Ноќ на домаќините
Само Сиетл славеше на гостински терен, на сите други 10 средби домаќините беа подобри.
Торонто – Далас 92 – 76
Веќе нормално ми стана Далас да губат. Истото требаше да им се случи и на првиот натпревар со Торонто, но тогаш се вратија од -24 и го добија тој натпревар. Истото го имаа и на овој натпревар губеа со 22п во четврта четвртина, но премногу ќе беше ако успееа да се вратат. Инаку разликата помеѓу овие две екипи беше клупата. Додека играа резервистите на Торонто кон средина на втора четвртина водеа со 12п разлика, после кога пак влегоа кон крајот на трета стигнаа до +22. Резервистите на Торонто постигнаа 43п наспроти 18п на Далас.
Кај Торонто Крис Хампрејс имаше 16п 12с, Бош 17п, Калдерон 12п и Нестеровиќ и Капоно по 10п. Кај Далас Тери 21п, Џош Хауард 19п и Новитцки 13п.
Поради стомачен вирус за Далас не играше Херис.
Денвер – Њу Орлеанс 105 – 99
Одличното издание на Кармело во последната четвртина беше пресудно за победата на Нагетси над Хорнетси. Кармело постига 15п во тој период и го сврти резултатот во корист на Денвер. При 101-99 за Денвер на 38сек до крај постигна кош и го погоди дополнителното слободно што беше доволно за Денвер да впише уште една победа на своето конто 14та.

Кај Денвер Кармело 32п(10-28) 10с, Ајверсон 22п 11ас, Кемби 14п 15с, Картер 13п и Кенион Мартин 11п. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 30п 12ас, Давид Вест 25п 16с и Расол Батлер 18п.
Стојаковиќ е повреден кај Њу Орлеанс.
Хјустон – Детроит 80 – 77
Интересна завршница во Хјустон. Хамилтон погоди тројка на 1мин 22сек до крај за да намали на 77-79. Потоа Хјустон утна два, а Детроит еден напад за да Детроит го има последниот напад на натпреварот. Прво Шид промаши тројка, па Принс имаше офанзивен па му ја даде на Билапс и овој промаши тројка која највероватно ќе значеше и победа.
Инаку Хјустон се изнапромашија слободни. Промашија 16 од 22 слободни. Или како што ќе рече Флип Сандерс у шала “најдобро се браневме на линијата за слободни”.

“Ooooo судија ти си љубовта на мојот живот”.(Рефер Алстон)
Вечер у соба 304. Те чекам. Ауууу
Кај Хјустон Ти-Мек 29п и Јао 21п 13с. Кај Детроит Шид 21п, Билапс 15п и Хамилтон 14п.
Феникс – Јута 103 – 98
Дерон Вилијамс ги промаши и двете слободни на 38сек до крај при 96-93 за Феникс. Потоа и дозволија Стадемаер да направи офанзивен скок, но промаши, но затоа пак Мерион беше тука и се отиде на +5 на 15сек до крај и веќе се беше решено.
Кај Феникс Неш 29п 11ас, Шон Мерион 26п 15с и Стадемаер 18п 9с. Кај Јута Бузер 24п 13с, Милсап 20п 13с, Дерон Вилијамс 18п и Кириленко 17п.
Окур не играше кај Јута поради повреда на рамото.
Милвоки – Орландо 100 – 86
Трет пораз едно по друго на Орландо. Тоа значи дека Мајами ќе тепаат ноќеска со Вашингтон. Трет пораз на Орландо и тоа од не толку јаки екипи. Изгубија и од Ондијана и Атланта.
Мајкл Ред имаше одличен натпревар 27п 10с 9ас.
Босотн – Сакременто 90 – 78
Уште една победа на Бостон. Нема потреба да пишувам за нив. Ќе пишувам само кога ќе губат.
Можно ли е да го срушат рекордот на Чикаго од сезоната 95/96 кога имаа 72-10 ???
Индијана – Чикаго 117 – 102
Не знаев дека Чикаго го земал Тајрус Томас во трампа за ЛаМаркус Алдриџ на минатогодишниот драфт. Многу се заебале. До кога вака лесно ќе се откажуваат од квалитетни крилни центри и центри. А го чуваат Бен Волис. Човекот се растурил 0п и 6с. Ги шитнаа така и Елтон Бренд и Еди Кари.
Портланд – Голден Стејт 105 – 95
Петта победа по ред на Портланд. Тревис Аутлоу е вистинското откритие на Портланд. Во првите 10 средби Џерет Џек беше тоа освежување од клупата. Се на се Портланд се наметнува како плеј-оф конкурент ???
Њу Јорк – Сиетл 110 – 117
Кевин Дурант 30п, Џеф Грин 17п. Кај Никси Крафорд 29п и Рендолф 27п 16с. Ајзеа Томас оди си !!! Ова е катастрофа шо им се дешава на Никси. Се гледа дека е добар менаџер, бидејќи во екипата има многу квалитетни играчи, но за добар тренер треба нешто повеќе од тоа.
Шарлот – Л.А.Клиперс 108 – 103
Фелтон 26п, Окафор 25п 16с и Џералд Волис 25п.
Филаделфија – Минесота 98 – 94
Статистиката покажува Минесота победува на секоја 5та средба, па така очекувано беше да изгуби.
Т-Мек и Јао за перфектен старт
Хјустон – Портланд 89 – 80
Филаделфија – Њу Џерси 88 – 93
После шокантниот пораз од 37 разлика дома Нетси се враќаат на вистинска патека благодарение на трипл-дабл учинокот на Џејсон Кид. Кид имаше 16поени 14скока и 10асистенции. Тоа беше неговиот 88 трипл-дабл во кариерата. При реултат 83-80 Кид погодува 3 и тоа е клучниот момент на натпреварот, Повторно најефикасен кај Нетси бил Џеферсон со 22поени потпомогнат од Картер со 18поени. Кај Филаделфија за одбележување се 16поени на Игуладала и Корвер кој имаше 11поени и 11скока.
Вашингтон – Орландо 82 – 94
Одличните изданија на Турчинот Туркоглу продолжуваат. Тој беше најзаслужен што Орландо победи благодарение на одличната последна четвртина кога постигна 13 од 25поени. На тоа додајте уште 8 скока и 7асистенции. Визардси на почетокот на последна четвртина влегле со предност 67-64. Но слабиот шут во таа четвртина 5-25 бил решавачки за поразот. Во моментите кога се кршел резултатот Туркоглу направил серија од 9-0 за водство на Орландо од 86-77. За истакнување кај Орландо се уште и Луис со 18поени(сите во прво полувреме) и Двајт Хауард со 17поени и 15скока. Кај домаќините Керон Батлер имал 23поени и Џејмисон со 20поени. Разочарал Аренас со 10поени од кои 6 дал уште на стартот на натпреварот(првите 6 за Вашингтон).
Мемфис – Индијана 111 – 121
Втора победа по ред на Индијана. Мемфис успеа да направи серија од 11-0 за да го намали резултатот на 105-101, но следуваше серија од 6-0 на Индијана за да стасаат на недостижни +10. Најефикасни кај победничката екипа беа Мајк Данливи со 27поени, Дени Грејнџер 23поени, Џемал Тинсли 14поени и 7асистенции и Џермејн О’Нил со 13поени. Кај поразените Кајл Ловри имаше најдобар натпревар у кариера со 19поени, Гасол 18поени и 10скока и Мајк Милер со 14поени и 10скока.
Милвоки – Чикаго 78 – 72
Уште еден пораз на Чикаго(0-3). Ова беше катастрофално издание на Чикаго. Само Бен Гордон имаше двоцифрен број на поени(15). Добрата одбрана на Милвоки и многуте промашени “чисти” е причината за поразот. Според Џо Пекстон генералниот менаџер на Чикаго трампата сега за сега е исклучена, но ако продолжат со лошите игри може и да се случи Коби да дојде во Чикаго. Најзаслужни за победата кај Милвоки беа Мајкл Ред со 27поени и рукито Ји со 16поени.
Далас – Сакременто 123 – 102
Ѕвезда на вечерта бил Џеј Џеј Бареа со 25поени и шут од поле 9-11. Тој беше стартер поради повредата на Херис. Причина за победата на Далас бил инзворедно прецизниот шут. Имале 65.2 шут од поле што е феноменално(45-69). После паузата поради суспензија во тимот се врати Џош Хауард со 27поени, Новитцки заврши со 24поени. Кај гостите Кевин Мартин 28поени, Селмонс 27поени и Франциско Гарсија 23поени. Кај Сакерменто Биби е повреден, а Артест суспендиран.
Јута – Голден Стејт 133 – 110
Ова е најдобриот офанзивен натпревар на Јута во регуларен дел. Шутираа со 63.0%. Причина за оваа победа е одличното издание на Дерон Вилијамс кој средбата ја заврши со 30поени и 11асистенции. Дерон постигна 16поени во последната четвртина. После водството од 23поени во трета четвртина, Голден Стејт се вратил на 99-93 на 9мин пред крајот. Но тоа се што направиле гостите. Освен Дерон одличени биле и Окур со 28поени и Рори Бревер со 19поени. Кај гостите одлична партија имал Ал Херингтон со 38поени.
Натпревари за денеска:
19:30 Торонто – Бостон
20:30 Л.А.Клиперс – Сиетл
23:00 Њу Јорк – Минесота
23:00 Мајами – Шарлот
00:30 Детроит – Атланта
01:00 Денвер – Њу Орлеанс
01:00 Феникс – Кливленд
02:30 Л.А.Лејкерс – Јута
ЛеБрон 45п за победа
Феникс – Л.А.Лејкерс 98 – 119
Ај сега да ги видам скептиците кој викаа Коби е ваков-онаков. Одлично тимско издание на Лејкерси и тоа без својата втора ѕвезда Одом. Коби за ESPN изјави дека не се замара со трампите туку дека е 100% фокусиран на тимот и нивната игра. Колку добро одиграа Лејкерси толку слабо одигра Феникс. Им затаи шутот нивното главно оружје. И особено скоковите 54-34. Слабо издание имаше и Неш особено во организацијата. Заврши со него мизерни 3асистенции. Но сепак за тоа вина имаа останатите кој промашуваа чисти позиции. Особено мизерен беше Стадемаер кој заврши со 7поени и со само 1скок. Во право беа тие шо рекоа дека Курт Томас ќе им фали. Кај Лејкерси одлична партија од клупата пружи србинот Радмановиќ кој заврши со 19поени и шут за три 4-4. Одличен беше и Бајнм со 14поени и 13скока исто од клупа. Од првата постава Коби имаше 16поени со шут 6-15 и 11скока. Кај Феникс Неш имаше 19поени, а Барбоса 23поени, 17 беа во последната четвртина кога се беше решено.
Резултати од синоќа :
Индијана – Мајами 87 – 85
Втор едноподруго пораз на Мајами. И повторно Шек катастрофален. Со Детроит имаше 9поени, сега 8поени и дури 6изгубени топки за 32мин со шут од поле 4-13. Очекуван пораз на Мајами. Но не очекував ваков Шек. Точно е дека лаев против Шек, но не очекував до волку да биде слаб. Веќе реков додека не се врати Вејд ќе губат како Грчка. А на овој натпревар имаа шанса за победа. На 3мин до крајот беше 82-77 за Мајами, за до крај Индијана да победат со серија од 10-0. Нај ефикасен кај домаќините беше Дени Грејнџер со 25поени и 9скока. А кај Мајами читајте убаво рукито Доекван Кук со 17поени. Беше избран како 21пик на драфтот од Филаделфија.
Атланта – Далас 101-94
Ова е прва победа на Атланта дома во прво коло после сезоната 1998/99. Прекината беше серијата на Далас од 4победи по ред. Уште на почеток се навести дека Далас ќе трба да се помачи за да дојде до победа. После првата четвртина Атланта водеше со 29-19. При средина на втора четвртина водеа и со 16 разлика 41-25. За на полувреме да се замине со 46-39. Да напоменам дека на 3мин пред крај на 2 четвртина се повреди Харис кој до тогаш беше најефикасен со 10поени. Сепак Далас се разбудија и за прв пат поведоа со 57-56. Новицки изигра добра трета четвртина кога постигна 11поени и пред почетокот на последната решавачка четвртина Далас водеше минимално со 69-68. На 2:30 мин до крај беше 90-90. После промашија Тери и Новицки за да Џонсон погоди за 97-92 на 11сек до крај. Кај домаќините се истакнаа Џо Џонсон со 28поени, Џо Смит со 18поени и 11скока и Марвин Вилијамс со 16поени. Треба да се нагласидобрата игра на руките Хорфорд 9поени и 10скока(беше стартер) и Асие Лав со 8поени. Кај Далас најефикасен беше Новитцки со 28поени и Тери со 20поени.
Орландо – Детроит 92 – 116
Одлична тимска партија на гостите од Детроит. Дури 6 кошаркари имаа над 10поени. Разликата на овој натпревар беше клупата. Детроит имаа 45поени од клупа, а додека Орландо само 17поени. При резултат од 48-48 на 5мин до крајот на 2 четвртина Детроит направи серија од 10-1. И после тоа разликата само се зголемуваше. Најдобри поединци кај гостите беа: резервистот Роналд Муреј со 19поени, Билапс 18поени и 7асистенции, Принс 17поени и Рашид Волис 16поени. Кај домаќините втор пат најефикасен беше Рашард Луис со 21поен, а добар беше и Двајт Хауард со дабл-дабл 16поени и 13скока.
Шарлот – Милвоки 102 – 99
Одличен натпревар комплетната прва постава на Шарлот. Рајмонд Фелтон 26поени и 12асистенции, Џејсон Ричардсон имаше 21поен, Окафор 17поени и 14скока и Џералд Волис 22поени и 10скока. Кај гостите разочара рукито Јиланлиан кој беше стартер но постигна само 2поени. Најефикасени кај Милвоки беа Мајкл Ред 21поен и Мо Вилијамс со 20поени. Клучен момент на средбата беше укарадената топка на Џеј-Рич на 27сек пред крај при водство на Шарлот од 97 – 95.
Њу Џерси – Торонто 69 – 106
Аууу. Масакар среде Њу Џерси. Торонто ќе бидат истите како лани дури и подобри. Ако на минатата средба само Гарбахоса се немаше запишано во листата на стрелци сега и тој се запиша. Причина за овој висооок пораз на Њу Џерси е катастрофалната партија на Кид кој за 25мин погоди само еднаш и средбата ја заврши со 2поени и 6асистенции. Нетси имаа и слаб шут од поле 25-68. Треба да се нагласи дека единствено Џеферсон имаше двоцифрен број на поени 27. Кај гостите треба да се споменат Барњани со 21поен, Бош 15поени и добрите плејмејкери Ти-Џеј 7асистенции и Калдерон 8асистенции.
Кливленд – Њу Јорк 110 – 106
ЛеБрон два пати по ред не греши. Ако на првата имаше 10 сега им даде 45поени со 7асистенцци на Њу Јорк. Критичен за Њу Јорк беше стартот на последната четвртина кога за 5 мин Кливленд од 80-75 за Њу Јорк направија да биде 98-90 за нив и тоа водство не го даваа до крај. Одлична подршка ЛеБрон имаше и во плејот Дени Гибсон кој постигна 24поени. Кај Њу Јорк имаше повеќе добри играчи: Џемал Крафорд 25поени, Рендолф 21поен со 14скока, Еди Кури 19поени колку што имаше и резервистот Нејт Робинсон кој се покажа одлична замена за индиспонираниот Марбери.
Во останатите натпревари:
Бостон – Вашингтон 103 – 83
Пол Пирс 28п, Гарнет 22п 20с, Реј Ален 17п, Рондо 15п(Бостон)
Аренас 21п, Батлер 18п (Вашингтон)
Чикаго – Филаделфија 85 – 96
Бен Гордон 25п, Тајрус Томас 21п 12с (Чикаго)
Андре Милер 25п, Игуладала 21п 12с(Филаделфија)
Минесота – Денвер 91-99
Ентони 33п, Ајверсон 24п 8а, Кемби 14п 21с 6б(Денвер)
Рашард Мекентс 23п, Ал Џеферсон 16п 13с(Минесота)
Њу Орлеанс – Портланд 113 – 93
Крис Пол 19п, Стојаковиќ 18п, Чендлер 10п 11с(Њу Орлеанс)
Брендон Рој 23п, Вебстер 13п(Портланд)
Сан Антонио – Сакременто 96 – 80
Данкан 15п 10с, Паркер 15п, Удока 14п(Сан Антонио)
Кевин Мартин 22п, Селмонс 14п(Сакременто)
Л.А.Клиперс – Голден Стејт 120 – 114
Кејман 26п 18с, Тим Томас 20п, Катино Мобли 21п(Л.А.Клиперс)
Азбуке 33п, Б.Дејвис 22п 11а(Голден Стејт)
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS