Sports blog

Берон Дејвис ги реши Лејкерс

Далас – Њу Орлеанс   89 – 80

Натпревар во кој и двете екипи изиграа солидно во одбраната. Морам да ги пофалам Далас особено во првото полувреме кога одиграа фантастично во одбрана. Самиот податок шо во прва четвртина Хорнетси погодија 5-25 шута говори за добрата одбрана на Далас. Далас одлично се движеше, превземаше во одбраната. Крис Пол едноставно беше отсечен од своите соиграчи. Во тие моменти Чендлер собра неколку отпадоци под кошот на Далас и поентираше за да не биде катстрофа на Њу Орлеанс. Сепак Њу Орлеанс при крај на втора искористи неколку грешки на Далас и се  доближи на -8 на полувреме. На стартот на трета четвртина Њу Орлеанс заигра подобро за кон средината на трета Стојаковиќ да постигне две тројки по ред и Њу Орлеанс да поведе за прв пат на натпреварот 52-51. После тоа Тери постигна две тројки за Далас и им го врати моралот на соиграчите и од тој момент Далас не го испушти водството.

Кај Далас Тери имаше добар натпревар 25п, Џош Хауард 15п 10с и Стекхаус 16п. Новитцки беше слаб т.е Вест одигра одлична одбрана против него, но сепак имаше неколку одлични асистенции. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 22п, но не беше тој вистинскиот Пол премногу себичеше незнам шо му беше, Чендлер солиден 15п 11с и Стојаковиќ 10п.

Голден Стејт – Л.А.Лејкерс   108 -106

Берон Дејвис сам против сите. Беше 103-98 за Лејкерси на 2мин 38сек до крај. Тогаш Дејвис погодува тројка за 103-101. Лејкерси промашуваат, Џексон во контра, Дејвис го гледа асистенција и Џексон погодува 103-103. Биедринс погодува после тоа за 104-105 за Вориорс. И клучниот момент на 16сек пред крај, истекуваше нападот на Вориорс Дејвис убаво го испилотира Фишер и некако и од свртување ја запали мрежичката на Лејкерси и со тројка и ги уништи надежите на Лејкерси.

Davies.jpg

Сепак Одом на крај погоди и имаше дополнително кое го промаши топката дојде пак кај него, но Монта Елис му ја украде топката и крај.
Ова беше крај на серијата од 9 победи по ред на Лејкерси над Голден Стејт.

Кај Голден Стејт Берон Дејвис 22п, Ал Херингтон 22п, Џексон 20п, Монта Елис 19п и Биедринс 10п 11с. Кај Лејкерси  Коби 21п,  Одом 18п 15с, Бајнум 17п 16с и Фишер 16п.

Портланд – Јута   99 – 91

6та победа по ред на Портланд. Брендон Рој 29п и Тевис Аутлоу 21п најзаслужни за победата на Портланд. Кај Портланд се уште го нема Алдриџ, а кај Јута Окур.

Њу Џерси – Кливленд   105 – 97

Винс Картер го одигра најдобриот натпревар сезонава и беше доволен за победа на Нетси. Картер постигна 32п, Џеферсон 24п. Кај Кливленд ЛеБрон 29п и Илагаускас 21п 12с, ништо од одличното на Лери Хјуз од претходната утакмица.

Шарлот – Орландо   87 – 103

Двајт Хауард во победничко издание со 33п и 18с. Прекин на серијата од три порази по ред.

Бостон – Милвоки   104 – 82

Пол Пирс 32п, Рондо 17п 8ас и Гарнет 15п.

Индијана – Торонто   93 – 104

Капоно од клупата постигна рекордни за него во кариерата 29п. Капоно постигна 17п во последната четвртина која беше и решавачка за победата на Торонто бидејќи Торонто ја доби со 35-18. Индијана пред тоа имаше и +17п разлика во третата четвртина, но Рапторси се вратија.  Бош додаде 22п 16с и Калдерон 18п и рекордни за него 16ас.

Чикаго – Њу Јорк   101 – 96

Детроит – Атланта   91 – 81

Филаделфија – Сакременто   99 – 109

Бред Милер 25п 10с, Мајки Мур 24п и Селмонс 19п најзаслужни за победата на Сакременто.

Минесота – Сиетл   88 – 99

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , | Напиши коментар

Ауф, мауф, Мајами се запалија

Феникс – Мајами   113 – 117

Мајами прв пат врзаа две победи по ред и тоа две победи по ред на гостински терен. Со право можам да речам дека ФЛЕШ(Вејд) е пак истиот. Ги погодува истите шутеви, ги прави истите влезови и сега погодува слободни за разлика од претходно. Вејд постигна 16п во првата четвртина која Мајами ја доби со 40-29. Предноста Мајами ја одржаваше до крајот на натпреварот. Феникс се закани на крајот, слично како на првиот нивни дуел сезонава со серија од 5 тројки се доближија на -3, но за разлика од тогаш Мајами сега погодуваше и не правеше грешки. Сепак на крај Мајами заслужено победи. Ова им беше прва победа на Мајами против Феникс во последните три години.

Wade vs Phx.jpg

Кај Мајами најефикасен беше Вејд со 31п, Хаслем имаше 21п 12с, Шекиле 18п 11с, Врајт 16п и Квин и Рики Дејвис по 12п. Очигледно Мајами без Џеј Вилијамс подобро функционира. Не играше на последните два натпревара. Кај Феникс Стадемаер, Хил, Мерион и Бел по 19п, Брајан Скинер 13п, Неш 11п 14ас и Барбоса 11п. Повторно слаб шут имаше Неш 4-13, а Барбоса имаше 4-17. Неш до 4мин пред крај имаше постигнато само 3п.

Њу Јорк – Далас   89 – 99

Новитцкито отиде до season-high учинок од 36п, што беше повеќе од доволно за да ги совладаат Никси кои никако да заиграат како што треба иако имаат одлични кошаркари. Во составот го немаа Марбери кој се уште психички се опоравува после смртта на неговиот татко, но тоа не треба да биде причина за поразот бидејќи Фред Џонс имаше солидна партија како негова замена на теренот.

Кај Далас Новитцки 36п, Џош Хауард 22п и Стекхаус 13п. Кај Њу Јорк Рендолф 24п 11с, Крафорд 19п и Фред Џонс 16п.

Ајзеа Томас треба да превземе нешто во врска со тимот како на пример да го врати Крафорд на клупа или Кари да стартува од клупа, бидејќи вака премногу топки си трошат. Рендолф и Кари имаа одлични сезони лани и двајцата беа доволни за победи на своите екипи, а сега кога се заедно не ги бива тоа сепак е грешка на тренерот не на играчите.

Орландо – Атланта   87 – 98

Втор пораз по ред на Орландо, шо ќе каже кога Мајами тепаат Орландо губат и обратно или не. Втор пораз и тоа втор по ред на домашен и тоа од далеку послаби екипи вака табеларно гледано. Прична за поразот беа огромниот број на изгубени топки на Орландо кои имаа 19 за разлика од 9те на Атланта. Атланта сега имаат скор од 10-10 и сега се на делба од 5-7 место на истокот.

Џош Смит беше лидер со 24п 16с кај Атланта, додека кај Орландо Хауард имаше 14п 18с и Туркоглу 22п.

Сакременто – Милвоки   96 – 93

Со серија од 10-0 на стартот од последната четвртина Сакременто го анулираше водството на Милвоки и го изедначи резултатот на 76-76. Изедначено беше до крај. При 93-93 на 52сек до крај Артест положува за водство на Сакременто, Мо Вилијамс направи грешка за Милвоки кога беа во напад. Потоа Селмонс беше фаулиран и погоди само едно слободно за 96-93. Додека Ред имаше шут за продолжение, но не погоди.

Селмонс максимално ја користи повредата на Мартин и е негова одлична замена. Постигна 22п на оваа средба. Брeд Милер имаше солидна партија после подолго време 17п 10с. Кај Милвоки расположен беше само Ред со 24п.

Филаделфија – Хјустон   100 – 88

Сиксерси ги масакрираа Хјустон. Во еден момент во третата четвртина имаа и 31п водство. Кај Хјустон се повреди Ти-Мек си ја свитка десната нога(зглобот), но тоа беше моменти пред Филаделфија да направи +31.

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , | Напиши коментар

Многу лични рекорди во Далас

Далас – Јута   127 – 119

Одличната натпревар во Далас. Натпревар во кој за поен повеќе се натпреваруваа Џош Хауард и Дерон Вилијамс. На крај и двајцата имаа carier-high. Победи Џош Хауард со 47-41. Тоа беше и доволно за победа на Маверикс. И двете екипи имаа над 50% шут од поле. Далас 59.7%, а Јута 60.5%.

Критична за Далас беше серијата што ја направија од 11-2 за на 1мин 10сек до крај да поведат со недостижни за Јута 123-113.

Dalas vs Utah.jpg

Кај Далас целата прва петорка беше со двоцифрен учинок. Џош Хауард 47п 10с, Ерик Дампие со season-high 21п, Тери 19п, Новитцки 16п, Херис 10п и carier-high 12ас и Стекхаус 10п. Кај Јута Дерон Вилијамс 41п, Бузер 24п, Харпринг 11п и Kириленко и Окур по 10п.

Минесота – Феникс   100 – 93

Најголемото изненадување на вечерта. Изгледа дека врската на Јариќ со Адријана Лима влијае позитивно на целата екипа не само на него. После победата над Њу Орлеанс ова е втор пат шо го зимаат скалпот на топ 5 екипа на западот.

Ал Џеферсон имаше carier-high од 32п 20с, Јариќ 19п и Крег Смит 16п кај Минесота. Кај Феникс Мерион 18п, Барбоса 17п, Стадемаер 16п и Неш 14п 15ас. Лошиот шут на Неш и Бел може да се рече дека е пресудно за поразот. Имаа 7-25.

Досега на сите натпревари на кој Феникс постигнал помалку од 100п, изгубил. Тоа се случило 4 пати сезонава.

Денвер – Сакременто   101-97

Критична за Сакременто беше серијата 10-0 што Денвер ја направи кон средината на последната четвртина кога Денвер поведе со 94-86. Сепак Гарсија имаше шут за победа, но промаши тројка на 1.9сек до крај.

Кај Денвер Ајверсон 23п 10ас, Кенион Мартин 20п 12с 5блокади, Ентони Картер 17п и Кармело 14п. Кај Сакременто Селмонс 25п, Бено Удрих 24п и Франциско Гарсија 21п.

Чикаго – Бостон   81 – 92

Катастрофалниот шут на Чикаго причина за овој пораз. Имаа 36%. А особено нивното главно дуо Денг-Гордон 11-37 шут од поле. Мислам дека проблемот кај овие двајца е тоа што шутираат од неизградени позиции т.е преку човек, барем од тоа што можев да го видам од петочниот натпревар со Детроит.

Кај Бостон Пирс имаше слаба партија 1-8 од поле, но сите останати имаа над 50% шут. Реј Ален заврши со 21п, Раџон Рондо 18п и Гарнет 16п. Кај Чикаго Носиони 18п, Хајнрих 16п, Гордон 13п и Денг 15п.

Њу Јорк – Филаделфија   77 – 105

Првата петорка на Њу Јорк имаше катастрофални 25п. Незнам колку е рекордот за најмалку постигнати поени од првата петорка на еден натпревар, но ова може да  биде меѓу топ 5.

Атланта – Мемфис   88 – 76

Шарлот – Кливленд   96 – 93

Лери Хјуз се врати кај Кливленд. Се очекуваше и ЛеБрон да се врати, но тоа не се случи.

Многу интересна завршница имаше овој натпревар. Во последната минута се постигнаа дури 26п. Критично беше промашувањето на Дени Гибсон на првото слободно на 6 сек до крај, со кое Кливленд ќе изедначеше на 92-92.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.