Sports blog

Многу лични рекорди во Далас

Далас – Јута   127 – 119

Одличната натпревар во Далас. Натпревар во кој за поен повеќе се натпреваруваа Џош Хауард и Дерон Вилијамс. На крај и двајцата имаа carier-high. Победи Џош Хауард со 47-41. Тоа беше и доволно за победа на Маверикс. И двете екипи имаа над 50% шут од поле. Далас 59.7%, а Јута 60.5%.

Критична за Далас беше серијата што ја направија од 11-2 за на 1мин 10сек до крај да поведат со недостижни за Јута 123-113.

Dalas vs Utah.jpg

Кај Далас целата прва петорка беше со двоцифрен учинок. Џош Хауард 47п 10с, Ерик Дампие со season-high 21п, Тери 19п, Новитцки 16п, Херис 10п и carier-high 12ас и Стекхаус 10п. Кај Јута Дерон Вилијамс 41п, Бузер 24п, Харпринг 11п и Kириленко и Окур по 10п.

Минесота – Феникс   100 – 93

Најголемото изненадување на вечерта. Изгледа дека врската на Јариќ со Адријана Лима влијае позитивно на целата екипа не само на него. После победата над Њу Орлеанс ова е втор пат шо го зимаат скалпот на топ 5 екипа на западот.

Ал Џеферсон имаше carier-high од 32п 20с, Јариќ 19п и Крег Смит 16п кај Минесота. Кај Феникс Мерион 18п, Барбоса 17п, Стадемаер 16п и Неш 14п 15ас. Лошиот шут на Неш и Бел може да се рече дека е пресудно за поразот. Имаа 7-25.

Досега на сите натпревари на кој Феникс постигнал помалку од 100п, изгубил. Тоа се случило 4 пати сезонава.

Денвер – Сакременто   101-97

Критична за Сакременто беше серијата 10-0 што Денвер ја направи кон средината на последната четвртина кога Денвер поведе со 94-86. Сепак Гарсија имаше шут за победа, но промаши тројка на 1.9сек до крај.

Кај Денвер Ајверсон 23п 10ас, Кенион Мартин 20п 12с 5блокади, Ентони Картер 17п и Кармело 14п. Кај Сакременто Селмонс 25п, Бено Удрих 24п и Франциско Гарсија 21п.

Чикаго – Бостон   81 – 92

Катастрофалниот шут на Чикаго причина за овој пораз. Имаа 36%. А особено нивното главно дуо Денг-Гордон 11-37 шут од поле. Мислам дека проблемот кај овие двајца е тоа што шутираат од неизградени позиции т.е преку човек, барем од тоа што можев да го видам од петочниот натпревар со Детроит.

Кај Бостон Пирс имаше слаба партија 1-8 од поле, но сите останати имаа над 50% шут. Реј Ален заврши со 21п, Раџон Рондо 18п и Гарнет 16п. Кај Чикаго Носиони 18п, Хајнрих 16п, Гордон 13п и Денг 15п.

Њу Јорк – Филаделфија   77 – 105

Првата петорка на Њу Јорк имаше катастрофални 25п. Незнам колку е рекордот за најмалку постигнати поени од првата петорка на еден натпревар, но ова може да  биде меѓу топ 5.

Атланта – Мемфис   88 – 76

Шарлот – Кливленд   96 – 93

Лери Хјуз се врати кај Кливленд. Се очекуваше и ЛеБрон да се врати, но тоа не се случи.

Многу интересна завршница имаше овој натпревар. Во последната минута се постигнаа дури 26п. Критично беше промашувањето на Дени Гибсон на првото слободно на 6 сек до крај, со кое Кливленд ќе изедначеше на 92-92.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Данкан во out, но до кога!?!

Денвер – Мајами   115 – 89

И пак катастрофа на Мајами. Друго не коментирам. Само да кажам дека во сезоната кога Вејд беше руки Мајами се стартуваа со 4-12, а на крај се пласираа во плеј-оф со 42-40. Инаку Денвер уште во прва четвртина направи 20п разлика и после си ја одржаваше. Дури во последна четвртина си ги пуштиле резервите да видат дали можат да задржат 32п разлика.
Кенион Мартин имаше season-high од 20п, Кармело 30п, Ајверсон 20п и Кемби 7п 21с. Кај Мајами не знам кој да го кажам Вејд со 13п(лудница) и Шек 6п(не е нормален). Добро и двајцата одиграле по 20мин, зошто имале проблеми со личните, ама не се нормални кои цифри, секоја чест. Џејсон Вилијамс се повредил во трета четвртина.

Л.А.Лејкерс – Орландо   97 – 104

Клучна за Орландо беше серијата од 9-0 со која Орландо од 93-91 за Лејкерси го сврте резултатот на 100-93 на 1мин 44сек до крај на натпреварот. Во тие моменти Коби и Одом направија по една грешка која беше казнета од Орландо.
Кај Орландо Луис 18п, Хауард 17п 8с, Туркоглу 14п 10с 7ас, Богенс и Дулинг 14п. Кај Лејкерси Коби 28п, Одом 19п 17с и Бајнум 10п, но и 7блокади. Одиграл одлична одбрана против Двајт Хауард.

За Орландо ова беше 10та победа на гости во 12от натпревар.

Њу Јорк – Феникс   104 – 115

Серијата од 11-0 на почетокот на четврта четвртина беше клучниот момент за поразот на Никси. Во таа серија Грент Хил учествуваше со 9п. Никси во последната четвртина влегоа со -1, но после оваа серија не успеа да се вратат во натпреварот.
Грент Хил ја одигра најдобрата партија сезонава и највероватно најдобрата после опоравувањето од повредата. Постигна 28п 8с 7ас. Стадемаер имаше 28п 12с, Мерион и Барбоса по 15п, Бел 12п и Неш 9п 15ас.
Кај Никси Рендолф 19п 10с, Еди Кури 21п, Марбери 21п и Ричардсон 15п.

Бостон – Кливленд   80 – 70

Утакмица која не беше некоја уметност” ќе изјави по натпреварот Док Риверс. Фактот што Гарнет заврши со 9п, Пирс со 7п покажува дека треба да му се верува на Риверс. Ален беше најпрецизен на натпреварот со 20п.
ЛеБрон не играше на овој натпревар се уште го боли прстот. Но највероватно на наредната или понаредната ќе се врати.

Сан Антонио – Портланд   100 – 79

Данкан си го повреди десното колено во втората четвртина.

Duncan.jpg

Иако се очекуваше поврдата да биде од посериозен карактер сепак првичните претпоставки не беа точни и Данкан ќе го нема минимум неколку натпревари.
Сепак и без Данкан Спарси ги растурија Портланд. Паркер заврши со 27п 8ас, Бери 17п и Џинобили 11п.
Детроит – Њу Џерси   118 – 95
Сиетл – Голден Стејт   96 – 109
Шеста последователна победа на Воините.
Кевин Дурант 6п (2-12), Џеф Грин 13п 8с.
Л.А.Клиперс – Индијана   95 – 101
Крис Кејман 22п 22с за Клиперси.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Мајами Катастрофа!!!

Мајами – Бостон   85 – 95

Мајами почнаа веќе да личат на Њу Јорк. А тоа е лошо, многу лошо. А уште полошо е што личат на Њу Јорк пред 3-4 год. Да личеа на сегашниве ќе се превземеше нешто одма. Личат пошто имаат екипа, а немаат резултати. Едноставно играат за да играат. Без срце, мотив, никаква желба за победа, без тренер. Рајли бил голем МОТИВАТОР ? Ја не гледам ни М од мотивација кај Вејд и Шек. Ни па мотивација кај Рајли. Како може двете ѕвезди да имаат шутнато 10 пати за 3 четвртини. Последната не ја рачунам пошто Бостон играше со втора постава, бидејќи во трета водеше и со 28п разлика. Епа неможе тоа, се знае Вејд е ЅВЕЗДА, топката мора да помине низ него кога се во напад и он да реши дали да ја подаде или да шутне. Офанзива имаат катастрофална, играат без некоја смисла. Наместо сите да играат за Вејд и Шек, ситуацијата е обратна. И тоа е убаво, но кога ќе ја извадат на тројка нема кој да шутне. Немаат тројкаш во екипата. Капоно им фали мнооооооогу. Најголемата глупост им беше тоа и исто откажувањето од Поуси.
Вејд беше катастрофа невидена. Ја Вејд го немам гледано волку слаб. Се шо подаде, подаде у публика. Кај му е шутот на човекот ? Страшен шут имаше, а сега…  Па слободно неможе да погоди?!?
Единствен за издвојување од Мајами е Морнинг. Треба пример да им биде да сите таму.  Каков тајминг има за банани секоја чест, се бори за секоја топка, се буни кај судии има желба за победа, ама само кај него и кај Халсем.

shaq and Wade.jpg

А дуо-трио фантастико повторно незапирливи. Тоа не важи за Ален пошто не му одеше шутот. Пол Пирс беше незадржлив. До 6мин од трета четвртина имаше 5-5 за три. На крај Пирс 27п, Гарнет 23п 9с и Ален 17п.

Кај Мајами Џеј Вилијамс 22п, Хаслем 18п 10с и Шек 13п 11с. Вејд заврши со 10п (2-11).

Далас – Портланд   91 – 80

Додека ги гледав Мајами ѕиркав и кај Далас. Морам да кажам дека Дирк не е истиот како порано. Си ја научил лекцијата човекот. Не се форсирај во регуларен дел, чувај се за плеј-оф. Само пофални зборови за ЛаМаркус Алдриџ. Малку на маса да стави и ќе биде ѕвер. Нешто као Стадемаер, ама ќе треба да се потруди малку повеќе.

Торонто – Кливленд   91 – 82

ЛеБрон не играше за Кливленд. Крис Бош за Торонто. Ти-Џеј Форд се врати за Торонто после 10дена пауза. Стартуваше од клупата. Неиграњето на  главните ѕвезди го искористија Барњани 26п и Делфино 24п кај Торонто и Дени Гибсон 24п и Гуден 15п 14с кај Кливленд.

Јута – Л.А.Лејкерс   120 – 99

Одлична партија на Дерон Вилијамс кој постигна 35п. Трипл-дабл за Кириленко 20п 11с 11ас. Победата има посебен шмек ако се знае дека за Џезерите поради повреди не се појавија Окур и Бузер.
Кај Лејкерси Коби 28п и Фармер 21п. Одом продолжува со топло-ладно игрите. Но не ја добива потребната минутажа во екипата. Се форсираат помладите.

Атланта – Њу Орлеанс   86 – 92

Филаделфија – Вашингтон   85 – 84

Рукито Ник Јанг промаши тројка во последната секунда за да му донесе победа на Вашингтон.

Феникс – Орландо   110 – 106

Рашард Луис промаши тројка на 6сек пред крај при резултат 108-106. Мерион ги погоди и двете слободни за конечни 110-106.
Кај Феникс 6 играчи имаа двоцифрен учинок. Неш 15п 14ас, Бел 20п, Стадемаер 19п 10с, Мерион 17п, Барбоса 17п и Грент Хил 15п.
Двајт Хауард продолжува со одличните партии за Магичните. Заврши со 30п 23с, но и со 8из топки. Туркоглу повторно одигра солидно 25п 8с 6ас. Но слабо функционираа бековите на Орландо.

Денвер – Л.А.Клиперс   123 – 107

Минесота – Сан Антонио   91 – 106

Сиетл – Индијана   95 – 93

carier-high за Кевин Дурант од 35п

Њу Јорк – Милвоки   91 – 88

Никси се вратија меѓу живите после поразот од Бостон со 45п разлика пред два дена. Но почетокот не се навестуваше такво нешто, Никси при крај на трета четвртина губеа и со 17п разлика 71 – 54. Но одличната партија на Крафорд во второто полувреме 21п. Го погоди и винерот на 28сек до крај за Никси да поведат со 89-88. Ред промаши тројка на 7 сек до крај за Милвоки да поведе.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.