Берон Дејвис ги реши Лејкерс
Далас – Њу Орлеанс 89 – 80
Натпревар во кој и двете екипи изиграа солидно во одбраната. Морам да ги пофалам Далас особено во првото полувреме кога одиграа фантастично во одбрана. Самиот податок шо во прва четвртина Хорнетси погодија 5-25 шута говори за добрата одбрана на Далас. Далас одлично се движеше, превземаше во одбраната. Крис Пол едноставно беше отсечен од своите соиграчи. Во тие моменти Чендлер собра неколку отпадоци под кошот на Далас и поентираше за да не биде катстрофа на Њу Орлеанс. Сепак Њу Орлеанс при крај на втора искористи неколку грешки на Далас и се доближи на -8 на полувреме. На стартот на трета четвртина Њу Орлеанс заигра подобро за кон средината на трета Стојаковиќ да постигне две тројки по ред и Њу Орлеанс да поведе за прв пат на натпреварот 52-51. После тоа Тери постигна две тројки за Далас и им го врати моралот на соиграчите и од тој момент Далас не го испушти водството.
Кај Далас Тери имаше добар натпревар 25п, Џош Хауард 15п 10с и Стекхаус 16п. Новитцки беше слаб т.е Вест одигра одлична одбрана против него, но сепак имаше неколку одлични асистенции. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 22п, но не беше тој вистинскиот Пол премногу себичеше незнам шо му беше, Чендлер солиден 15п 11с и Стојаковиќ 10п.
Голден Стејт – Л.А.Лејкерс 108 -106
Берон Дејвис сам против сите. Беше 103-98 за Лејкерси на 2мин 38сек до крај. Тогаш Дејвис погодува тројка за 103-101. Лејкерси промашуваат, Џексон во контра, Дејвис го гледа асистенција и Џексон погодува 103-103. Биедринс погодува после тоа за 104-105 за Вориорс. И клучниот момент на 16сек пред крај, истекуваше нападот на Вориорс Дејвис убаво го испилотира Фишер и некако и од свртување ја запали мрежичката на Лејкерси и со тројка и ги уништи надежите на Лејкерси.

Сепак Одом на крај погоди и имаше дополнително кое го промаши топката дојде пак кај него, но Монта Елис му ја украде топката и крај.
Ова беше крај на серијата од 9 победи по ред на Лејкерси над Голден Стејт.
Кај Голден Стејт Берон Дејвис 22п, Ал Херингтон 22п, Џексон 20п, Монта Елис 19п и Биедринс 10п 11с. Кај Лејкерси Коби 21п, Одом 18п 15с, Бајнум 17п 16с и Фишер 16п.
Портланд – Јута 99 – 91
6та победа по ред на Портланд. Брендон Рој 29п и Тевис Аутлоу 21п најзаслужни за победата на Портланд. Кај Портланд се уште го нема Алдриџ, а кај Јута Окур.
Њу Џерси – Кливленд 105 – 97
Винс Картер го одигра најдобриот натпревар сезонава и беше доволен за победа на Нетси. Картер постигна 32п, Џеферсон 24п. Кај Кливленд ЛеБрон 29п и Илагаускас 21п 12с, ништо од одличното на Лери Хјуз од претходната утакмица.
Шарлот – Орландо 87 – 103
Двајт Хауард во победничко издание со 33п и 18с. Прекин на серијата од три порази по ред.
Бостон – Милвоки 104 – 82
Пол Пирс 32п, Рондо 17п 8ас и Гарнет 15п.
Индијана – Торонто 93 – 104
Капоно од клупата постигна рекордни за него во кариерата 29п. Капоно постигна 17п во последната четвртина која беше и решавачка за победата на Торонто бидејќи Торонто ја доби со 35-18. Индијана пред тоа имаше и +17п разлика во третата четвртина, но Рапторси се вратија. Бош додаде 22п 16с и Калдерон 18п и рекордни за него 16ас.
Чикаго – Њу Јорк 101 – 96
Детроит – Атланта 91 – 81
Филаделфија – Сакременто 99 – 109
Бред Милер 25п 10с, Мајки Мур 24п и Селмонс 19п најзаслужни за победата на Сакременто.
Минесота – Сиетл 88 – 99
Кралот се врати, Кид повторно трипл-дабл
Голден Стејт – Сан Антонио 96 – 84
После лошиот старт на Вориорси(0-5), сите почнаа да ги отпишуваа, да кажуваат дека ланската елиминација на Далас биле само лоши денови на Далас, но Голден Стејт покажува дека не било така. Од кога е вратен Стивен Џексон имаат само 3 порази и 11 победи. Точно е дека за Спарси не игра Данкан, но без него ги совладаа и Далас и Јута.
За разлика од претходните 2 средби на оваа лош ден имаа Џинобили и Паркер, кој заедно искомбинираа 11 изгубени топки, а цеата екипа на Вориорси имаше 10. Натпреварот беше решен уште при крај на трета кога Голден Стејт поведе со 20п разлика.
Кај Голден Стејт Џексон 20п, Берон Дејвис 18п, Азубуике и Мет Барнс 16п и Биедринс 14п. Кај Спарси најдобар натпревар у кариерата имаше Мет Бонер 25п 17с, Паркер 11п и Џинобили 13п.
Кливленд – Индијана 118 – 105
Кралот се врати во составот на Кавалерси и за прв пат у кариерата стартуваше од клупата. Но еден друг податок треба да ги радува Кливленд. Тоа е одличното издание на Лери Хјуз кој постигна 36п (13-17) за 25мин. Натпреварот беше решен уште во трета четвртина кога Кливленд водеше и со +25п. Критична беше серијата на Кливленд од 14-0 кон средината на трета кога од +10 Кливленд отиде на +24.

Кај Кливленд клупата постигна 74п. Но на клупа беа Хјуз 36п и ЛеБрон 17п. Од првата постава Илгаускас 17п. Кај Индијана Данливи 23п и Џермејн О’Нил 18п.
Атланта – Торонто 88 – 100
После одличните партии на Џош Смит при кои Атланта забележи три победи по ред, Смит ја одигра најслабата партија сезонава постигна само 5п(2-11) имаше 7 изгубени топки и го напушти натпреварот поради 6 лични. На спротивната страна Ти-Џеј и Бош беа расположени.
Сепак Атланта се држеше до стартот на последната четвртина која ја започна со -1, но тогаш Репторси направија серија од 13-3 и таа разлика ја одржаваа до крај. Форд се повреди повторно на стартот на последната четвртина(ништо страшно).
Кај Торонто Ти-Џеј 26п 8ас, Бош 20п 13с и Калдерон 15п. Кај Атланта Марвин Вилијамс и Џо Џонсон по 23п.
Вашингтон – Минесота 102 – 88
Крег Смит имаше carier-high од 36п за Минесота. Крег Смит е минатогдишен руки. Беше избран како 36ти пик на драфтот од Минесота. Играше за Бостон колеџот.
Њу Џерси – Л.А.Клиперси 82 – 91
Уште еден трипл-дабл на Кид. Шести сезонава. Втор по ред.
Мемфис – Детроит 103 – 113
Одлчна партија на Билапс 28п 14ас. Хамилтон додаде уште 27п.
Чикаго – Сиетл 123 – 96
Очекувана победа за Чикаго. Сега имаат 7-12 и полека се враќаат во игра за плеј-оф. Имаше некои гласини дека една од можните дестинации на Кид е и Чикаго. Можам да кажам дека од тие опции кои беа понудени дека Чикаго со играта највеќе му одговара на Кид. И ако отиде тука оваа екипа ќе има најголем напредок со него. Во трампата не веа вклучени Городн и Денг.
Јута – Портланд 89 – 97
Иако без својот најдобар играч ЛаМаркус Алдриџ(мала повреда на стапалото) Портланд успеа да ги совлада Џезерите. Дерон имаше лошо издание па тоа треба да биде една од причините за поразот, но и одичното издание на Марсел Вебстер кој постигна carier-high 25п и беше одлична замена за Алдриџ.
Портланд има 4 победи по ред.
Нема совршени во НБА
Орландо – Бостон 104 – 102
Орландо го направи тоа шо сите во НБА ќе го сакаат, но на малкумина ќе им успее. Да се победи Бостон. “Ние не сме перфектни. Никој во тимот не мислеше дека ќе имаме скор 82-0. Ние играме цврсто, тимски и сме тим со карактер, но не сме совршени.” изјави Гарнет по натпреварот.
Сепак не беше толку тесно како што кажува резултатот, со исклучок на последните 6мин. Уште од првата секунда Орландо го превзема водството и не пушташе. Највеќе водеаа со 20п разлика на почеток на трета четвртина. Но тогаш се покажа тоа шо Гарнет го кажува горе и предноста на Орландо полека се топи, за да на 6мин пред крај на натпреварот Бостон за првпат поведе 88-87. Но повторно Орландо се враќа на +5 (99-94). Ален постигнува тројка и слободни, Нелсон погодува две слободни за во последната минута да се влезе со 101-99. Орландо ја губат топката, а Ален и Хаус промашуваат тројки за водство. Луис ги погодува двете слободни за 103-99. Ален постигнува тројка на 7сек до крај за 103-102. Луис погодува само едно слободно, а Пол Пирс во последната секунда промашува тројка(види слика) за победа на Бостон.

Кај Орландо Двајт Хауард 24п, Луис 22п, Нелсон 18п и Туркоглу 16п. Додека кај Бостон Пирс 28п, Ален 19п, Рондо 18п и Гарнет со за него скромни 14п. Причината за поразот на Бостон треба да се бара во многуте промашени удари за три. Нешто што досега им беше најсилно оружје.
Се шпекулира дека Орландо се заинтересирани да потпишат со Крис Вебер кој е слободен играч. Ова после оваа победа највероватно и ќе се случи.
Л.А.Лејкерс – Чикаго 101 – 78
Чуда се случуваат во земјата на Коби ?!?!? Коби само 18п. Цела клупа на Лејкерси постигнала поени и читајте добро дури 5 имаат двоцифрен учинок. Единствен што не постигна поени беше стартерот за Лејкерси Брајан Кук.
Критична за Чикаго беше крајот на трета и почетокот на четврта кога Лејкерси направија серија од 17-0 за да дојдат во водство од 81-60. И замислете Коби не учествувал во серијава.
Кај Лејкерси Бајнм 14п 10с, Фармер 14п 8ас, Мим и Радмановиќ 11п и Волтон 10п. Клупата на Лејкерси имаше неверојатни 72п. Кај Чикаго Гордон 20п и Носиони 14п. Треба да се напомене дека за Чикаго не играше Луол Денг поради болки во грбот.
Чуда се случуваат ама секое чудо за три дена или…
Сакременто – Детроит 105 – 95
Бено Удрих значи Бено Удрих е најзаслужен за победата на Кингси над Детроит. Играчот шо Сан Антонио го отпушија летово на најдобар можен начин го искористи неиграњето на првиот плеј Биби. Постигна 23п 6ас. Критична за Детроит беше третата четвртина кога Кралевите направија серија од 15-1 за да поведат со 69-64. Освен Удрих, Мартин 19п, Артест 16п и Бред Милер 15п. Кај Детроит по пауза од два натпревари се врати Билапс.
Торонто – Голден Стејт 100 – 106
На OBN рекоа дека ќе ја даваат и ја даваа, ама само последната минута од утакмицата. Шо се нема на светов. За Воините за првпат сезонава се појави Стивен Џексон и беше најефикасен кај Голден Стејт со 17п. Бајрон Дејвис 16п 9с 7ас меѓу кои 9п во последната четвртина која беше и решавачка за победата на Голден Стејт. Репторси влегоа со 88-80 во последната четвртина, но им откажа шутот за три. Имаа девет промашени тројки и тоа повеќето беа од чисти ситуации. Ти-Џеј Форд не постигна ниту еден поен во последната четвртина иако до тогаш имаше 29п.
Торонто никако да ја најдат вистинската петорка. Мичел секоја утакмица некој ротира клупа-стартер, стартер-клупа. Бош се мачи. Не е на ниво од претходните години. Ја нема константноста. Една ќе отиде над 20п наредната околу 10п. Тоа за еден all-star играч е недопустливо.
Ноќеска играат:
01:00 Шарлот – Портланд
02:00 Мемфис – Сиетл
02:00 Њу Орлеанс – Орландо (2)
))
03:00 Јута – Њу Џерси (1) со хендикеп
))
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS