Многу лични рекорди во Далас
Далас – Јута 127 – 119
Одличната натпревар во Далас. Натпревар во кој за поен повеќе се натпреваруваа Џош Хауард и Дерон Вилијамс. На крај и двајцата имаа carier-high. Победи Џош Хауард со 47-41. Тоа беше и доволно за победа на Маверикс. И двете екипи имаа над 50% шут од поле. Далас 59.7%, а Јута 60.5%.
Критична за Далас беше серијата што ја направија од 11-2 за на 1мин 10сек до крај да поведат со недостижни за Јута 123-113.

Кај Далас целата прва петорка беше со двоцифрен учинок. Џош Хауард 47п 10с, Ерик Дампие со season-high 21п, Тери 19п, Новитцки 16п, Херис 10п и carier-high 12ас и Стекхаус 10п. Кај Јута Дерон Вилијамс 41п, Бузер 24п, Харпринг 11п и Kириленко и Окур по 10п.
Минесота – Феникс 100 – 93
Најголемото изненадување на вечерта. Изгледа дека врската на Јариќ со Адријана Лима влијае позитивно на целата екипа не само на него
. После победата над Њу Орлеанс ова е втор пат шо го зимаат скалпот на топ 5 екипа на западот.
Ал Џеферсон имаше carier-high од 32п 20с, Јариќ 19п и Крег Смит 16п кај Минесота. Кај Феникс Мерион 18п, Барбоса 17п, Стадемаер 16п и Неш 14п 15ас. Лошиот шут на Неш и Бел може да се рече дека е пресудно за поразот. Имаа 7-25.
Досега на сите натпревари на кој Феникс постигнал помалку од 100п, изгубил. Тоа се случило 4 пати сезонава.
Денвер – Сакременто 101-97
Критична за Сакременто беше серијата 10-0 што Денвер ја направи кон средината на последната четвртина кога Денвер поведе со 94-86. Сепак Гарсија имаше шут за победа, но промаши тројка на 1.9сек до крај.
Кај Денвер Ајверсон 23п 10ас, Кенион Мартин 20п 12с 5блокади, Ентони Картер 17п и Кармело 14п. Кај Сакременто Селмонс 25п, Бено Удрих 24п и Франциско Гарсија 21п.
Чикаго – Бостон 81 – 92
Катастрофалниот шут на Чикаго причина за овој пораз. Имаа 36%. А особено нивното главно дуо Денг-Гордон 11-37 шут од поле. Мислам дека проблемот кај овие двајца е тоа што шутираат од неизградени позиции т.е преку човек, барем од тоа што можев да го видам од петочниот натпревар со Детроит.
Кај Бостон Пирс имаше слаба партија 1-8 од поле, но сите останати имаа над 50% шут. Реј Ален заврши со 21п, Раџон Рондо 18п и Гарнет 16п. Кај Чикаго Носиони 18п, Хајнрих 16п, Гордон 13п и Денг 15п.
Њу Јорк – Филаделфија 77 – 105
Првата петорка на Њу Јорк имаше катастрофални 25п. Незнам колку е рекордот за најмалку постигнати поени од првата петорка на еден натпревар, но ова може да биде меѓу топ 5.
Атланта – Мемфис 88 – 76
Шарлот – Кливленд 96 – 93
Лери Хјуз се врати кај Кливленд. Се очекуваше и ЛеБрон да се врати, но тоа не се случи.
Многу интересна завршница имаше овој натпревар. Во последната минута се постигнаа дури 26п. Критично беше промашувањето на Дени Гибсон на првото слободно на 6 сек до крај, со кое Кливленд ќе изедначеше на 92-92.
Minnesota T-Wolves
Реков дека ќе ги претставувам екипите по азбучен ред али пошто ги гледав сега Minnesota со Boston како дел од кампањата NBA Europe live 2007 морам да ги искоментирам Minnesota.
Со еден збор ќе речам катастрофа. Не личи на една NBA екипа. Точно е дека е предсезона и дека екипата не е уиграна, а Minnesota направи целосен ремонт на екипата од лани.Но според залгањето можам да речам дека се залагаа прилично. Се на се мислам дека управата на Minnesota направи огромна гршка што се отјажа од Garnett.Наместо да му донесе некој играч што ќе му биде подршка тие го шитнаа и оставија играта да се базира врз Ricky Davis.Сето тоа убаво ај играта ќе се базира врз Davis, а пак земаат pick на драфтот Corey Brewer(7 pick) што игра на негова позиција и лани земаа pick што игра на таа позиција Randy Foye.Особено се разочарав од Brewer кој играше како првпат да фаќа баскет ,а беше земен да биде носител на играта на Minnesota исто изиграл и на натпреварот против Ефес.И од сите тие играчи што си отидоа барем да го пуштеа и Jaric. Кој го земал у NBA жити се ?
Единствен играч што ми остави позитивен впечаток беше playот Sebastian Telfair. Има надеж за дечкото. На крилен центар го имаат добропознатиот Juwan Howard кој можда ќе биде некоја подршка на Davis во нападот(ама колку може со годините ќе видиме). На центарска позиција имаат уште еден за во пензија Teo Ratliff.Ама уште го бива за банани. За споменување се уште и Al Jefferson и Ryan Gomes како просечни на крилен центар и секоја година се подобриот на центарска позиција Mark Blount кој сега ќе има повеќе простор. На вечерашниот натпревар незнам од кој причини не играше.Тој изгледа ќе биде опција во нападот за под кош.Да не го заборавам и минатогодишниот победник на натпреварот во забивање Gerald Green и младиот Randy Foye кој лани имаше неколку добри натпревари кога ќе добиеше поголема минутажа од транерот..
Се на се црно им се пишува на волците оваа па и наредната сезона.Добро е решиле да се подмладуваат, но имаа шанса да направат тим за шампионска титула. Го имаа Garnett се што требаше беше еден добар play и еден шутер за три(можеа Kapono да го земат), Luis беше слободен летово.Најдобрите партии Minnesota ги имаше кога Garnett имаше добар play покрај себе: Cassell, Terrell Brandon, Stephon Marbury. Го имаа и Chauncey Billups(2000/01 и 2001/02) али кој да знаел дека покасно ќе стане ѕвезда, за да знаеш треба да го пуштиш да игра.Али ај сеа да плачеме шо било било и никогаш нема да се врати.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS