Sports blog

Ауф, мауф, Мајами се запалија

Феникс – Мајами   113 – 117

Мајами прв пат врзаа две победи по ред и тоа две победи по ред на гостински терен. Со право можам да речам дека ФЛЕШ(Вејд) е пак истиот. Ги погодува истите шутеви, ги прави истите влезови и сега погодува слободни за разлика од претходно. Вејд постигна 16п во првата четвртина која Мајами ја доби со 40-29. Предноста Мајами ја одржаваше до крајот на натпреварот. Феникс се закани на крајот, слично како на првиот нивни дуел сезонава со серија од 5 тројки се доближија на -3, но за разлика од тогаш Мајами сега погодуваше и не правеше грешки. Сепак на крај Мајами заслужено победи. Ова им беше прва победа на Мајами против Феникс во последните три години.

Wade vs Phx.jpg

Кај Мајами најефикасен беше Вејд со 31п, Хаслем имаше 21п 12с, Шекиле 18п 11с, Врајт 16п и Квин и Рики Дејвис по 12п. Очигледно Мајами без Џеј Вилијамс подобро функционира. Не играше на последните два натпревара. Кај Феникс Стадемаер, Хил, Мерион и Бел по 19п, Брајан Скинер 13п, Неш 11п 14ас и Барбоса 11п. Повторно слаб шут имаше Неш 4-13, а Барбоса имаше 4-17. Неш до 4мин пред крај имаше постигнато само 3п.

Њу Јорк – Далас   89 – 99

Новитцкито отиде до season-high учинок од 36п, што беше повеќе од доволно за да ги совладаат Никси кои никако да заиграат како што треба иако имаат одлични кошаркари. Во составот го немаа Марбери кој се уште психички се опоравува после смртта на неговиот татко, но тоа не треба да биде причина за поразот бидејќи Фред Џонс имаше солидна партија како негова замена на теренот.

Кај Далас Новитцки 36п, Џош Хауард 22п и Стекхаус 13п. Кај Њу Јорк Рендолф 24п 11с, Крафорд 19п и Фред Џонс 16п.

Ајзеа Томас треба да превземе нешто во врска со тимот како на пример да го врати Крафорд на клупа или Кари да стартува од клупа, бидејќи вака премногу топки си трошат. Рендолф и Кари имаа одлични сезони лани и двајцата беа доволни за победи на своите екипи, а сега кога се заедно не ги бива тоа сепак е грешка на тренерот не на играчите.

Орландо – Атланта   87 – 98

Втор пораз по ред на Орландо, шо ќе каже кога Мајами тепаат Орландо губат и обратно или не. Втор пораз и тоа втор по ред на домашен и тоа од далеку послаби екипи вака табеларно гледано. Прична за поразот беа огромниот број на изгубени топки на Орландо кои имаа 19 за разлика од 9те на Атланта. Атланта сега имаат скор од 10-10 и сега се на делба од 5-7 место на истокот.

Џош Смит беше лидер со 24п 16с кај Атланта, додека кај Орландо Хауард имаше 14п 18с и Туркоглу 22п.

Сакременто – Милвоки   96 – 93

Со серија од 10-0 на стартот од последната четвртина Сакременто го анулираше водството на Милвоки и го изедначи резултатот на 76-76. Изедначено беше до крај. При 93-93 на 52сек до крај Артест положува за водство на Сакременто, Мо Вилијамс направи грешка за Милвоки кога беа во напад. Потоа Селмонс беше фаулиран и погоди само едно слободно за 96-93. Додека Ред имаше шут за продолжение, но не погоди.

Селмонс максимално ја користи повредата на Мартин и е негова одлична замена. Постигна 22п на оваа средба. Брeд Милер имаше солидна партија после подолго време 17п 10с. Кај Милвоки расположен беше само Ред со 24п.

Филаделфија – Хјустон   100 – 88

Сиксерси ги масакрираа Хјустон. Во еден момент во третата четвртина имаа и 31п водство. Кај Хјустон се повреди Ти-Мек си ја свитка десната нога(зглобот), но тоа беше моменти пред Филаделфија да направи +31.

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , | Напиши коментар

Мајами Катастрофа!!!

Мајами – Бостон   85 – 95

Мајами почнаа веќе да личат на Њу Јорк. А тоа е лошо, многу лошо. А уште полошо е што личат на Њу Јорк пред 3-4 год. Да личеа на сегашниве ќе се превземеше нешто одма. Личат пошто имаат екипа, а немаат резултати. Едноставно играат за да играат. Без срце, мотив, никаква желба за победа, без тренер. Рајли бил голем МОТИВАТОР ? Ја не гледам ни М од мотивација кај Вејд и Шек. Ни па мотивација кај Рајли. Како може двете ѕвезди да имаат шутнато 10 пати за 3 четвртини. Последната не ја рачунам пошто Бостон играше со втора постава, бидејќи во трета водеше и со 28п разлика. Епа неможе тоа, се знае Вејд е ЅВЕЗДА, топката мора да помине низ него кога се во напад и он да реши дали да ја подаде или да шутне. Офанзива имаат катастрофална, играат без некоја смисла. Наместо сите да играат за Вејд и Шек, ситуацијата е обратна. И тоа е убаво, но кога ќе ја извадат на тројка нема кој да шутне. Немаат тројкаш во екипата. Капоно им фали мнооооооогу. Најголемата глупост им беше тоа и исто откажувањето од Поуси.
Вејд беше катастрофа невидена. Ја Вејд го немам гледано волку слаб. Се шо подаде, подаде у публика. Кај му е шутот на човекот ? Страшен шут имаше, а сега…  Па слободно неможе да погоди?!?
Единствен за издвојување од Мајами е Морнинг. Треба пример да им биде да сите таму.  Каков тајминг има за банани секоја чест, се бори за секоја топка, се буни кај судии има желба за победа, ама само кај него и кај Халсем.

shaq and Wade.jpg

А дуо-трио фантастико повторно незапирливи. Тоа не важи за Ален пошто не му одеше шутот. Пол Пирс беше незадржлив. До 6мин од трета четвртина имаше 5-5 за три. На крај Пирс 27п, Гарнет 23п 9с и Ален 17п.

Кај Мајами Џеј Вилијамс 22п, Хаслем 18п 10с и Шек 13п 11с. Вејд заврши со 10п (2-11).

Далас – Портланд   91 – 80

Додека ги гледав Мајами ѕиркав и кај Далас. Морам да кажам дека Дирк не е истиот како порано. Си ја научил лекцијата човекот. Не се форсирај во регуларен дел, чувај се за плеј-оф. Само пофални зборови за ЛаМаркус Алдриџ. Малку на маса да стави и ќе биде ѕвер. Нешто као Стадемаер, ама ќе треба да се потруди малку повеќе.

Торонто – Кливленд   91 – 82

ЛеБрон не играше за Кливленд. Крис Бош за Торонто. Ти-Џеј Форд се врати за Торонто после 10дена пауза. Стартуваше од клупата. Неиграњето на  главните ѕвезди го искористија Барњани 26п и Делфино 24п кај Торонто и Дени Гибсон 24п и Гуден 15п 14с кај Кливленд.

Јута – Л.А.Лејкерс   120 – 99

Одлична партија на Дерон Вилијамс кој постигна 35п. Трипл-дабл за Кириленко 20п 11с 11ас. Победата има посебен шмек ако се знае дека за Џезерите поради повреди не се појавија Окур и Бузер.
Кај Лејкерси Коби 28п и Фармер 21п. Одом продолжува со топло-ладно игрите. Но не ја добива потребната минутажа во екипата. Се форсираат помладите.

Атланта – Њу Орлеанс   86 – 92

Филаделфија – Вашингтон   85 – 84

Рукито Ник Јанг промаши тројка во последната секунда за да му донесе победа на Вашингтон.

Феникс – Орландо   110 – 106

Рашард Луис промаши тројка на 6сек пред крај при резултат 108-106. Мерион ги погоди и двете слободни за конечни 110-106.
Кај Феникс 6 играчи имаа двоцифрен учинок. Неш 15п 14ас, Бел 20п, Стадемаер 19п 10с, Мерион 17п, Барбоса 17п и Грент Хил 15п.
Двајт Хауард продолжува со одличните партии за Магичните. Заврши со 30п 23с, но и со 8из топки. Туркоглу повторно одигра солидно 25п 8с 6ас. Но слабо функционираа бековите на Орландо.

Денвер – Л.А.Клиперс   123 – 107

Минесота – Сан Антонио   91 – 106

Сиетл – Индијана   95 – 93

carier-high за Кевин Дурант од 35п

Њу Јорк – Милвоки   91 – 88

Никси се вратија меѓу живите после поразот од Бостон со 45п разлика пред два дена. Но почетокот не се навестуваше такво нешто, Никси при крај на трета четвртина губеа и со 17п разлика 71 – 54. Но одличната партија на Крафорд во второто полувреме 21п. Го погоди и винерот на 28сек до крај за Никси да поведат со 89-88. Ред промаши тројка на 7 сек до крај за Милвоки да поведе.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , , | Напиши коментар

Ѕверот се врати, ама пак ништо

Мајами – Сиетл 95 – 104

Вејд се врати во Мајами, но пак пораз. Добро натпреварот го почна од клупата и играше само 24мин, но тоа не е оправдување за поразот на Мајами. Ова беше прва победа на Сиетл по 8порази по ред. Значи сите си лечат комплекси на Мајами. Ајде уште 2,3 натпревари ќе бидат пациенти па после ќе станат ДОКТОРИ.

hpg0708_071114_wade_08.jpg

Критична за Мајами беше очајната игра на Шек. Уште на почетокот на натпреварот направи две лични за 2мин.Во тие моменти Сиетл направи почетна серија од 11-2. Влезе Морнинг на негово место и Мајами се врати во натпреварот. Одржуваше -4 до до 3мин од втора четвртина 32-36. Потоа Шек се врати, Вејд отиде на клупа и Сиетл направија серија од 19-2. Во тие моменти Шек изгуби две топки, направи уште една лична и пак на клупа. Во првото полувреме Шек се на се одигра околу 4мин. Високата разлика Сиетл ја одржуваше до крај. Единствено се заканија Мајами со серија од 18-3 во последната четвртина на која инспиратор беше Вејд, но намалија само на 8 разлика. Најдобри кај победничката екипа беа: Вилкокс 20п 10с, Дурант 18п, но како и на секоја претходна утакмица со слаб процент и многу шутеви 6-16, Вилкинс 19п и Делонте Вест 16п. Кај Мајами Рики Дејвис 19п, Вејд во дебито имаше 15п со шут 5-9 и Морнинг 13п.
Во петок Мајами ќе играат со Бостон, па можно е таа утакмица да ја даваат на МТВ.

Бостон – Њу Џерси 91 – 69

Уште една победа на Бостон. И пак убедлива. Критична за Нетси беше крајот на трета и почетокот на четврта кога Бостон без Гарнет кој беше на клупа поради проблеми со фаули, Бостон од 58-54 отиде на 68-54. Кај Бостон имаше дури 6играчи со двоцифрен учинок: Гарнет 16п, Пирс 15п, Ален 14п, Рондо и Тони Ален 13п и Перкинс 10п. Кај Нетси Џеферсон 21п и Кид 19п и 9с. Кај Њу Џерси втор натпревар едно подруго не играше Картер кој е повреден(ништо страшно).

Хјустон – Л.А.Лејкерс 90 – 93

Интересен натпревар се одигра во Хјустон. Каде Коби и компанија успеаа да ги победат Ти-Мек, Јао и компанија. Но треба да се напомене дека Ракетите цело второ полувреме играа без Ти-Мек кој се повреди, шо уствари нема врска бидејќи со него Хјустон губеше со 15разлика. Ништо страшно за Ти-Мек ќе паузира највероватно околу една недела. Хјустон на крај имаа и шанса за продолжение. Јао намерно го промаши дополнителното слободното, топката па дојде до него му ја додаде на Алстон кој промаши тројка. Кај Лејкерси Коби иамше 30поени, Фишер 13поени. Кај Хјустон Јао 26поени и 13скока, а Бонзи Велс 21поен и 10скока.

Кливленд – Орландо 108 – 108 прод 116 – 117

Одличен натпревар се одигра во Кливленд, каде ЛеБрон оствари импресивен трипл-дабл, но сепак недоволен за победа. Прво беше интересно во регуларниот дел каде и двата тима можеа да победат. При резултат 107-105 за Орландо на 17сек до крај Кеит Богинс ги промашува и двете слободни. Потоа на 5сек до крај Павловиќ промашува тројка, Илгаускас не успева да погоди од одбојка. Лична врз Двајт Хауард. Кој погодува само едно слободно за 108-105. И на крај глупост на Туркоглу(според судиите) лична врз ЛеБрон и три слободни за Кралот. Ги погодува сите и ПРОДОЛЖЕНИЕ. Но сепак на крајот од продолжението при 117-116 за Орландо, Туркоглу се вади за глупоста предтоа и изигрува одлична одбрана против ЛеБрон за 5 победа на Орландо на гости. Магичните немаат пораз на гости оваа сезона. Кај Орландо Двајт Хауард 35п 16с, Нелсон 21п 11ас и Луис 20п. Кај Кливленд ЛеБрон 39п 13с 14ас, Гуден 23п, Илгаускас 18п 11с, Гибсон 16п, а Лери Хјуз само 4п.

Торонто – Јута 88 – 92

Бузер 23п 14с, Дерон Вилијамс 22п, Кириленко 8п 9с 11ас (Јута)

Ентони Паркер 19п,Џамирио Мун 15п, Бош 14п, Ти-Џеј 14п (Торонто)

Барњани имаше 2п со шут 1-11.Рукито Мун имаше carier-high. Втор пат беше стартер.

Вашингтон – Индијана 103 – 90

Аренас 30п 11ас, Батлер 25п, Хејвуд 16п 11с (Вашингтон)

Маркиз Даниелс 19п, Џермејн 17п, Тинсли 15п (Индијана)

Атланта – Шарлот 117 – 109

Џо Џонсон 35п 10ас, Џош Чилдрес 23п, Марвин Вилијамс 19п (Атланта)

Џеј-Рич 27п, Џералд Волис 27п, Фелтон 16п (Шарлот)

Милвоки – Мемфис 102 – 99

Ред 31п, Богут 23п, Дезмонд Мејсон 15п, Мо Вилијамс 10п 12ас (Милвоки)

Руди Геј 26п, Гасол 16п, Мајк Милер 17п (Мемфис)

Гасол промаши тројка за продолжение во последна секунда.

Њу Орлеанс – Филаделфија 95 -78

Морис Питерсон 27п, Давид Вест 16п, Крис Пол 13п 10ас Чендлер 14п 10с (Њу Орлеанс)

Воли Грин 20п, Андре Милер 17п, Даламбер 13п 13с Игуладала 5п(2-15) (Филаделфија)

Минесота – Сакременто 108 – 103

Рашард МекКентс 33п, Ал Џеферсон 23п, Вокер 19п (Минесота)

Кевин Мартин 21п, Бено Удрих 17п, Артест 17п, Бред Милер 17п (Сакременто)

Прва победа за Минесота. Кај Сакременто се врати Артест по суспензијата.

Денвер – Портланд 110 – 93

Кармело 25п, Ајверсон 20п, Кенион Мартин 14п (Денвер)

Алдриџ 15п 9с, Џек 13п, Вебстер 12п, Аутлоу 12п (Портланд)

Л.А.Клиперс – Њу Јорк 84 – 81

Кејман 14п 18с, Магети 13п, Кесел 13п (Клиперс)

Кури 16п 12с, Рендолф 16п 19с, Марбери 13п (Њу Јорк)

Марбери играше на Њу Јорк, но не беше стартер. Се врати и Зек Рендолф по две утакмици пауза.

Голден Стејт – Детроит 104 -111

Дејвис 29п 10ас, Ал Херингтон 20п, Биедринс 18п 11с (Голден Стејт)

Хамилтон 22п, Принс 22, Рашид 22п, Максиел 14п 14с, Билапс 15п 12ас (Детроит)

Голден Стејт се единствени без победа во цела НБА. Ова не беше очекувано. Имаат 0-6.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.