Sports blog

Ноќ на домаќините

Само Сиетл славеше на гостински терен, на сите други 10 средби домаќините беа подобри.

Торонто – Далас   92 – 76

Веќе нормално ми стана Далас да губат. Истото требаше да им се случи и на првиот натпревар со Торонто, но тогаш се вратија од -24 и го добија тој натпревар. Истото го имаа и на овој натпревар губеа со 22п во четврта четвртина, но премногу ќе беше ако успееа да се вратат. Инаку разликата помеѓу овие две екипи беше клупата. Додека играа резервистите на Торонто кон средина на втора четвртина водеа со 12п разлика, после кога пак влегоа кон крајот на трета стигнаа до +22. Резервистите на Торонто постигнаа 43п наспроти 18п на Далас.

Кај Торонто Крис Хампрејс имаше 16п 12с, Бош 17п, Калдерон 12п и Нестеровиќ и Капоно по 10п. Кај Далас Тери 21п, Џош Хауард 19п и Новитцки 13п.

Поради стомачен вирус за Далас не играше Херис.

Денвер – Њу Орлеанс   105 – 99

Одличното издание на Кармело во последната четвртина беше пресудно за победата на Нагетси над  Хорнетси. Кармело постига 15п во тој период и го сврти резултатот во корист на Денвер. При 101-99 за Денвер на 38сек до крај постигна кош и го погоди дополнителното слободно што беше доволно за Денвер да впише уште една победа на своето конто 14та.

karmelo.jpg

Кај Денвер Кармело 32п(10-28) 10с, Ајверсон 22п 11ас, Кемби 14п 15с, Картер 13п и Кенион Мартин 11п. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 30п 12ас, Давид Вест 25п 16с и Расол Батлер 18п.

Стојаковиќ е повреден кај Њу Орлеанс.

Хјустон – Детроит   80 – 77

Интересна завршница во Хјустон. Хамилтон погоди тројка на 1мин 22сек до крај за да намали на 77-79. Потоа Хјустон утна два, а Детроит еден напад за да Детроит го има последниот напад на натпреварот. Прво Шид промаши тројка, па Принс имаше офанзивен па му ја даде на Билапс и овој промаши тројка која највероватно ќе значеше и победа.

Инаку Хјустон се изнапромашија слободни. Промашија 16 од 22 слободни. Или како што ќе рече Флип Сандерс у шала “најдобро се браневме на линијата за слободни”.

lubov.jpg

“Ooooo судија ти си љубовта на мојот живот”.(Рефер Алстон)
Вечер у соба 304. Те чекам. Ауууу

Кај Хјустон Ти-Мек 29п и Јао 21п 13с. Кај Детроит Шид 21п, Билапс 15п и Хамилтон 14п.

Феникс – Јута   103 – 98

Дерон Вилијамс ги промаши и двете слободни на 38сек до крај при 96-93 за Феникс. Потоа и дозволија Стадемаер да направи офанзивен скок, но промаши, но затоа пак Мерион беше тука и се отиде на +5 на 15сек до крај и веќе се беше решено.

Кај Феникс Неш 29п 11ас, Шон Мерион 26п 15с и  Стадемаер 18п 9с. Кај Јута Бузер 24п 13с, Милсап 20п 13с, Дерон Вилијамс 18п и Кириленко 17п.

Окур не играше кај Јута поради повреда на рамото.

Милвоки – Орландо   100 – 86

Трет пораз едно по друго на Орландо. Тоа значи дека Мајами ќе тепаат ноќеска со Вашингтон. Трет пораз на Орландо и тоа од не толку јаки екипи. Изгубија и од Ондијана и Атланта.

Мајкл Ред имаше одличен натпревар 27п 10с 9ас.

Босотн – Сакременто   90 – 78

Уште една победа на Бостон. Нема потреба да пишувам за нив. Ќе пишувам само кога ќе губат.

Можно ли е да го срушат рекордот на Чикаго од сезоната 95/96 кога имаа 72-10 ???

Индијана – Чикаго   117 – 102

Не знаев дека Чикаго го земал Тајрус Томас во трампа за ЛаМаркус Алдриџ на минатогодишниот драфт. Многу се заебале. До кога вака лесно ќе се откажуваат од квалитетни крилни центри и центри. А го чуваат Бен Волис. Човекот се растурил 0п и 6с. Ги шитнаа така и Елтон Бренд и Еди Кари.

Портланд – Голден Стејт   105 – 95

Петта победа по ред на Портланд. Тревис Аутлоу е вистинското откритие на Портланд. Во првите 10 средби Џерет Џек беше тоа освежување од клупата. Се на се Портланд се наметнува како плеј-оф конкурент ???

Њу Јорк – Сиетл   110 – 117

Кевин Дурант 30п, Џеф Грин 17п. Кај Никси Крафорд 29п и Рендолф 27п 16с. Ајзеа Томас оди си !!! Ова е катастрофа шо им се дешава на Никси. Се гледа дека е добар менаџер, бидејќи во екипата има многу квалитетни играчи, но за добар тренер треба нешто повеќе од тоа.

Шарлот – Л.А.Клиперс   108 – 103

Фелтон 26п, Окафор 25п 16с и Џералд Волис 25п.

Филаделфија – Минесота   98 – 94

Статистиката покажува Минесота победува на секоја 5та средба, па така очекувано беше да изгуби.

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , | Напиши коментар

Амари 42п, Кевин Мартин во out 1 месец

Индијана – Феникс 117 – 121

Најинтересниот натпревар синоќа се одигра во Индијанаполис. Феникс водеа скоро цел натпревар, но со серијата од 10-0 на стартот на последната четвртина Индијана поведе со 100-98. Водството го држеше до 41сек до крај на натпреварот кога Неш погодува тројка за водство на Феникс од 118-117. Во следниот напад Тинсли промашува, а Стадемаер погодува на 6сек до крај за водство од 120-117. Грејнџер промашува тројка на 2сек до крај за да им донесе продолжение на Индијана.
Одличен натпревар имаше Амаре кој постигна season-high од 42п 13с. Неш имаше 18п 17ас, Хил 16п, Раџа Бел 17 и Мерион 14п 12с.
Кај Индијана Џермејн О’Нил полека се враќа на старите патеки и покажува кој е кој во Индијана, после слабите изданија на почетокот. На оваа средба постигна season-high од 30п 11с, Данливи 22п и Тинсли 19п 12ас.

Сакременто – Јута 117 – 107

Одличната последна четвртина на Сакременто беше решавачка за победата на оваа средба. Кралевите во последната четвртина уфрлија дури 43п наспроти 30 на Џезерите. Особено за издвојување е партијата на Селмонс, кој во последната четвртина уфрли 15п, а имаше серија од дури 11п по ред и беше одлична замена за Кевин Мартин кој се повреди на крајот од трета четвртина. Ќе отсуствува околу 1 месец.

Кај Сакременто Мартин 25п, Артест 23п и Селмонс 21п. Кај Јута Дерон Вилијамс 30п, Рори Бревер 18п, Бузер 19п 11с и Окур 17п.

Минесота – Л.А.Лејкерс 95 – 116

Лејкерси без многу замарање го совладааа најслабиот тим во НБА. Иако Коби имаше проблеми со стомахот(труење) сепак играше и постигна 20п. Истите проблеми ги имаше и Бајнум, но овој не играше. Ариза имаше најголема минутажа откога дојде во Л.А и го искористи тоа постигна 15п. Вујачиќ имаше исто добра партија 16п.

Л.А.Клиперс – Милвоки 78 – 87

5ти пораз по ред на Клиперси.Последните 4 се без Сем Кесел во тимот.

После 4 порази по ред на Бакси, најпосле победа. Мајкл Ред најзаслужен со 25п.

Кливленд – Њу Џерси 79 – 100

Кливленд без ЛеБрон тешко. Се држеа до полувреме, но во второто одиграа слабо. Џеферсон беше незапирлив и постигна 36п.

Атланта – Детроит 95 – 106

Се беше решено уште при крај на трета четвртина кога Детроит водеше со над 20п разлика.

Џо Џонсон беше катастрофа кај Хавкси. Заврши со само 5п. Кај Детроит дури 7 играчи имаа над 10п. Принс 23п и Џарвис Хејс 17п.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , | Напиши коментар

Данкан во out, но до кога!?!

Денвер – Мајами   115 – 89

И пак катастрофа на Мајами. Друго не коментирам. Само да кажам дека во сезоната кога Вејд беше руки Мајами се стартуваа со 4-12, а на крај се пласираа во плеј-оф со 42-40. Инаку Денвер уште во прва четвртина направи 20п разлика и после си ја одржаваше. Дури во последна четвртина си ги пуштиле резервите да видат дали можат да задржат 32п разлика.
Кенион Мартин имаше season-high од 20п, Кармело 30п, Ајверсон 20п и Кемби 7п 21с. Кај Мајами не знам кој да го кажам Вејд со 13п(лудница) и Шек 6п(не е нормален). Добро и двајцата одиграле по 20мин, зошто имале проблеми со личните, ама не се нормални кои цифри, секоја чест. Џејсон Вилијамс се повредил во трета четвртина.

Л.А.Лејкерс – Орландо   97 – 104

Клучна за Орландо беше серијата од 9-0 со која Орландо од 93-91 за Лејкерси го сврте резултатот на 100-93 на 1мин 44сек до крај на натпреварот. Во тие моменти Коби и Одом направија по една грешка која беше казнета од Орландо.
Кај Орландо Луис 18п, Хауард 17п 8с, Туркоглу 14п 10с 7ас, Богенс и Дулинг 14п. Кај Лејкерси Коби 28п, Одом 19п 17с и Бајнум 10п, но и 7блокади. Одиграл одлична одбрана против Двајт Хауард.

За Орландо ова беше 10та победа на гости во 12от натпревар.

Њу Јорк – Феникс   104 – 115

Серијата од 11-0 на почетокот на четврта четвртина беше клучниот момент за поразот на Никси. Во таа серија Грент Хил учествуваше со 9п. Никси во последната четвртина влегоа со -1, но после оваа серија не успеа да се вратат во натпреварот.
Грент Хил ја одигра најдобрата партија сезонава и највероватно најдобрата после опоравувањето од повредата. Постигна 28п 8с 7ас. Стадемаер имаше 28п 12с, Мерион и Барбоса по 15п, Бел 12п и Неш 9п 15ас.
Кај Никси Рендолф 19п 10с, Еди Кури 21п, Марбери 21п и Ричардсон 15п.

Бостон – Кливленд   80 – 70

Утакмица која не беше некоја уметност” ќе изјави по натпреварот Док Риверс. Фактот што Гарнет заврши со 9п, Пирс со 7п покажува дека треба да му се верува на Риверс. Ален беше најпрецизен на натпреварот со 20п.
ЛеБрон не играше на овој натпревар се уште го боли прстот. Но највероватно на наредната или понаредната ќе се врати.

Сан Антонио – Портланд   100 – 79

Данкан си го повреди десното колено во втората четвртина.

Duncan.jpg

Иако се очекуваше поврдата да биде од посериозен карактер сепак првичните претпоставки не беа точни и Данкан ќе го нема минимум неколку натпревари.
Сепак и без Данкан Спарси ги растурија Портланд. Паркер заврши со 27п 8ас, Бери 17п и Џинобили 11п.
Детроит – Њу Џерси   118 – 95
Сиетл – Голден Стејт   96 – 109
Шеста последователна победа на Воините.
Кевин Дурант 6п (2-12), Џеф Грин 13п 8с.
Л.А.Клиперс – Индијана   95 – 101
Крис Кејман 22п 22с за Клиперси.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.