Sports blog

Ждреб за светско

Македонија е во единствената група со 5 репрезентации. Ау, Ау.

Прилично тешка група. Не ни се паднаа Грците.

Група 9

1. Холандија

2.Шкотска

3.Норвешка

4.Македонија

5.Исланд

zdreb.jpg

Јули 19, 2008 Posted by | Македонски Спорт, World Cup 2010 | , , , | Напиши коментар

Зошто странец(Катанец) за селектор

Завршија квалификациите за Европското првенство во Австрија-Швајцарија и одма политички ориентираните медуми се удрија на лаење. Колку Катанец не чинел, Хаџи-Ристевски врска немал, за платата Катанец шо ја земал шо направил, УА, УА, УА. Особено Филе ме изнервира со лаењето. Демек овој настап ни бил најлош досега. А во анкетата шо ја правеше никој од испитаните не го спомна Катанец како причина за лошиот пласман. Епа Филе и овој токмакот од Канал 5 читајте шо сме направиле.

Да анализираме што направил Катанец. Значи Македонија заврши на 5то место со 14поени во група со Англија, Хрватска, Русија, Израел, Естонија и Андора. Освоивме највеќе поени досега. Точно е дека сега бевме 7 репрезентации во група, а порано сме биле по 6 или 5, но  на претходните  и ако додадеме и +6поени  на нашето бодовно салдо нема да имаме 14поени. Исклучок се  квалификациите за светско првенство 1998 кога имавме 13поени, но бевме во далеку послаба група од оваа. Бевме 6 репрезентации и фалеше една силна репрезентација за таа група биде иста со оваа.

Значи бодовно напредувавме. Да видиме дали напредувавме со играта. Ако се исклучат натпреварите со Русија, особено натпреварот дома (0 – 2) за кој мислам дека беше најлошиот под водство на Катанец и тој во гости на кој промашивме пенал при 1-0 за Русија во второто полувреме и со бевме со играч повеќе, но после тоа паднавме психички и Русите не докрајчија со 3-0, на другите натпревари не бевме лоши.

Почнувајќи од првиот со Естонија каде што Седло ни донесе победа, во да речам изедначен натпревар. Да бидеме реални среќно победивме. Но таа среќа ни избега на натпреварот со Англија дома. Натпревар на кој Македонија покажа дека може да се држи и со велесила од типот на Англија. Одигравме одлично. После натпреварот со Хрватска наш најдобар натпревар иако изгубивме со 0-1. Крауч среќно не реши. Сепак им вративме во Англија. Натпревар на кој Англичаните беа подобри имаа повеќе шанси, но шанси имавме и ние. Можевме и да ги победиме со повеќе среќа и присебност во решавачките моменти. Со Андора лесно 3-0 на гости, нешто шо не беше случај во претходните квалификации. Со Хрватите таму, мислам дека беше местена таа утакмица. Као Седло дава гол од слободен, киксира Плетикоса 0-1 за нас, Хрватите ништо не изиграа прво полувреме. Срна најавен прва постава ама не почна од старт, па коа у второ Билиќ си ја поправа грешката го става и Македонија не испадна од шеснаесетник. Плус Седло добива црвен за стартови шо никогаш пред тоа не би ги направил. Тоа е мое мислење. Со Естонците дома имавме шанси за победа ама не ги искористивме. Ама каков гол ни дадоа Естонците, секоја чест. Со Андора за Тоше пак лесно до 3-0. И со Хрватите на крај одличен натпревар за нас во нелогични услови, но сепак победа си е победа и колку на некој таа не му се свиѓала треба да се слави, бидејќи беше повеќе од заслужена. Особено што Хрватите се меѓу топ 10 во светот.

Израелците намерно ги испуштив. Грешката со ваквите репрезентации не е во тренерот туку во играчите. Секогаш натпреварите со противници кои се на нашиот рејтинг ги играме на крај. И овие натпревари се без никакво значење за нас. Но пред да почнат квалификациите после ждрепката сите ги сметаме овие натпревари за добиени. Истото се случува и со фудбалерите. Немаме добиено натпревар со ваква репрезентација досега. Почнувајќи од Литванија па Словачка, минатите квалификации Финска и овие Израел.

На пријателските натпревари ги победивме Еквадор, Турција и Албанија. Изигравме нерешено со Нигерија, а загубивме само од Бугарија во дебито на Катанец.  Значи со Катанец имаме скор 7победи 3нерешени и 7порази. Гол разлика 16-14.

Значи и во играта сме подобрени. Во пристапот кон репрезентацијата да не зборувам. Во професионалноста на играчите исто. Професионалноста на новинарите исто. Се врати публиката на репрезентативните натпревари. На сите утакмици Градски беше полн. Маркетингот значи функционираше. За првпат одкога е Катанец тренер цела Македонија не му се мешаше во изборот на играчите. Катанец си имаше околу 20тина фудбалери и нив ги форсираше. Тоа првпат се случува. Претходо имаше случаеви каде некој шо нема заиграно у својот тим и тоа у прва мак-лига да игра за репрезентација. Бандулиев не заигра за Работнички, а играше против Чешка таму, само за да на некого му се исполни желбата. Примери има и со други такви фудбалери ама овој сега ми текна.

Е сега секој тренер си има грешки, никој не е совршен. Но Катанец имаше најмалку до сега. Ме нервираше што форсираше со 3 дефанзива и со само еден крилен играч по страна. Тоа го играа Бразил ама тогаш Карлос и Кафу беа у најдобра форма. А да бидеме реални Лазаревски и Петров или Попов умираа после 60мин. А тоа беше пошто немавме среден крилен кој ќе вкрстеше со него. Поарно да го форсираше Васовски или И.Митревски на за нив неадекватна позиција, странични бекови и да игравме 4 – 4 – 2. Така мислам ќе бевме поопасни. И минусот од мене му е за незимањето на Неџипи и не пратењето на нашите фудбалери во странство и тука.

Но ако ме прашате мене “Дали Катанец пак ?” имате едно ДА. И не мора Катанец да биде некој друг странец ама да има реноме. Не дека нашиве не се стручни, но ако Македонец е тренер тогаш и сите ние сме тренери. Едноставно луѓево тука не ги ценат. А за парите, тоа си е таман. 10000е не се многу. Толку треба да зема некој селектор. Другите ги лажеле претходно. Ако вие мислите дека еден фудбалер треба да зема 200е плата и еден тренер 500е плата се лажете или ве лажат. Ако се качат платите ќе се качи рејтингот на фудбалот во Македонија. Ама кај нас се се експлоатира па и затоа сме таму кај што сме.

Од мене имате уште една можност а тоа е да се проба со два тренера еден од тактичка страна, а друг како мотиватор.

П.С. Оставете го фудбалот намира, баталете политика. Ако на некого не му се свиѓа Хаџи-Ристевски нека го реши тоа на седмица на ФФМ, а не да прави пропаганди преку телевизија(Сител и Канал 5) или друг медиум. Се додека некој ја меша политиката во фудбалот или спортот воопшто ќе немаме резултати. Ракометарките играат на светско тоа треба да ви биде ударна вест, а не мак-фудбалот во услови кога не се игра фудбал.

Јули 19, 2008 Posted by | Македонски Спорт | , , , | Напиши коментар

Медиумите и Мак-спортот

Факт е дека спортот ни е на ниско ниво или ние така мислиме дека спортот ни е на ниско ниво, зошто телевизиите не клукаат со тие информации за они да си најдат оправдување за да ги даваат појаките лиги. Три-четири натпревари од некоја странска лига секој викенд. Па кај нив нема толку преноси за време на викенд. За еден натпревар да се дава сум за. Една дерби утакмица или евентуално две. Ама да гледам натпревари од типот Болтон – Сандерленд, Бирмингем – Фулам, Реџина – Торино, Сантандер – Мурсија или некои други второстепени екипи. Вестите им се Лампард прдна у 4 саат, Руни изгуби влакно од косата, Кака пред утакмицата го посра пиле, Раул ждригна вчера и други глупости.

А за македонскиот спорт. Каква фудбалска неправда во Кратово. Ако Ѕинго биде шеф мафије секој град ќе има Силекс и Силекс ќе биде првак. Бошко Трпевски со другарчињата му експерти у пензија дискутираат како нема политика у спортот ова има или нема не не има ама никој не ја гледа освен тој и тие. ВМРО, ВМРО, ова ЅИНГО,ЅИНГО.

Уааааа за спортот во Македонија. Да биде Велија шеф мафије има да испаднат копачки со ликот на Велија и сите земјоделци ќе копаат со нив. Ето ти бизнис. Толку земјоделци пута две нозе од земјоделец пута парите од една копачка, делено на… Ах не… ВЕЛИЈА, ВЕЛИЈА!!!

Но факт е дека причината за ова се спонзорите кој незнам од кои причини парите ги вложуваат во пеачите, актерите, стилисти(шо е тоа?), манекенки а не во спортистите. Па не гледаат ли дека во спортот се вртат највеќе пари. Тоа и баба го знае. Кај нас во таконаречените ток-шоу емисии се вртат се едни исти таканаречени ѕвезди од горе споменативе бранши, а спортисти нема. Па сигурно Пандев, Стефанов, Илиевски, Седловски, Панчев, Најдовски, Канатларовски, Русевски, Митко Стојковски, Наумовски и другите не заслужуваат да бидат на ТВ??? Па сигурно имаат повеќе видено, доживеано и направено во животот од некој си Јован Јованов, Билбилов, Елена, Ламбе, или сега најсвежиот пример со Елвир Мекиќ. Шо кур има он направено во животот? Се сеќавам како Пепелашка се однесуваше со Александар Васовски во една нејзина емисија. Го избрука максимално. Ако некој има трема или е срамежлив помогни му, опушти го, а не ај сега ќе си го ладам со него.

Па доволно е да погледаме кај Хрватите. Медиумите ги направија ѕвезди Нико Крајнчар и Лука Модриќ. Не дека они не биле квалитетни, но поради медумот станале идоли на останатите.  Зошто да не се следи истиот пример и кај нас. Шо им фали на Неџипи, Тричковски, Јане Петровски и другите млади и квалитетни спортисти. Па ако некој се форсира на телевизија и странците ќе си ги чукнат главите и ќе си речат а ова е највероватно квалитетно ај ќе го земеме. Истото ќе го мислиме и ние. Ете ти квалитет. Може е надуен ама се за пари. Ете ви ги парите. Аааа таква ли била работата. Па во странство ова се прави со години.

Сакам да кажам дајте македонски фудбал на телевизија. Имате дерби утакмици. Можете да бирате и некоја утакмица каде нема да биде дерби ама ќе има атмосфера, ќе има публика. Можете сите утакмици на градски да ги давате. Одберете си термин еве ја ќе ви дадам 18:00 или ете сега у 13:00 тогаш нема странски фудбал и сигурен сум дека ќе имате публика пред малите екрани може ќе бидат скептици ама со тек на време ќе им помине. Само така може да се подобри квалитетот на фудбалот во државава. Зборувам за фудбалот бидејќи другите спортови ги има колку толку на ТВ пред се на МТВ, но они мислам дека мора да ги даваат.

Јули 19, 2008 Posted by | Македонски Спорт | , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.