Ален со звукот на сирената(повторно)
Орландо – Мајами 120 – 99
Орландо покажа дека во моментов е број еден екипа на Флорида. Одличен натпревар на скоро цела екипа на Орландо, што неможе да се каже за Мајами. Клупата на Мајами имаше само 13п реализирано наспроти 36п на Орландо. Тука треба да се бара и причината на поразот на Мајами, за кој најпосле Вејд изигра како што треба 32п 6с 6ас. На ниво беа и Рики Дејвис 23п и Шекиле 20п. И толку остатокот 24п. Кај Орландо Хидо 27п(5 тројки), Двајт Хауард 17п 13с, Луис 19п, Дулинг 17п и Нелсон 12п.
Ова беше битка и на Стен Ван Ганди и Пет Рајли. Екс и сегашниот тренер на Мајами. Ученикот и учителот. Ученикот се покажа како поуспешен, значи Рајли е добар професор или на овој му фаќа главата.
Шарлот – Бостон 95 – 96
На овој натпревар се покажа за што служат големите играчи. За да ја решат утакмицата. И повторно Реј Ален и повторно во последна секунда. Тоа му беше првата тројка на Ален на натпреварот, иако претходно имаше 5 промашени шута.
Инаку доста неизвесен натпревар.

Највисоката предност што ја имаше било која од двете екипи ја имаа Шарлот +9 (40-31) во втората четвртина после серијата од 13-0.
Кај Бостон Гарнет 23п 11с, Пирс 23п, Поуси 14п и Ален 14п. Кај Шарлот Џејсон Ричардсон 25п, Фелтон 18п 9ас и Окафор 15п
Милвоки – Далас 97 – 95
Милвоки продолжува со одличните партии. Ова им беше 5 победа по ред. Уште една одлична партија на Мајкл Ред и меѓу главните кандидати за играч на неделата на истокот, но има јака конкуренција во ЛеБрон и Хауард.
Карактеристичо за оваа утакмица беше што највисокото водство што го имаше било која од екипите беше 5п. Така беше на 34сек пред крај 92-87 за Милвоки. Тогаш Тери погодува тројка за 92-90. Ред го погодува само едното слободно. Тери повторно погодува на 21сек пред крај за 93-92.Ред сега ги погодува и двете слободни, а Тери промашува тројка за изедначување. Победа на Милвоки, втро пораз по ред на Далас.
Кај Милвоки Мајкл Ред 27п, Мо Вилијамс 19п 10ас и Богут 16п 14с. Кај Далас Херис не беше на ниво од претходните утакмици 6п, Џош Хауард 24п 11с, Новитцки 20п и Тери 21п. Втор пораз по ред за Далас.
Кливленд – Торонто 111 – 108
Одлично издание на ЛеБрон. Уште еден трипл-дабл. Негов трет сезонава. ЛеБрон е и најдобар стрелец во лигата. Има просек од 30.9п.
Во последна четвртина се влезе со 81-81. Кливленд направија мини серија од 7-0 и ја одржуваа до 1:00 пред крај. Тогаш Капоно погоди 3 за 103-104. Џејмс врати со положување за 106-103, па Капоно за 106-105. Џејмс погодува шут на 15сек до крај за 108-105. Ентони Паркер промашува тројка, Браун погодува само едно слободно на спротивната страна. Капоно пак погодува тројка за 109-108 на 3сек до крај, но Торонто немаа веќе тајмаути, па така после погодувањето на двете слободни од страна на Џејмс, Калдерон промаши од центар за продолжение.
ЛеБрон 37п 12с 12ас, Илгаускас 16п 15с, Гибсон 17п и Дејмон Џонс 17п кај Кливленд. Додека кај Торонто Бош имаше carier-high 41п, Капоно 17п и Барњани 14п. Форд не игра уште за Торонто(втор натпревар по ред).
Њу Јорк – Чикаго 85 – 78
Никси ја прекинаа серијата од 8 порази по ред. Чикаго се сега последни на истокот со скор(2-9). Денг е фит и се очекува да се врати на наредната или понаредната средба. Ова беше битка на последните екипи на истокот.
Марбери се поврзува со трампа во Мајами. Џеј Вилијамс и Марк Блоунт ќе бидат играчите од кој Мајами треба да се откаже за него.
Хјустон – Денвер 109 – 81
Ти-Мек 35п, Јао 22п 13с.
Денвер имаа катастрофален шут од поле 35% (29 – 78).
Филаделфија – Голден Стејт 90 – 90 прод 98 – 100
Интересен натпревар. Даламберт промаши две слободни при 90-90 за да им донесе победа на Филаделфија, иако овој резултат стоеше уште на 2мин до крај на четврта четвртина. Азубуке постигна тројка на 6сек до крај на продолжението и им донесе победа Вориорси.
Л.А.Клиперс – Њу Орлеанс 89 – 98
Мемфис – Вашингтон 124 – 118
Наваро пак стартер. Си го изедначи рекордот од 28п на еден натпревар. Руди Геј 27п. Кај Вашингтон Џејмисон 41п 11с, а Керон Батлер 27п.
Минесота – Атланта 87 – 94
Ален за нова победа на Бостон
Торонто – Бостон 78-78 прод 95 – 98
Добра, борбена прва четвртина 23-14 за Бостон. Се карактеризираше со дуелот Реј Ален-Т.Џ.Форд. Ален постигна 13поени со шут 3-3 за 3поени. Додека Т.Џеј имаше 8поени и 2 добри асистенции. Разликата беше толку изразена бидејќи Торонто промашија многу чисти шутеви особено Барњани. Торонто имаше мизерен шут за поле 6-24. Многу лоша втора четвртина. Многу грешки, многу промашување. Ништо за издвојување. Резултатот на полувреме 38-31 за Бостон.
Истата игра и во трета четвртина. Многу брзоплети напади на Торонто, а во одбраната беа добри. Ги натераа три пати Бостон да не шутнат за 24сек. За издвојување Гарнет 7поени, и шут за три 4-5(2 Хаус и 2Ален). Од Торонто повторно Т-Џеј за издвојување 8поени. Катасрофа Бош. Немаше кош од игра. 4поени сите од слободни. Истото важи и за Калдерон. На крај на трета 66-55. На почетокот на последна Гарнет ја прави 5та лична над Бош за 2+1. Потоа тројки на Калдерон и Диксон за на 8:40 до крај за 70-66. Поатоа серија од 6поени на Капоно за72-72 на3:40 до крај. Не ми е грешка точно е. за 5мин 6-4 за Торонто. Две тројки на Поуси за 78-76. Потоа Ти-Џеј за78-78на 27сек до крај. Пирс промашува за победа.
Продолжение. Ако досега се изнапромашија, во продолжението не промаши никој. Реј Ален постигна тројка на 2сек до крај за победа. Одлично издание на трио фантастико во продолжението(Гарнет 10п Ален 6п) кај Торонто Ти-Џеј 11поени(3 тројки).
На крај најефикасен Ален со 33поени, Гарнет 23поени 13скока и 6асистенции. Кај Торонто Ти-Џеј Форд 32поени и Бош со 19поени и 10скока
Л.А.Лејкерс – Јута 119 – 109
Коби повторно одличен за победа. Коби постигна 33поени со одличен шут од поле 13-19. Ни Кириленко не можел да го запре. Голема помош Коби имал во Фишер кој постигнал 19поени од кои 13 од слободни. Враќањето на Фишер се покажува како одличен потег на управата на Лејкерс. За споменување е доброто издание од клупа на Бајнм со 15поени и 9скока. Кај поразените Бузер имал 23поени и 12скока и Дерон Вилијамс со 26поени.
Феникс – Кливленд 103 – 92
Мајами – Шарлот 88 – 90
Повторно пораз на Мајами. Пак очекувано. Мислам дека Мајами со овој состав можат да победат само некој фаворит од западот. Критично за овој пораз е очајниот шут за три на Мајами(2-12). Во сите други параметри беа подобри или изедначени. Натпреварот се решавал во последната минута. Се влегло со 86-86. Фелтон погодил 2 слободни за 88-86. На две секунди до крај Рики Дејвис ја губи топката и нема шут од Мајами за продолжение или победа. За разлика од претходните две партии кога имаше едноцифрен број на поени Шек сега имаше солиден натпревар со 17поени и 9скока и шут 8-11. Најефикасен кај Мајами бил Хаслем со 18поени и 10скока. Најзаслужни за победата на Шарлот биле Џејсон Ричардсон со 29поени, Фелтон со 19поени и 7асистенции и Емека Окафор со 16поени и 13скока.
Л.А.Клиперс – Сиетл 115 – 101
Решавачка за овој натпревар била последната четвртина кога Клиперси направиле серија 23-10 па повеле со 106-90. Во овј период Тим Томас погодил три тројки по ред. Сепак покрај Томас кој средбата ја завршил со 20поени, најзаслужен за победата бил Кори Магети со 27поени. Кај Сиетл повторно најефикасен бил рукито Кевин Дурант со 24поени. Помош имал од Дамјан Вилкинс со 22поени.
Њу Јорк – Минесота 97 – 93
Њу Јорк го направија сефтето годинава благодарение на одличната последна четвртина на Џемал Крафорд кој постигнал 10 од 24поени. Добра партија пружале и Марбери со 17поени и 7асистенции, Зак Рандолф 15поени и 10скока, Кури 14поени и Дејвид Ли исто толку. Кај Минетота Рајан Гомес 19поени и Ал Џеферсон со 16поени и 12скока.
Детроит – Атланта 92 – 91
Многу интересен натпревар. Џо Џонсон погодил две тројки по ред за 88 – 89 за Детроит на 43сек до крај. Потоа Билапс промашува удар за три, но следува клучниот офанзивен скок на Хејс. Билапс погодува 2 слободни за 91-88 на 16сек до крај. Потоа лична над Џош Смит. Три слободни на Смит. Погодени за 91-91 на 7сек до крај. И во последната секунда досудена е лична над Билапс(сомнително) кој погодува само едно за победа на Детроит. Најдобри во победничката екипа биле Билапс со 22поени и Хамилтон со 21поени кој се врати во екипата. Кај гостите Џо Џонсон 23поени и Марвин Вилијамс со 22поени.
Денвер – Њу Орлеанс 88 – 93
Прв пораз на Денвер. Њу Орлеанс останува непоразен(3-0). Причина за поразот на Денвер е лошиот шут и многуте потрошени топки на дуото Ајверсон-Ентони кој имаа 16-49. Ајверсон заврши со 23поени и 8асистенции, а Ентони со 20поени. Кај гостите очаен беше Стојаковиќ кој заврши со само 5поени и шут 1-10. Но затоа другите беа расположени. Крис Пол иамше 15поени 11асистенции 8скока, Давид Вест 17поени 13скока, Чендлер 12поени и 17скока, Расол Батлер 11поени(3 тројки во последна четвртина) и Боби Џексон 13поени.
Ноќеска играат:
02:30 Далас – Хјустон
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS