Данкан во out, но до кога!?!
Денвер – Мајами 115 – 89
И пак катастрофа на Мајами. Друго не коментирам. Само да кажам дека во сезоната кога Вејд беше руки Мајами се стартуваа со 4-12, а на крај се пласираа во плеј-оф со 42-40. Инаку Денвер уште во прва четвртина направи 20п разлика и после си ја одржаваше. Дури во последна четвртина си ги пуштиле резервите да видат дали можат да задржат 32п разлика.
Кенион Мартин имаше season-high од 20п, Кармело 30п, Ајверсон 20п и Кемби 7п 21с. Кај Мајами не знам кој да го кажам Вејд со 13п(лудница) и Шек 6п(не е нормален). Добро и двајцата одиграле по 20мин, зошто имале проблеми со личните, ама не се нормални кои цифри, секоја чест. Џејсон Вилијамс се повредил во трета четвртина.
Л.А.Лејкерс – Орландо 97 – 104
Клучна за Орландо беше серијата од 9-0 со која Орландо од 93-91 за Лејкерси го сврте резултатот на 100-93 на 1мин 44сек до крај на натпреварот. Во тие моменти Коби и Одом направија по една грешка која беше казнета од Орландо.
Кај Орландо Луис 18п, Хауард 17п 8с, Туркоглу 14п 10с 7ас, Богенс и Дулинг 14п. Кај Лејкерси Коби 28п, Одом 19п 17с и Бајнум 10п, но и 7блокади. Одиграл одлична одбрана против Двајт Хауард.
За Орландо ова беше 10та победа на гости во 12от натпревар.
Њу Јорк – Феникс 104 – 115
Серијата од 11-0 на почетокот на четврта четвртина беше клучниот момент за поразот на Никси. Во таа серија Грент Хил учествуваше со 9п. Никси во последната четвртина влегоа со -1, но после оваа серија не успеа да се вратат во натпреварот.
Грент Хил ја одигра најдобрата партија сезонава и највероватно најдобрата после опоравувањето од повредата. Постигна 28п 8с 7ас. Стадемаер имаше 28п 12с, Мерион и Барбоса по 15п, Бел 12п и Неш 9п 15ас.
Кај Никси Рендолф 19п 10с, Еди Кури 21п, Марбери 21п и Ричардсон 15п.
Бостон – Кливленд 80 – 70
“Утакмица која не беше некоја уметност” ќе изјави по натпреварот Док Риверс. Фактот што Гарнет заврши со 9п, Пирс со 7п покажува дека треба да му се верува на Риверс. Ален беше најпрецизен на натпреварот со 20п.
ЛеБрон не играше на овој натпревар се уште го боли прстот. Но највероватно на наредната или понаредната ќе се врати.
Сан Антонио – Портланд 100 – 79
Данкан си го повреди десното колено во втората четвртина.

Ален со звукот на сирената(повторно)
Орландо – Мајами 120 – 99
Орландо покажа дека во моментов е број еден екипа на Флорида. Одличен натпревар на скоро цела екипа на Орландо, што неможе да се каже за Мајами. Клупата на Мајами имаше само 13п реализирано наспроти 36п на Орландо. Тука треба да се бара и причината на поразот на Мајами, за кој најпосле Вејд изигра како што треба 32п 6с 6ас. На ниво беа и Рики Дејвис 23п и Шекиле 20п. И толку остатокот 24п. Кај Орландо Хидо 27п(5 тројки), Двајт Хауард 17п 13с, Луис 19п, Дулинг 17п и Нелсон 12п.
Ова беше битка и на Стен Ван Ганди и Пет Рајли. Екс и сегашниот тренер на Мајами. Ученикот и учителот. Ученикот се покажа како поуспешен, значи Рајли е добар професор или на овој му фаќа главата.
Шарлот – Бостон 95 – 96
На овој натпревар се покажа за што служат големите играчи. За да ја решат утакмицата. И повторно Реј Ален и повторно во последна секунда. Тоа му беше првата тројка на Ален на натпреварот, иако претходно имаше 5 промашени шута.
Инаку доста неизвесен натпревар.

Највисоката предност што ја имаше било која од двете екипи ја имаа Шарлот +9 (40-31) во втората четвртина после серијата од 13-0.
Кај Бостон Гарнет 23п 11с, Пирс 23п, Поуси 14п и Ален 14п. Кај Шарлот Џејсон Ричардсон 25п, Фелтон 18п 9ас и Окафор 15п
Милвоки – Далас 97 – 95
Милвоки продолжува со одличните партии. Ова им беше 5 победа по ред. Уште една одлична партија на Мајкл Ред и меѓу главните кандидати за играч на неделата на истокот, но има јака конкуренција во ЛеБрон и Хауард.
Карактеристичо за оваа утакмица беше што највисокото водство што го имаше било која од екипите беше 5п. Така беше на 34сек пред крај 92-87 за Милвоки. Тогаш Тери погодува тројка за 92-90. Ред го погодува само едното слободно. Тери повторно погодува на 21сек пред крај за 93-92.Ред сега ги погодува и двете слободни, а Тери промашува тројка за изедначување. Победа на Милвоки, втро пораз по ред на Далас.
Кај Милвоки Мајкл Ред 27п, Мо Вилијамс 19п 10ас и Богут 16п 14с. Кај Далас Херис не беше на ниво од претходните утакмици 6п, Џош Хауард 24п 11с, Новитцки 20п и Тери 21п. Втор пораз по ред за Далас.
Кливленд – Торонто 111 – 108
Одлично издание на ЛеБрон. Уште еден трипл-дабл. Негов трет сезонава. ЛеБрон е и најдобар стрелец во лигата. Има просек од 30.9п.
Во последна четвртина се влезе со 81-81. Кливленд направија мини серија од 7-0 и ја одржуваа до 1:00 пред крај. Тогаш Капоно погоди 3 за 103-104. Џејмс врати со положување за 106-103, па Капоно за 106-105. Џејмс погодува шут на 15сек до крај за 108-105. Ентони Паркер промашува тројка, Браун погодува само едно слободно на спротивната страна. Капоно пак погодува тројка за 109-108 на 3сек до крај, но Торонто немаа веќе тајмаути, па така после погодувањето на двете слободни од страна на Џејмс, Калдерон промаши од центар за продолжение.
ЛеБрон 37п 12с 12ас, Илгаускас 16п 15с, Гибсон 17п и Дејмон Џонс 17п кај Кливленд. Додека кај Торонто Бош имаше carier-high 41п, Капоно 17п и Барњани 14п. Форд не игра уште за Торонто(втор натпревар по ред).
Њу Јорк – Чикаго 85 – 78
Никси ја прекинаа серијата од 8 порази по ред. Чикаго се сега последни на истокот со скор(2-9). Денг е фит и се очекува да се врати на наредната или понаредната средба. Ова беше битка на последните екипи на истокот.
Марбери се поврзува со трампа во Мајами. Џеј Вилијамс и Марк Блоунт ќе бидат играчите од кој Мајами треба да се откаже за него.
Хјустон – Денвер 109 – 81
Ти-Мек 35п, Јао 22п 13с.
Денвер имаа катастрофален шут од поле 35% (29 – 78).
Филаделфија – Голден Стејт 90 – 90 прод 98 – 100
Интересен натпревар. Даламберт промаши две слободни при 90-90 за да им донесе победа на Филаделфија, иако овој резултат стоеше уште на 2мин до крај на четврта четвртина. Азубуке постигна тројка на 6сек до крај на продолжението и им донесе победа Вориорси.
Л.А.Клиперс – Њу Орлеанс 89 – 98
Мемфис – Вашингтон 124 – 118
Наваро пак стартер. Си го изедначи рекордот од 28п на еден натпревар. Руди Геј 27п. Кај Вашингтон Џејмисон 41п 11с, а Керон Батлер 27п.
Минесота – Атланта 87 – 94
Орландо гостин што никој не го сака
Њу Орлеанс – Орландо 88 – 95
Во дербито на НБА според табелите, Орландо можеа многу лесно да лесно да го загубат натпреваарот иако водеаа и со 21п разлика во втората четвртина 44-23. Дури и во третата четвртина Њу Орлеанс поведе со 58-57. За тоа време Стојаковиќ постигна 11п. На 6мин до крај Хорнетси водеа и со +5(78-73). Но сепак во тој период Рашард Луис погоди две тројки и Туркоглу една за Орландо да го сврти резултатот на 89-84 на 1мин до крај. На крај Орландо не дозволи Хорнетси пак да им се доближат и забележаа една тешка победа.

“Не се обидуваме да го убиеме Стен” беше изјавата на Рашард Луис понатпреварот алудирајќи на тоа дека во последните неколку натпревари Магичните упропастуваат високи разлики(Бостон, Кливленд), но сепак победуваат. Магичните немаат пораз на гости сезонава. 7 победи по ред на гости.
Уште една одлична партија имаше Двајт Хауард 24п 15с. Луис имаше 19п, Нелсон 16п, Туркоглу и Кион Дулинг по 15п. Кај Хорнетси Стоја 21п и Џенаро Парго 18п 7ас.
Јута – Њу Џерси 101 – 75
Уште едно катастрофално издание на Њу Џерси. Се уште не е вратен Картер на теренот иако е со екипата на патувањата. Досега пропушти 5натпревари и сите ги загубија Нетси. 6ти пораз во низа за Нетси. Катастрофална партија имаше Џејсон Кид 2п, шут (1-9) со 6из топки и 8ас. Кај Јута Џери Слоун поради високата предност ги одмараше ѕвездите во последната четвртина. Одиграа само 2мин.
Мемфис – Сиетл 125 – 108
Мемфис го реши натпреварот уште во трета четвртина кога поведе и со 27п разлика. Тоа беше и причината што во Сиетл имаше дури 8 играчи со двоцифрен учинок, а кај Мемфис 7 играчи со двоцифрен учинок. Рукито Џеф Грин најпосле се најде како стартер во поставата на Сиетл и докажа дека е покорисен играч од Дурант. Грин 11п 14с, а Дурант само 11п. И двајцата имаа лош шут од поле. Кај Мемфис Стромајл Свивфт ја имаше најдобрата партија сезонава 24п.
Шарлот – Портланд 101 – 92
Плејот Фелтон имаше 24п 10ас, Џеј-Ричардсон 24п и Џералд Волис 27п.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS