Извлечени групите за EURO 2008
Група А Група Б
Швајцарија Австрија
Чешка Хрватска
Португалија Германија
Турција Полска
Група Ц Група Д
Холандија Грција
Романија Шведска
Италија Шпанија
Франција Русија
Погледнете ја Група Ц. Фаворит до фаворит. Од таа група мислам дека Холанѓаните 100% одат понатаму, а Италија и Франција ќе си решаѕ самите кој ќе оди. Пак се паднаа истите репрезентации како во квалификациите. Холандија со Романија. Италија со Франција.
Хрватите имаа прилично лесна група. Со Германците се фаворити во таа група. Пољаците може да изненадат.
Можно ли е Грците да бидат првата репрезентација што ќе ја одбрани титулата ??? Шпанија ми е фаворит од таа група.
А првата група е најизедначена и мислам дека ќе биде најинтересна.
Браво за Хрватите
англија – ХРВАТСКА 2 – 3
Уште не можам да верувам шо гледав. Хрватите може ја изиграа најдобрата утакмица во живот. И тоа во моменти кога ништо не им значеше. Или им значеше. Реноме, фудбалски респект од остатокот од светот. Ова им беше освета на Англичаните за елиминацијата на европското во Португалија. Кога во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди понатаму Англичаните тепаа со 4-2. Ако вака играат на европското 100% ќе го освојат. Ама најозбилно зборувам.
Творци на победата беа Крајнчар во 8мин по една грешка на Карсон. Не им иде у глава на тренерите дека Џејмс е најдобар голман на Англија. Ивица Олиќ влезе со се топка у гол во 14мин за 2-0. И тоа е у прво. А и една шанса за Врајт-Филипс при 1-0. У второ Хрватите играа за да ги декласираат. И тогаш судијата досуди пенал шо искрено у Италија и на Милан нема да му го досудат. Лампард погоди. 2-1. Хрватите пак промашуваа. Едуардо, Олиќ незнам колку пати. Имаа и пречка. Крауч погоди за 2-2. И кога сите си помислија ах ја наместија, Хрватите не мислеа така пак напаѓаа. Билиќ го става Младен Петриќ на местото незнам на кого и овој од 22-23м одкосо од лева страна му ја збрца на Карсон за 3-2. Билиќ се радуваше како мало дете. Англичаните немаа шанса понатаму. Неможев да поверувам.
После ова може ќе му се исполни желбата на Билиќ да биде тренер во premier league во Англија. А Модриќ дека ќе дојде во Англија после ова. Мало Морген. Може ќе дојде ама Англичаниве ќе направат презимето да му одговара на ликот.
Секоја чест на Хрватите. Ама ние ги тепавме . ХАХАХА
П.С Вембли беше на ниво од Градски во саботата, мислам на теренот. Ги истрењиравме Хрвативе како се игра во кал.
Едно големо чао за Англија
Од вчерашните резултати највеќе ме израдува оној од Москва. Русија – Англија 2-1(0-1). Ме израдува од причина што најпосле нема на едно големо натпреварување да ги гледам најнадуените фудбалери на светот од најпуваното првенство во светот. После ова големо значење добива нашето реми на Old Traford кога нашите фудбалари ги запреа гореспоменатите на 0 – 0. Тоа ќе биде единствената причина зошто тие не се пласираа. Браво за нас му ги расипавме сметките на најголемиот фаворит у групата. Па така чичко сер бајрон Мекларен Мерцедес има да не памти додека е жив.
За да оваа желба се исполни треба Хрватите да земат барем еден бод од гостувањата со нас и со Англичаните, а Русите да ги победат на гости Израел и Андора. Сето ова е многу реално ако се знае дека ние си го имаме нати го дај ми го со Хрватите истото по Еврејска линија го имаат Русите со Израел.
Чаооооооо Англија. За квалификациите за светско па во иста група.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS