Sports blog

Ноќ на домаќините

Само Сиетл славеше на гостински терен, на сите други 10 средби домаќините беа подобри.

Торонто – Далас   92 – 76

Веќе нормално ми стана Далас да губат. Истото требаше да им се случи и на првиот натпревар со Торонто, но тогаш се вратија од -24 и го добија тој натпревар. Истото го имаа и на овој натпревар губеа со 22п во четврта четвртина, но премногу ќе беше ако успееа да се вратат. Инаку разликата помеѓу овие две екипи беше клупата. Додека играа резервистите на Торонто кон средина на втора четвртина водеа со 12п разлика, после кога пак влегоа кон крајот на трета стигнаа до +22. Резервистите на Торонто постигнаа 43п наспроти 18п на Далас.

Кај Торонто Крис Хампрејс имаше 16п 12с, Бош 17п, Калдерон 12п и Нестеровиќ и Капоно по 10п. Кај Далас Тери 21п, Џош Хауард 19п и Новитцки 13п.

Поради стомачен вирус за Далас не играше Херис.

Денвер – Њу Орлеанс   105 – 99

Одличното издание на Кармело во последната четвртина беше пресудно за победата на Нагетси над  Хорнетси. Кармело постига 15п во тој период и го сврти резултатот во корист на Денвер. При 101-99 за Денвер на 38сек до крај постигна кош и го погоди дополнителното слободно што беше доволно за Денвер да впише уште една победа на своето конто 14та.

karmelo.jpg

Кај Денвер Кармело 32п(10-28) 10с, Ајверсон 22п 11ас, Кемби 14п 15с, Картер 13п и Кенион Мартин 11п. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 30п 12ас, Давид Вест 25п 16с и Расол Батлер 18п.

Стојаковиќ е повреден кај Њу Орлеанс.

Хјустон – Детроит   80 – 77

Интересна завршница во Хјустон. Хамилтон погоди тројка на 1мин 22сек до крај за да намали на 77-79. Потоа Хјустон утна два, а Детроит еден напад за да Детроит го има последниот напад на натпреварот. Прво Шид промаши тројка, па Принс имаше офанзивен па му ја даде на Билапс и овој промаши тројка која највероватно ќе значеше и победа.

Инаку Хјустон се изнапромашија слободни. Промашија 16 од 22 слободни. Или како што ќе рече Флип Сандерс у шала “најдобро се браневме на линијата за слободни”.

lubov.jpg

“Ooooo судија ти си љубовта на мојот живот”.(Рефер Алстон)
Вечер у соба 304. Те чекам. Ауууу

Кај Хјустон Ти-Мек 29п и Јао 21п 13с. Кај Детроит Шид 21п, Билапс 15п и Хамилтон 14п.

Феникс – Јута   103 – 98

Дерон Вилијамс ги промаши и двете слободни на 38сек до крај при 96-93 за Феникс. Потоа и дозволија Стадемаер да направи офанзивен скок, но промаши, но затоа пак Мерион беше тука и се отиде на +5 на 15сек до крај и веќе се беше решено.

Кај Феникс Неш 29п 11ас, Шон Мерион 26п 15с и  Стадемаер 18п 9с. Кај Јута Бузер 24п 13с, Милсап 20п 13с, Дерон Вилијамс 18п и Кириленко 17п.

Окур не играше кај Јута поради повреда на рамото.

Милвоки – Орландо   100 – 86

Трет пораз едно по друго на Орландо. Тоа значи дека Мајами ќе тепаат ноќеска со Вашингтон. Трет пораз на Орландо и тоа од не толку јаки екипи. Изгубија и од Ондијана и Атланта.

Мајкл Ред имаше одличен натпревар 27п 10с 9ас.

Босотн – Сакременто   90 – 78

Уште една победа на Бостон. Нема потреба да пишувам за нив. Ќе пишувам само кога ќе губат.

Можно ли е да го срушат рекордот на Чикаго од сезоната 95/96 кога имаа 72-10 ???

Индијана – Чикаго   117 – 102

Не знаев дека Чикаго го земал Тајрус Томас во трампа за ЛаМаркус Алдриџ на минатогодишниот драфт. Многу се заебале. До кога вака лесно ќе се откажуваат од квалитетни крилни центри и центри. А го чуваат Бен Волис. Човекот се растурил 0п и 6с. Ги шитнаа така и Елтон Бренд и Еди Кари.

Портланд – Голден Стејт   105 – 95

Петта победа по ред на Портланд. Тревис Аутлоу е вистинското откритие на Портланд. Во првите 10 средби Џерет Џек беше тоа освежување од клупата. Се на се Портланд се наметнува како плеј-оф конкурент ???

Њу Јорк – Сиетл   110 – 117

Кевин Дурант 30п, Џеф Грин 17п. Кај Никси Крафорд 29п и Рендолф 27п 16с. Ајзеа Томас оди си !!! Ова е катастрофа шо им се дешава на Никси. Се гледа дека е добар менаџер, бидејќи во екипата има многу квалитетни играчи, но за добар тренер треба нешто повеќе од тоа.

Шарлот – Л.А.Клиперс   108 – 103

Фелтон 26п, Окафор 25п 16с и Џералд Волис 25п.

Филаделфија – Минесота   98 – 94

Статистиката покажува Минесота победува на секоја 5та средба, па така очекувано беше да изгуби.

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , | Напиши коментар

Многу лични рекорди во Далас

Далас – Јута   127 – 119

Одличната натпревар во Далас. Натпревар во кој за поен повеќе се натпреваруваа Џош Хауард и Дерон Вилијамс. На крај и двајцата имаа carier-high. Победи Џош Хауард со 47-41. Тоа беше и доволно за победа на Маверикс. И двете екипи имаа над 50% шут од поле. Далас 59.7%, а Јута 60.5%.

Критична за Далас беше серијата што ја направија од 11-2 за на 1мин 10сек до крај да поведат со недостижни за Јута 123-113.

Dalas vs Utah.jpg

Кај Далас целата прва петорка беше со двоцифрен учинок. Џош Хауард 47п 10с, Ерик Дампие со season-high 21п, Тери 19п, Новитцки 16п, Херис 10п и carier-high 12ас и Стекхаус 10п. Кај Јута Дерон Вилијамс 41п, Бузер 24п, Харпринг 11п и Kириленко и Окур по 10п.

Минесота – Феникс   100 – 93

Најголемото изненадување на вечерта. Изгледа дека врската на Јариќ со Адријана Лима влијае позитивно на целата екипа не само на него. После победата над Њу Орлеанс ова е втор пат шо го зимаат скалпот на топ 5 екипа на западот.

Ал Џеферсон имаше carier-high од 32п 20с, Јариќ 19п и Крег Смит 16п кај Минесота. Кај Феникс Мерион 18п, Барбоса 17п, Стадемаер 16п и Неш 14п 15ас. Лошиот шут на Неш и Бел може да се рече дека е пресудно за поразот. Имаа 7-25.

Досега на сите натпревари на кој Феникс постигнал помалку од 100п, изгубил. Тоа се случило 4 пати сезонава.

Денвер – Сакременто   101-97

Критична за Сакременто беше серијата 10-0 што Денвер ја направи кон средината на последната четвртина кога Денвер поведе со 94-86. Сепак Гарсија имаше шут за победа, но промаши тројка на 1.9сек до крај.

Кај Денвер Ајверсон 23п 10ас, Кенион Мартин 20п 12с 5блокади, Ентони Картер 17п и Кармело 14п. Кај Сакременто Селмонс 25п, Бено Удрих 24п и Франциско Гарсија 21п.

Чикаго – Бостон   81 – 92

Катастрофалниот шут на Чикаго причина за овој пораз. Имаа 36%. А особено нивното главно дуо Денг-Гордон 11-37 шут од поле. Мислам дека проблемот кај овие двајца е тоа што шутираат од неизградени позиции т.е преку човек, барем од тоа што можев да го видам од петочниот натпревар со Детроит.

Кај Бостон Пирс имаше слаба партија 1-8 од поле, но сите останати имаа над 50% шут. Реј Ален заврши со 21п, Раџон Рондо 18п и Гарнет 16п. Кај Чикаго Носиони 18п, Хајнрих 16п, Гордон 13п и Денг 15п.

Њу Јорк – Филаделфија   77 – 105

Првата петорка на Њу Јорк имаше катастрофални 25п. Незнам колку е рекордот за најмалку постигнати поени од првата петорка на еден натпревар, но ова може да  биде меѓу топ 5.

Атланта – Мемфис   88 – 76

Шарлот – Кливленд   96 – 93

Лери Хјуз се врати кај Кливленд. Се очекуваше и ЛеБрон да се врати, но тоа не се случи.

Многу интересна завршница имаше овој натпревар. Во последната минута се постигнаа дури 26п. Критично беше промашувањето на Дени Гибсон на првото слободно на 6 сек до крај, со кое Кливленд ќе изедначеше на 92-92.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Џо Џонсон со звукот на сирената

Далас – Денвер 109 – 122

Ако вчера 51п на Ајверсон не му беа доволни на Денвер за да победи сега доста беа 35п на Ајверсон, но за разлика од вчера сега имаше подршка од остатокот од тимот. Последната четвртина била решавачка за победата на Денвер т.е лошиот шут на Далас (7 -21) во последната четвртина. Новитцки имаше само 2п во оваа четвртина, а во претходните постигна 30п.

А.I.jpg

Кај Денвер Ајверсон 35п 12ас, Кармело 23п, Клејза 23п и Кенион Мартин 18п. Кај Далас Новитцки имаше season-high 32п 12с, Џери Стекхаус 23п, Хауард 20п и Херис 12п. Кај Далас затаи Тери кој завр

ши само со 5п.

Портланд – Мајами 112 – 106

Зини земјо голтни ме. И Портланд се вброи во екипите кои ги совладаа Шампионите од далечната 2006 кога за Мајами играа Вејд, Вилијамс, Хаслем, Шек и Морнинг. А кој играат сега неам појма. Да не ги клонирале истиве и сеа се негде на Хаваи, а овие двојнициве играат кошарка.
Вејд за имаше солиден учинок 21п 10с 9ас, но имаше лош шут од поле 9-26. Шек по којзнае кој пат сезонава има проблеми со лични и скоро цел натпревар мина на клупа. Заврши со 8п (3-9) и (2-9) за слободни. Вејд има 65% за слободни сезонава. Па добро тренираат ли слободни вооп

што. Или да прашам поинаку имаат ли тренинзи уствари. А ќе заборавев carier-high на рукито од Мајами Кук од 20п.

Најзаслужи за победата на Портланд беа Брендон Рој 26п, Тревис Аутлоу 20п, ЛаМаркус Алдриџ 14п 10с, Џејмс Џонс 14п и Стиви Блејк 12п.

Атланта – Минесота 90 – 89

Каква завршница се одигра во Атланта. Џош Смит погоди на 7сек пред крај за водство на Атланта од 88-87. Марко Јариќ на спротивната страна многу лесно положи за на 2,2сек Минесота да се најде на прагот на победа, но со звукот на сирената Џо Џонсон им донесе победа на Атланта.

Joe Jonhson.jpg

Џош Смит имаше одлична партија за Атланта. Заврши со 28п 7с и 7блокади. Џо Џонсон 21п и Марвин Вилијамс 20п. Кај Минесота солидна партија имаше Маро Јариќ 18п 8с 9ас, Крег Смит 20п 9с и Ал Џеферсон 18п.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.