава е 36то рангирана па во ждребот нашиот шампион би бил аутсајдер и според сегашниот ранкинг би играла со Словенечкиот шампион.

Додека пак останатите 5 места ќе ги потполнат екипите од 1-15 рангираните држави. Сега тука во немилост се ставаат второпласираните екипи од 7-15 рангираните држави, пошто да бидеме реални 4то пласираните од Шпанија, Англија и Италија се далеку поквалитетни од овие наведени екипи. Е сега незнам дали ваму ќе има носители или сите ќе бидат во еден шешир. Ако бидат сите исторангирани можни се дуели и помеѓу овие екипи.

Се на се мислам дека одлично е решен проблемот со посиромашните држави. Значи секоја година ќе имаме по 5 аутсајдери во групите, но мислам дека така ќе биде само во првите 3,4 години, потоа и овие клубови финансиски ќе зајачаат. Значи сега вреди да се стане шампион на својата земја, да се зачуваат фудбалерите, да се појача клубот и со малку среќа ете и мак-екипа во Лига на Шампиони. Мислам дека со овој систем имаме шанси. Инвестирајте во мак-фудбалот. Ќе ви се врати.

Куп на УЕФА

Друго. Платини го укинува Интертото натпреварувањето. Останува УЕФА натпреварувањето, но со мали измени.

Значи сега ќе имаме 4 квалификациони рунди. За Македонија 2от и 3от почнуваат од 1 квалификациона рунада, а освојувачот на Купот почнува од 2 квалификациона рунда.

10те екипи кој ќе бидат елиминирани од квалификациите на Лигата на Шампионите(Оние од 15 шо беа) одат директно во групите, 15екипи шо ќе останат од шампионите на послабите држави ќе играат во 4 квалификациона рунда.

Лигата на УЕФА ќе има 48 екипи поделени во 12 групи.

Овој систем на натпреварување важи од 2009год. Секако за овој систем се има согласност од G-14 групацијата.

Се на се мислам дека со овој начин на натпреварување добиваат сите. Појаките лиги добија сигурен пласман во Лигата на Шампионите(мислам на третопласираните), а додека послабите лиги добија барем шанса, надеж дека ќе се пласираат. Пошто досега и да стасаа до 3 коло им се паѓаа далеку појаки противници од нив и беа лесно елиминирани.

Јули 19, 2008 Posted by | Европски фудбал | , , , | Напиши коментар

Браво за Хрватите

англија – ХРВАТСКА   2 – 3

Уште не можам да верувам шо гледав. Хрватите може ја изиграа најдобрата утакмица во живот. И тоа во моменти кога ништо не им значеше. Или им значеше. Реноме, фудбалски респект од остатокот од светот. Ова им беше освета на Англичаните за елиминацијата на европското во Португалија. Кога во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди понатаму Англичаните тепаа со 4-2. Ако вака играат на европското 100% ќе го освојат. Ама најозбилно зборувам.

Творци на победата беа Крајнчар во 8мин по една грешка на Карсон. Не им иде у глава на тренерите дека Џејмс е најдобар голман на Англија. Ивица Олиќ влезе со се топка у гол во 14мин за 2-0. И тоа е у прво. А и една шанса за Врајт-Филипс при 1-0. У второ Хрватите играа за да ги декласираат. И тогаш судијата досуди пенал шо искрено у Италија и на Милан нема да му го досудат. Лампард погоди. 2-1. Хрватите пак промашуваа. Едуардо, Олиќ незнам колку пати. Имаа и пречка. Крауч погоди за 2-2. И кога сите си помислија ах ја наместија, Хрватите не мислеа така пак напаѓаа. Билиќ го става Младен Петриќ на местото незнам на кого и овој од 22-23м одкосо од лева страна му ја збрца на Карсон за 3-2. Билиќ се радуваше како мало дете. Англичаните немаа шанса понатаму. Неможев да поверувам.
После ова може ќе му се исполни желбата на Билиќ да биде тренер во premier league во Англија. А Модриќ дека ќе дојде во Англија после ова. Мало Морген. Може ќе дојде ама Англичаниве ќе направат презимето да му одговара на ликот. :)

Секоја чест на Хрватите. Ама ние ги тепавме . ХАХАХА

П.С Вембли беше на ниво од Градски во саботата, мислам на теренот. Ги истрењиравме Хрвативе како се игра во кал. :)

Јули 19, 2008 Posted by | Европски фудбал, EURO 2008 | , , | Напиши коментар

Premiere league после 11 кола

После вчерашното дерби решив да го искоментирам англиско првенство. Кој шо покажал, докажал и ништо не кажал.

Ќе почнам од лидерите Арсенал. Секоја чест на децата на Венгер, тоа шо го видов вчера беше неверојатно. Толку млада, а толку технички, тактички и полетна екипа немам видено до сега. Како да  играа со 22 фудбалери. Секаде ги имаше на теренот. Секоја чест и за МВПто до сега, Фабрегас. Ако лани се мачеше за гол, оваа сезона го нема тој проблем. Ако ги победат Манчестер Јунајтед наредново коло(сабота 13:45), тогаш дефинитивно ќе бидат главни кандидати за титула.

Одличен фудбал почнаа да играат и ѓаволите. После не толку убедливите партии на почетокот кога се вадеа со победи од 1-0 сега влегоа во одлична гол-серија. Три победи по ред со по 4 гола во мрежата на противниците. Искрено изненаден сум од колку тоа добро се читаат Тевез и Руни. Тоа не го очекував. Фантастично дуо се во нападот и секако да не го заборавам Роналдо кој исто така игра добро, но не е спектакуларен како минатата сезона.

После кризата и заменувањето на Мурго, огреа сонце и во Челзи. Доста беа плачки, време е за фудбал. И тоа го покажаа против Сити. Лесно, едноставно за 6-0. И мислам дека ќе газат од сега натаму. Од причина што им се вратија повредените Лампард и Дрогба. Друго е со Дрогба во напад. Шева под хитно да си оди. Катасрофа жива. Ваков Шева не ни за во македонско првенство да игра.

И стасав до моите. ЛИВЕРПУЛ. Не можам да ги гледам. Едноставно немаат идеја, немаат креативност во играта. Незнам како немаат пораз до сега. Единствен играч шо вреди сега засега во Ливерпул е Маскерано. Типчето е ѕвер. Секаде го има. Најголем виновник според мене е Рафа. Неможе една екипа која претендира за шампионска титула да нема своја игра по која ќе биде претпознатлива. Таа игра ја имаат и Арсенал и Челзи и Манчестер. Не можеш да играш претпазливо и да се прилагодуваш на играта на Бирмингем, Тотенхем, Евертон и некој други второстепени екипи. Шо му беше филмот против Арсенал со три шпица. Бог да чува и да Бранко. Арсенал со 5 ѕверки у средина он со 3 ќе ги чува и плус ќе прави контри со Кајт, Крауч(Торес) и Вороњин. Баби у споредба со играчите на Арсенал. Имаш крила за шо ги купуваше, еве за ваа утакмица.
Не дека немаат шанси за титула, ама почнаа да го губат чекорот. Колку побрзо ќе загубат толку подобро за нив.

Екипи на кој треба да се пази:

Сите чекаат кога Сити ќе падне. Не чекајте нема да падне. Веќе се кладев со многу души дека ќе завршат меѓу топ 4. Може сега не се толку јаки пошто немаат  квалитетен шпиц, но во зимски преоден рок сигурен сум Ериксон ќе знае шо да купи.

Може и Портсмоут да се каже како изненадување, но со оглед на играчите шо ги има и не би требало да биде. Пред се мислам на одбрамбената четворка која е предводена од најдобриот англиски голман Џејмс. Плус имаат добра средина и шпицот Бенџани кој им влезе во форма иако на последната средба против Вест Хем промаши пенал за победа. Ќе се задржат тука околу 5-7 место до крај.

Разочарувања:

Најголемо разочарување дефинитивно е Тотенхем. Со таква екипа и се у зона за испаѓање. Чудни работи. Екипа шо многу голови дава, но уште повеќе прима. За потсмев е Робинсон да биде голман на репрезентација. Проблемот им е во одбраната. Наместо да трошат пари за средина и напад треба да си ја средат одбраната.

Болтон не е разочарување. Од нив се очекуваше ова. Голем Сем со само Сем не е исто. И затоа само Сем во аут. Мислам и дека ќе се растурат за време на зимски преоден рок. Пред се мислам на Анелка кој највероватно ќе си оди.

Ќе испаднат:

Дерби 100% , а за другите  две места ќе се борат Фулам, Болтон, Виган, Сандерленд, Бирмингем и Ридинг.

Најдобри фудбалери до сега:

Фабрегас и Елано дефинитиво се најконстантните играчи во првите 11 кола. Играчи шо имаат решено највеќе утакмици овие 11 кола.

Јули 19, 2008 Posted by | Европски фудбал | , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.