Ауф, мауф, Мајами се запалија
Феникс – Мајами 113 – 117
Мајами прв пат врзаа две победи по ред и тоа две победи по ред на гостински терен. Со право можам да речам дека ФЛЕШ(Вејд) е пак истиот. Ги погодува истите шутеви, ги прави истите влезови и сега погодува слободни за разлика од претходно. Вејд постигна 16п во првата четвртина која Мајами ја доби со 40-29. Предноста Мајами ја одржаваше до крајот на натпреварот. Феникс се закани на крајот, слично како на првиот нивни дуел сезонава со серија од 5 тројки се доближија на -3, но за разлика од тогаш Мајами сега погодуваше и не правеше грешки. Сепак на крај Мајами заслужено победи. Ова им беше прва победа на Мајами против Феникс во последните три години.

Кај Мајами најефикасен беше Вејд со 31п, Хаслем имаше 21п 12с, Шекиле 18п 11с, Врајт 16п и Квин и Рики Дејвис по 12п. Очигледно Мајами без Џеј Вилијамс подобро функционира. Не играше на последните два натпревара. Кај Феникс Стадемаер, Хил, Мерион и Бел по 19п, Брајан Скинер 13п, Неш 11п 14ас и Барбоса 11п. Повторно слаб шут имаше Неш 4-13, а Барбоса имаше 4-17. Неш до 4мин пред крај имаше постигнато само 3п.
Њу Јорк – Далас 89 – 99
Новитцкито отиде до season-high учинок од 36п, што беше повеќе од доволно за да ги совладаат Никси кои никако да заиграат како што треба иако имаат одлични кошаркари. Во составот го немаа Марбери кој се уште психички се опоравува после смртта на неговиот татко, но тоа не треба да биде причина за поразот бидејќи Фред Џонс имаше солидна партија како негова замена на теренот.
Кај Далас Новитцки 36п, Џош Хауард 22п и Стекхаус 13п. Кај Њу Јорк Рендолф 24п 11с, Крафорд 19п и Фред Џонс 16п.
Ајзеа Томас треба да превземе нешто во врска со тимот како на пример да го врати Крафорд на клупа или Кари да стартува од клупа, бидејќи вака премногу топки си трошат. Рендолф и Кари имаа одлични сезони лани и двајцата беа доволни за победи на своите екипи, а сега кога се заедно не ги бива тоа сепак е грешка на тренерот не на играчите.
Орландо – Атланта 87 – 98
Втор пораз по ред на Орландо, шо ќе каже кога Мајами тепаат Орландо губат и обратно или не. Втор пораз и тоа втор по ред на домашен и тоа од далеку послаби екипи вака табеларно гледано. Прична за поразот беа огромниот број на изгубени топки на Орландо кои имаа 19 за разлика од 9те на Атланта. Атланта сега имаат скор од 10-10 и сега се на делба од 5-7 место на истокот.
Џош Смит беше лидер со 24п 16с кај Атланта, додека кај Орландо Хауард имаше 14п 18с и Туркоглу 22п.
Сакременто – Милвоки 96 – 93
Со серија од 10-0 на стартот од последната четвртина Сакременто го анулираше водството на Милвоки и го изедначи резултатот на 76-76. Изедначено беше до крај. При 93-93 на 52сек до крај Артест положува за водство на Сакременто, Мо Вилијамс направи грешка за Милвоки кога беа во напад. Потоа Селмонс беше фаулиран и погоди само едно слободно за 96-93. Додека Ред имаше шут за продолжение, но не погоди.
Селмонс максимално ја користи повредата на Мартин и е негова одлична замена. Постигна 22п на оваа средба. Брeд Милер имаше солидна партија после подолго време 17п 10с. Кај Милвоки расположен беше само Ред со 24п.
Филаделфија – Хјустон 100 – 88
Сиксерси ги масакрираа Хјустон. Во еден момент во третата четвртина имаа и 31п водство. Кај Хјустон се повреди Ти-Мек си ја свитка десната нога(зглобот), но тоа беше моменти пред Филаделфија да направи +31.
Џо Џонсон со звукот на сирената
Далас – Денвер 109 – 122
Ако вчера 51п на Ајверсон не му беа доволни на Денвер за да победи сега доста беа 35п на Ајверсон, но за разлика од вчера сега имаше подршка од остатокот од тимот. Последната четвртина била решавачка за победата на Денвер т.е лошиот шут на Далас (7 -21) во последната четвртина. Новитцки имаше само 2п во оваа четвртина, а во претходните постигна 30п.
Кај Денвер Ајверсон 35п 12ас, Кармело 23п, Клејза 23п и Кенион Мартин 18п. Кај Далас Новитцки имаше season-high 32п 12с, Џери Стекхаус 23п, Хауард 20п и Херис 12п. Кај Далас затаи Тери кој завр
ши само со 5п.
Портланд – Мајами 112 – 106
Зини земјо голтни ме. И Портланд се вброи во екипите кои ги совладаа Шампионите од далечната 2006 кога за Мајами играа Вејд, Вилијамс, Хаслем, Шек и Морнинг. А кој играат сега неам појма. Да не ги клонирале истиве и сеа се негде на Хаваи, а овие двојнициве играат кошарка.
Вејд за имаше солиден учинок 21п 10с 9ас, но имаше лош шут од поле 9-26. Шек по којзнае кој пат сезонава има проблеми со лични и скоро цел натпревар мина на клупа. Заврши со 8п (3-9) и (2-9) за слободни. Вејд има 65% за слободни сезонава. Па добро тренираат ли слободни вооп
што. Или да прашам поинаку имаат ли тренинзи уствари. А ќе заборавев carier-high на рукито од Мајами Кук од 20п.
Најзаслужи за победата на Портланд беа Брендон Рој 26п, Тревис Аутлоу 20п, ЛаМаркус Алдриџ 14п 10с, Џејмс Џонс 14п и Стиви Блејк 12п.
Атланта – Минесота 90 – 89
Каква завршница се одигра во Атланта. Џош Смит погоди на 7сек пред крај за водство на Атланта од 88-87. Марко Јариќ на спротивната страна многу лесно положи за на 2,2сек Минесота да се најде на прагот на победа, но со звукот на сирената Џо Џонсон им донесе победа на Атланта.
Џош Смит имаше одлична партија за Атланта. Заврши со 28п 7с и 7блокади. Џо Џонсон 21п и Марвин Вилијамс 20п. Кај Минесота солидна партија имаше Маро Јариќ 18п 8с 9ас, Крег Смит 20п 9с и Ал Џеферсон 18п.
Далас пак во последна четвртина
Мајами – Атланта 79 – 82
Ма нека иде УПМ и Мајами и се. Шо е работава сега ??? Кој им фали Неш или Крис Пол ??? Сакаат да не се потат, а да станат шампиони ??? А водеа, на почеток на последна влегоа со +10 и си викам ах овие тепаа дај да си легнам и сеа станувам шо да видам. За 5мин од последна четвртина Атланта им изедначила и после цело време воделе Хавкси. На една минута пред крај Вејд намалил на 81-79 одкога го промашил првото слободно. Потоа Атланта т.е Џо Џонсон промашува, но негов офанзивен скок и па у напад Атланта. На 15сек Џош Смит промашува и Мајами има шанса за продолжение или победа. Вејд оди на положување ама ја крка една банана од Џош Смит(види слика) и game over.

Мајами имаа само 59 шута. Тоа значи дека Атланта играла добра одбрана против нив. Шек нема шутнато во последната четвртина, а Шек беше најдобар играч од Мајами. Џеј-Вилиамс и Смуш Паркер плејмејкерите во Мајами по една 0 кај поени, а за Атланта не игра никој плеј Асие Лав и Спиди Клакстон се повредени. Ентони Џонсон е прв плеј!!! Па Рајли дај покажи малку способност, ако Вејд е уште повреден стави го да биде шестти играч, ако е здрав, Рики Дејвис може да биде 6ти играч. Вака многу топки си трошат. Види малку како е ситуацијата во Далас. Зошто Стекхаус е на клупа???
Шек 18п 10с 7бл, Хаслем 17п, Рики Дејвис 17п и Вејд 14п(4-12) кај Мајами. Кај Атланта Џо Џонсон 22п, Џош Смит 16п 11с и Марвин Вилијамс 13п 10с.
Хјустон – Далас 94 – 100
Одлична последна четвртина на Далас. Втор натпревар по ред. Хјустон водеа со 17п разлика при крај на трета четвртина 74-57. Хјустон водеа до 34сек до крај кога Херис положи за изедначување и беше фаулиран од Јао. Го погоди дополнителното за водство на Далас од 92-91. Потоа МекГрејди го промашува клучниот шут на 24сек до крај. До крај Далас не киксна слободно, а Хјустон не успеа да се доближи за да ги загрози. Џејмс утна слободно и тројка за колку толку надеж за Хјустон, бидејќи ќе се доближеше на -1.
Херис имаше 22п, Хауард 20п, Новитцки 18п 14с, Брендон Бас 17п и Стекхаус 15п кај Далас. Јао Минг имаше солидна партија за Хјустон 30п 15с, МекГрејди се врати со 15п и 12ас, а Алстон 18п.
Милвоки – Л.А.Лејкерс 110 – 103
Лошиот шут на Лејкерси во последната четвртина 5-16 од поле,од кои 0-7за три беше причина за поразот на Лејкерси. Последната четвртина ја изгубија со 35-23. Потфрли Ламар Одом кој заврши со 8п (3-11). Коби 26п, Бајнум 16п 13с. Кај Милвоки Мајкл Ред 26п 8с 7ас, Мо Вилијамс 18п 9ас и Чарли Виланова 14п.
Бостон – Голден Стејт 105 – 82
Трио фантастико по старо. Ален 21п, Гарнет 20п 10с, Пирс 19п 10с.
Детроит – Њу Јорк 98 – 86
Антонио МекДајс се врати кај Детроит за да ја изигра најдобрата партија оваа сезона постигна 20п. Билапс 25п 15ас. Еди Кури 26п кај Њу Јорк.
Феникс – Сакременто 127 -111
Повторно цела прва петорка кај Феникс имаше двоцифрен учинок. Мерион 25п, Неш 18п и 15ас. Кај Сакременто Франциско Гарсија имаше carier high 31п. За Сакременто не играше Артест поради фамилијарни причини, а Бено Удрих е повреден.
Л.А.Клиперс – Денвер 101 – 90
50-19 беше односот на клупите на двете екипи. Кај Денвер имаше само тројца расположени Ајверсон 29п, Ентони 24п и Кемби 18п и 18с. Крис Кејман 17п 21с, Квинтон Рос 17п и Мобли 14п. Магети е сеуште повреден. Рукито Ал Торнтон беше стартер.
Сан Антонио – Орландо 128 -110
Прв пораз на Орландо на гостински терен. Паркер 32п 9ас, Ману 27п, Данкан 20п и Бери 19п(5 тројки). Кај Орландо уште една одлична партија на Двајт Хауард 34п и 16с, а Туркоглу 26п.
Минесота – Кливленд 86 – 97
ЛеБрон 45п 8с и 5ас.
Мемфис – Торонто 89 – 95
Ти-Џеј Форд не играше за Торонто. Се повреди на натпреварот со Далас, при судирот со Џош Хауард. Крис Бош 22п 19с.
Портланд – Њу Џерси 101 – 106
Прва победа за Њу Џерси после 6 порази по ред. Винс Картер се врати во екипата, но стартуваше од клупа. Џеферсон 30п и Бошјан Нахбар 23п.
Њу Орлеанс – Индијана 93 – 105
Крис Пол се врати за Њу Орлеанс, но ја одигра најслабата партија оваа сезона 8п 10ас со шут 3-12. Џермејн О’Нил е повреден кај Индијана.
Шарлот – Вашингтон 111 – 114
Втор триумф на Вашингтон по ред без Гилберто кој ќе паузира околу 3 месеци. Вашингтон има 6 победи по ред после 5те порази по рд на стартот.
П.С. Ноќеска нема НБА денот на благодарноста е во САД. Ајде на мисирка.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS

