Чикаго постигна 111п!!!
Инзвонреден натпревар се одигра во Њу Орлеанс. На 40 сек до крај Крис Пол ги погодува и двете слободни за да намали на 100-99. Потоа Новитцки промашува тројка на 26сек до крај. Во нападот на Њу Орлеанс Пол промашува, Чендлер од одбојка промашува, скок на Новитцки и Дирк е фаулиран на 6сек до крај. Германецот ги погодува и двете слободни и Далас води со 112-109. И тогаш на 2сек до крај Предраг Стојаковиќ погодува тројка од ќошот за продолжение. Во продолжението Хорнетси беа попрецизни и дојдоа до својата 12победа и ги прескокнаа Далас на табелата.

(Дирк плаче после поразот)
Одличен натпревар кај Хорнетси имаше Крис Пол 33п 12ас 9с, потпомогнат од Стојаковиќ 22п и Чендлер 21п 13с. Кај Далас Тери, Новитцки и Џош Хауард имаа по 19п, а Стекхаус 18п.
Кингси видно мотивирани му покажаа на Рик Аделман дека и без него знаат да играат кошарка. Натпревар во кој секој играч си имаше своја четвртина. Јао во првата даде 16п и Хјустон заврши со водство од 29-26. Во третата Ти-Мек постигна 15п, а Кевин Мартин 14п, но поради подобрата тимска игра Сакременто замина со водство од 79-74. Во последна Ти-Мек повторно беше осамен кај Ракетите постигна 13п, но и таа четвртина ја добија Сакременто.
На крај Кевин Мартин заедно со Рон Артест имаа по 26п, Удрих 15п, Селмонс 13п и Бред Милер 12п. Кај Хјустон расположени беа само Ти-Мек 40п и Јао 29п 11с.
Њу Џерси – Филаделфија 83 – 83 прод 94 – 92
Милер ги погоди двете слободни фрлања на 22сек до крај за 83-83. Картер имаше шанса да им донесе победа уште во регуларниот дел на Нетси, но неговиот шут заврши во врвот на обрачот. Во продолжението клучен беше моментот кога му додудија 3сек во рекет на Даламберт на 1мин до крај. После тоа Нетси погодија и отидоа на +5.
Картер повторно не беше стартер. Постигна 24п. Џеферсон 23п и Џејсон Кид 19п 8ас. Кај Фили Игуладала 24п, Андре Милер и Корвер 14п.
Вашингтон – Торонто 101 – 97
Вашингтон после повредата на Аренас имаат позитивен скор од 5-4. Батлер и Џејмисон одлично си ја вршат својата задача. Џејмисон има просек од 25,5п, а Батлер 23,4п без Аренас.
Мемфис – Минесота 109 – 80
Милвоки – Детроит 91 – 117
Чикаго – Шарлот 111 – 95
Со оваа победа Чикаго последното место на истокот им го препуштија на Мајами. Бен Гордон и Луол Денг најпосле одлични партии. Гордон 34п, а Денг 29п. Втор пат Чикаго оди над 100п, но ова им е прв пат да победат со над 100п. 111п им се највеќе дадени сезонава. Исто така 34п и 29п се season-high и за Гордон и за Денг.
Крис Пол ги скина мрежичките
Њу Џерси – Њу Орлеанс 82 – 84
Чуден тек имаше натпреварот во Џерси. Хорнетси добро почнаа и на 5мин пред крај на втора четвртина имаа +13 (42 – 29). Во овој период Стојаковиќ имаше 12поени сите од удари за тројка(4-4). На крај и на толку заврши. Потоа во тртата четвртина на сцена стапи Џеферсон кој во таа четвртина постигна 16поени за на крај на трета Нетси да поведат со 67-65. Водството го зголемуваа до 5мин пред крај кога водеа со 79-68. Потоа Хорнетси запнаа и на 1мин пред крај намалија на 82-78. Во тие моменти Пол краде една топка уште на половината на Њу Џерси ја додава до Морис Питерсон кој погодува тројка и при тоа е фаулиран. Го погодува слободното за изедначување 82-82. Крстиќ е фаулиран од Вест на 42сек до крај. Ги промашува и двете слободни. Кид прави офанзивен скок. Повторно се оди преку Крстиќ кој пак промашува.
И сите овие промашувања ги казнува Крис Пол на 2сек до крај кога положува за победа на Хорнетси.Кај Хорнетси Крис Пол имаше 27поени 7асистенции 6скока и Чендлер со 14поени и 12скока. Кај Нетси кои играа без Винс Картер Џеферсон 32поени и Кид со 14поени 10асистенции 9скока.
Денвер – Кливленд 122 – 100
Во битката на ривалите од драфтот 2003/04 Џејмс и Ентони како победник испадна Ален Ајверсон кој на оваа средба постигна за него рекордни оваа сезона 37поени. Натпреварот беше решен на почетокот на второто полувреме кога за 6мин игра Денвер изгради виско водство од 78-51. Водството се одржуваше до крајот на натпреварот. Причина за поразот на Кливленд е одличната одбрана на Денвер врз кошаркарите на Кливленд со исклучок на ЛеБрон. ЛеБрон постигна 27поени. За истакнување е и Ира Њубл кој од клупа додаде 17поени. Илгаускас имаше 2п, Хјуз 3п, Гуден 5п и Гибсон 7п. Кај Денвер освен Ајверсон кој додаде и 8асистенции, Џеј-Ар Смит имаше 29поени, а Ентони 22поени.
Јута – Сакременто 117 – 93
Карлос Бузер 32п 10с, Кириленко 15п 8с 8ас, Рори Бревер 13п (Јута)
Селмонс 22п, Кевин Мартин 21п, Гарсија 19п (Сакременто)
Ноќеска играат:
01:00 Шарлот – Мајами (1) (+)
01:00 Орландо – Сиетл (1) (+)
01:00 Индијана – Бостон (2) (+)
02:00 Мемфис – Хјустон (2) ( – )
02:30 Далас – Филаделфија (1) (+)
02:30 Сан Антонио – Л.А.Лејкерс (1) (+)
03:00 Феникс – Њу Јорк (+) на кошеви (не знам за оваа)
04:00 Портланд – Детроит (1) со хендикеп (+)
Шампионите Сан Антонио со прв пораз
Хјустон – Сан Антонио 89 – 81
Јао Минг беше најзаслужен за победата на Хјустон над Сан Антонио. Во последната четвртина постигна 7поени и му залепи две банани на Данкан за Сан Антонио да не направи серија и Хјустон од готово да направат вересија. Критична за Сан Антонио беше втората четвртина која Спарси ја загубија со 27-13. Ова беше прв пораз на Спарси и сега имаат скор од 3-1 колку што имаат и Хјустон. Јао постигна 28поени 13скока и 6асистенции, а Бонзи Велс донираше од клупата уште 14поени и 15скока. МекГрејди немаше своја вечер 12поени со шут 4-14. Кај Сан Антонио Џинобили 23поени и Паркер 21поен. Данкан слично како МекГрејди заврши со 14поени 10скока и 5загубени топки.
Л.А.Лејкерс – Њу Орлеанс 104 – 118
Стојаковиќ беше “on fire”. Погоди 10 тројки од 13 шута. Со тоа постави рекорд на својот тим. Во Хорнетси имаше уште еден рекордер. Крис Пол направи рекордни 21асистенција. Со оваа победа Хорнетси се први во НБА со скор од 4-0. Стојаковиќ погоди три тројки по ред и за од 78-78 на крај на трета четвртина да се отиде со 89-80 за Хорнетси. После ова победата на Хорнетси не беше доведена во прашање. Стојаковиќ имаше 36поени, Пол 19поени и 21асистенција и Давид Вест 22поени. Кај Лејкерси Коби заврши со 28поени 11-20 и Туријаф имаше за него солидни 15поени.
Голден Стејт – Кливленд 104 – 108
Интересна завршница имаше средбата во Оукленд. Решавачка беше тројката на Дени Гибсон на 20сек до крај за водство на Кливленд од 106-102. Потоа Бајрон го промаши шутот за три и се беше решено. Гибсон средбата ја заврши со 22поени. Џејмс за една асистенција не направи трипл-дабл средбата ја заврши со 24поени 14скока 9асистенции. Илгаускас имаше 22поени и 13скока. Кај домаќините БајронДејвис имаше 29поени и 10асистенции и Монта Елис 22поени.
Њу Јорк – Денвер 119 – 112
Фуриозните последни 12 минути беа причината за победата на Њу Јорк. Последната четвртина ја добија со 37-20. Но сепак Денвер утнаа многу шанси на крајот. При резултат 116-112 на 22сек до крај Смит промаши тројка, Антони имаше офанзивен промаши од под кош, па имаше офанзивен и ги промаши и двете слободни. Повторно првата петорка на Никси беше одлична. Крафорд имаше 25поени и 8асистенции, Кури 24поени, Рендолф 22поени и 17скока и Марбери 21поен и 9асистенции. Кај Денвер стандарно Ајверсон 32поени и Ентони 24поени и 9асистенции.
Шарлот – Феникс 83-115
Прмногу лесна победа на Феникс. На полувреме беше 59-37. Иако се очекуваше Окафор да биде незапирлив, бидејќи за Феникс не играше Стадемаер, Окафор имаше 0поени и средбата ја заврши со само 7скока. Бидејќи се беше решено уште на полувреме, второто полувреме го играа вторите постави на двете екипи. Затоа кај Феникс имаше дури 8 играчи со двоцифрен учинок. По 16поени имаа Барбоса, Мерион и Бел, Диао имаше 15поени и 11асистенции. Кај домаќините за одбележување е партијата само на Дадли кој од клупа имаше 16поени и 11скока.
Њу Џерси – Атланта 87 – 82
Решавачкиот кош го имаше Врајт на 15сек до крај за водство на Њу Џерси од 87-82, Пред тоа Џонсон погоди тројка за 85-82. Но промаши тројка потоа за да ја направи поинтересна завршницата на натпреварот, бидејќи потоа Армстронг ги промаши и двете слободни. Повторно најдобар кај Њу Џерси беше Џеферсон со 25поени. За истакнување е и Кид со 9поени 12асистенции 9скока како и Антоан Врајтсо 15поени. Кај Атланта по 18поени имаа Чилдрес и Џош Смит.
Чикаго – Л.А.Клиперс 91 – 97
Уште еден пораз на Чикаго(0-4). Биковите се уште се немаат радувано оваа сезона. Додека пак кај Клиперси(3-0) ситуацијата е обратна се уште немаат пораз. Критична за Чикаго беше серијата од 10-0 што ја направија Клиперси во последната четвртина. Тогаш од 89-85 на 4мин при крај поведоа со 95-89 на 30сек до крај. Во оваа серија Магети и Мобли дадоа по 5поени. Тие двајца беа и најефикасни кај победничката екипа. Мобли 33поени, Магети 18поени и 10скока. Кај домаќините Луол Денг имаше 22поени, Хајнрих 18поени и Гордон 15поени, но имаа катастрофален шут 19-50.
Сакременто – Сиетл 104 – 98
Сакременто ја забележа првата победа сезонава. За тоа требаше саглам да се намачи. Кралевите успеаа да редуцираат 20поени разлика што ја имаа Соникси во втората четвртина 54-34 и накрај дури да победат. Сиетл и на 2:30 до крај имаше водство од 98-95 и имаше два шута за да го зголемат, но Дурант и Вилкинс промашија. А тоа Кингси го искористија и со завршна серија од 9-0 го добија натпреварот. Кевин Мартин имаше 31поен и Селмонс 23поени кај Сакременто. Кај Сиетл Дурант имаше 27поени, а Шчербијак од клупата погоди 32поени.
Милвоки – Торонто 112 – 85
Дезмонд Мејсон 21п, Ред 17п (Милвоки)
Диксон 20п, Хампрејс 16п (Торонто)
Минесота – Орландо 103 – 111
Ал Џеферсон 25п 10с, Бакнер 18п (Минесота)
Двајт Хауард 26п 18с, Луис 27п Аројо 18п (Орландо)
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS