Ждреб за светско
Македонија е во единствената група со 5 репрезентации. Ау, Ау.
Прилично тешка група. Не ни се паднаа Грците.
Група 9
1. Холандија
2.Шкотска
3.Норвешка
4.Македонија
5.Исланд

Панчев Предавник
Ќутев, ќутев е сега неможам веќе да ќутам више пукнав. Само го чекав моментот кога ќе тропнеш уште една глупост. И тоа ај за македонски медиум да дадеш изјава да премолчам ама да вршиш предавство и да шлапаш у Европа колку нас не не бива колку репрезентацијата и играчите се загревови, тоа не можам.
Највеќе ме боли изјавата што си ја дал за Пандев. Цитирам” Што се однесува до македонските играчи. Пандев нема конкуренција и нема со кого да се споредува. Наведете ми еден добар фудбалер што не игра во Интер, Рома или во Јувентус. Пандев се снајде одлично во таа лига и во таквиот Лацио, но прашање е дали ќе можеше пред осум години заедно со Верон, Виери, Креспо и останатите. Тој може да игра во Лацио уште 10год и да не освои ништо, но за да стане голем играч мора да прејде во голем клуб и да постигне резултат”.
Незнам дали му љубомориш на Пандев, но ако не е така треба да почнеш. Треба дури и да ти биде мило како што кажуваш во “таквиот Лацио” зошто Пандев сам успеа да го донесе Лацио во лигата на шампионите. Пандев веќе е голем играч. Детето отиде во Италија на 17години и секоја година напредуваше и сега е ѕвезда во Лацио. И да остане у Лацио и ако продолжи со овие игри може на залезот на кариера да му дигнат споменик како на Батистута во Фиренца. Кој иако ништо не освои со нив сепак го се стекна со огромна слава и поштовање од тамошние тифози. Значи дека Пандев вреди нешто и со самото тоа што јаките клубови(Ливерпул, Арсенал, Баерн,Барселона…) се тепаат кој да го доведе во своите редови. За разлика од тебе пропадат таленту кој отиде во Интер само да се прошета. Па ај не си можел да играш многу ѕвезди имало. Ете отиде во Лајпциг. Шо не направи екипа од Лајпциг??? Туку и таму не те пуштаа да играш. Ти си најлошиот трансфер и на Интер и Лајпциг у нивната историја. Треба да им се крстиш на Пикси, на Савичевиќ, Југовиќ, Просинечки кој од тебе направија играч и имаш титула златна копачка дома.
Ако толку си бил добар ќе направеше нешто и во македонската репрезентација, а не на првиот натпревар против тогашниот европски шампион Данска при наше водство и кога сите гинеа на теренот ти од неразјасниви причини досега да им помогнеш на Данците со црвен картон.
Уште тогаш ти беше криво што сите тогашни твои врсници направија свој углед во Европа или Македонија. Сите останаа во фудбалот и сега се или тренери или спортски работници, а не како тебе мафијаши кој сакаат да влезт во мак-фудбалот само за пари, оти сите твои другарчиња од младоста сега се претседатели на фудбалските сојузи во земјите од бивша Југославија, па ќе си местите утакмици за кладилница.
Знам боли најголемата “фудбалска ѕвезда” да не може да биде нешто во својата земја. Изгледа луѓето видоа шо човек си. Затоа чувај си ги кладилниците, кафулето и продавницата и не се замарај со фудбалот во својата земја и така не го сакаш. Купуј и на жена ти поени за на евровизија.
Преку глава ми е од такви патриоти како тебе.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS