Џо Џонсон со звукот на сирената
Далас – Денвер 109 – 122
Ако вчера 51п на Ајверсон не му беа доволни на Денвер за да победи сега доста беа 35п на Ајверсон, но за разлика од вчера сега имаше подршка од остатокот од тимот. Последната четвртина била решавачка за победата на Денвер т.е лошиот шут на Далас (7 -21) во последната четвртина. Новитцки имаше само 2п во оваа четвртина, а во претходните постигна 30п.
Кај Денвер Ајверсон 35п 12ас, Кармело 23п, Клејза 23п и Кенион Мартин 18п. Кај Далас Новитцки имаше season-high 32п 12с, Џери Стекхаус 23п, Хауард 20п и Херис 12п. Кај Далас затаи Тери кој завр
ши само со 5п.
Портланд – Мајами 112 – 106
Зини земјо голтни ме. И Портланд се вброи во екипите кои ги совладаа Шампионите од далечната 2006 кога за Мајами играа Вејд, Вилијамс, Хаслем, Шек и Морнинг. А кој играат сега неам појма. Да не ги клонирале истиве и сеа се негде на Хаваи, а овие двојнициве играат кошарка.
Вејд за имаше солиден учинок 21п 10с 9ас, но имаше лош шут од поле 9-26. Шек по којзнае кој пат сезонава има проблеми со лични и скоро цел натпревар мина на клупа. Заврши со 8п (3-9) и (2-9) за слободни. Вејд има 65% за слободни сезонава. Па добро тренираат ли слободни вооп
што. Или да прашам поинаку имаат ли тренинзи уствари. А ќе заборавев carier-high на рукито од Мајами Кук од 20п.
Најзаслужи за победата на Портланд беа Брендон Рој 26п, Тревис Аутлоу 20п, ЛаМаркус Алдриџ 14п 10с, Џејмс Џонс 14п и Стиви Блејк 12п.
Атланта – Минесота 90 – 89
Каква завршница се одигра во Атланта. Џош Смит погоди на 7сек пред крај за водство на Атланта од 88-87. Марко Јариќ на спротивната страна многу лесно положи за на 2,2сек Минесота да се најде на прагот на победа, но со звукот на сирената Џо Џонсон им донесе победа на Атланта.
Џош Смит имаше одлична партија за Атланта. Заврши со 28п 7с и 7блокади. Џо Џонсон 21п и Марвин Вилијамс 20п. Кај Минесота солидна партија имаше Маро Јариќ 18п 8с 9ас, Крег Смит 20п 9с и Ал Џеферсон 18п.
Ајверсон преку 50п, но Денвер пак поразен
Сан Антонио – Далас 95 – 97
Иако Далас водеше до полувреме, сепак во трета четвртина се разбудија Спарси т.е Ману Џинобили кој во таа четвртина постигна 16п и ја добија со убедливи 31-17 за во последната четвртина да влезат со 73-66.
Ова водство го одржаваа до крај на натпреварот. Сепак треба да се напомене дека Далас опасно се доближи на крај и имаше шанса и за победа. Тери постигна 10п едно по друго и од 86-91 Далас стасаа на 95-97 на 33сек до крај. Тери промаши дополнително слободно за -1. Во нападот на Спарси Бовен промашува и остануваат уште 8сек за да се организира напад за Далас. Тери е изблокиран од Елсон(ауф каква банана) во обидот да положи, но топката останува пак кај Далас. Новитцки промашува чиста тројка од десниот ќош во последната секунда.
Кај Сан Антонио Џинобили season-high 37п, Тони Паркер 23п и Финли 14. Кај Далас Џош Хауард 22п, Тери 20п, Брендон Бас 18п и Новитцки 15п.
Денвер – Л.А.Лејкерс 107 – 111
Ајверсон го држи сега за сега рекордот по број на постигнати поени сезонава. Но која корист од тоа кога твојот тим ќе изгуби. Ајверсон имаше неверојатни 49п после три четвртини, но во последната беше задржан на само 2п и имаше неколку изгубени топки.
Во последните 2 мин се влезе изедначено 102-102. И во дуелот Коби-Кармело победи Коби. Коби погоди 3 пати по ред, а Кармело беше еднаш изблокиран од Бајнум, погоди еднаш за -2 и промаши тројка за -1.
Кај Лејкерси Коби 25п, Радмановиќ 21п(6-9 за три), Фишер 20п и Одом 17п. Кај Денвер Ајверсон 51п 8ас, Кармело 26п. Овие двајца имаа 50 шута од 80те на Денвер, но имаа 28погодени за разлика од 8 погодени од 30 на остатокот од екипата. Значи со право имаат толку шута.
Њу Орлеанс – Детроит 76 – 91
Детроит како да влегоа во форма. Во декември сега за сега не знаат за пораз. Имаат 4 победи или 5 по ред вклучувајќи го и ноември.
Рип 21п и Билапс 18п.
Њу Џерси – Њу Јорк 93 – 100
Победа за Стефон Марбери, кој беше ослободен поради смртта на неговиот татко. Кај Нетси го немаше Џејсон Кид.
Торонто – Феникс 122 – 136
Одлична офанзивна партија на Феникс. Феникс останува и понатаму најофанзивната екипа со просек од 110.5 поени по натпревар. Тие се и најпрецизната екипа со 49.2% шут по натпревар. Во третата четвртина Феникс постигна 45п.
Леандрињо заврши со 35п од клупа, Стадемаер имаше 25п, Хил 17п и Неш 10п 18ас. Кај Рапторси Ти-Џеј Форд исто од клупата 27п и Ентони Паркер 22п.
Хјустон – Мемфис 105 – 92
Ти-Мек го оствари својот прв трипл-дабл сезонава или само трет во неговата кариера.
Бонзи Велс ја имаше една од своите подобри партии во последно време. Заврши со 24п. Jao 24п 13с, Ти-Мек 17п 10с 12ас.
Вашингтон – Кливленд 105 – 86
Во битката на двете екипи без своите суперстара, победија Вашингтон кој да бидеме реални имаат далеку поквалитетни играчи од Кливленд вака гледано. Батлер беше најефикасен со 27п.
Шарлот – Чикаго 82 – 91
Одличната последна четвртина беше доволна за победа на Булси и полека враќање во колосек. Денг и Носиони беа инспиратотри на пресвртот. Денг постигна 12п, а Носиони 9п во последната четвртина која Булси ја добија со 38-22.
Хајнрих(0п на оваа средба) е катастрофа сезонава, а ланската беше нешто слично. Што побрзо се ослободат булси од него тоа подобро за нив.
Филаделфија – Босотн 103 – 113
Босотн остануваат број еден во НБА и после ова гостување, иако до полувреме нешто не штимаше во Бостон.
Четврта победа по ред на Селтикси после поразот од Кливленд. Немаат пораз дома сеуште. Заедно со Спарси се единствените екипи без пораз дома.
Голден Стејт – Милвоки 120 – 90
Сиетл – Л.А.Клиперс 95 – 88
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS


