Sports blog

Ноќ на домаќините

Само Сиетл славеше на гостински терен, на сите други 10 средби домаќините беа подобри.

Торонто – Далас   92 – 76

Веќе нормално ми стана Далас да губат. Истото требаше да им се случи и на првиот натпревар со Торонто, но тогаш се вратија од -24 и го добија тој натпревар. Истото го имаа и на овој натпревар губеа со 22п во четврта четвртина, но премногу ќе беше ако успееа да се вратат. Инаку разликата помеѓу овие две екипи беше клупата. Додека играа резервистите на Торонто кон средина на втора четвртина водеа со 12п разлика, после кога пак влегоа кон крајот на трета стигнаа до +22. Резервистите на Торонто постигнаа 43п наспроти 18п на Далас.

Кај Торонто Крис Хампрејс имаше 16п 12с, Бош 17п, Калдерон 12п и Нестеровиќ и Капоно по 10п. Кај Далас Тери 21п, Џош Хауард 19п и Новитцки 13п.

Поради стомачен вирус за Далас не играше Херис.

Денвер – Њу Орлеанс   105 – 99

Одличното издание на Кармело во последната четвртина беше пресудно за победата на Нагетси над  Хорнетси. Кармело постига 15п во тој период и го сврти резултатот во корист на Денвер. При 101-99 за Денвер на 38сек до крај постигна кош и го погоди дополнителното слободно што беше доволно за Денвер да впише уште една победа на своето конто 14та.

karmelo.jpg

Кај Денвер Кармело 32п(10-28) 10с, Ајверсон 22п 11ас, Кемби 14п 15с, Картер 13п и Кенион Мартин 11п. Кај Њу Орлеанс Крис Пол 30п 12ас, Давид Вест 25п 16с и Расол Батлер 18п.

Стојаковиќ е повреден кај Њу Орлеанс.

Хјустон – Детроит   80 – 77

Интересна завршница во Хјустон. Хамилтон погоди тројка на 1мин 22сек до крај за да намали на 77-79. Потоа Хјустон утна два, а Детроит еден напад за да Детроит го има последниот напад на натпреварот. Прво Шид промаши тројка, па Принс имаше офанзивен па му ја даде на Билапс и овој промаши тројка која највероватно ќе значеше и победа.

Инаку Хјустон се изнапромашија слободни. Промашија 16 од 22 слободни. Или како што ќе рече Флип Сандерс у шала “најдобро се браневме на линијата за слободни”.

lubov.jpg

“Ooooo судија ти си љубовта на мојот живот”.(Рефер Алстон)
Вечер у соба 304. Те чекам. Ауууу

Кај Хјустон Ти-Мек 29п и Јао 21п 13с. Кај Детроит Шид 21п, Билапс 15п и Хамилтон 14п.

Феникс – Јута   103 – 98

Дерон Вилијамс ги промаши и двете слободни на 38сек до крај при 96-93 за Феникс. Потоа и дозволија Стадемаер да направи офанзивен скок, но промаши, но затоа пак Мерион беше тука и се отиде на +5 на 15сек до крај и веќе се беше решено.

Кај Феникс Неш 29п 11ас, Шон Мерион 26п 15с и  Стадемаер 18п 9с. Кај Јута Бузер 24п 13с, Милсап 20п 13с, Дерон Вилијамс 18п и Кириленко 17п.

Окур не играше кај Јута поради повреда на рамото.

Милвоки – Орландо   100 – 86

Трет пораз едно по друго на Орландо. Тоа значи дека Мајами ќе тепаат ноќеска со Вашингтон. Трет пораз на Орландо и тоа од не толку јаки екипи. Изгубија и од Ондијана и Атланта.

Мајкл Ред имаше одличен натпревар 27п 10с 9ас.

Босотн – Сакременто   90 – 78

Уште една победа на Бостон. Нема потреба да пишувам за нив. Ќе пишувам само кога ќе губат.

Можно ли е да го срушат рекордот на Чикаго од сезоната 95/96 кога имаа 72-10 ???

Индијана – Чикаго   117 – 102

Не знаев дека Чикаго го земал Тајрус Томас во трампа за ЛаМаркус Алдриџ на минатогодишниот драфт. Многу се заебале. До кога вака лесно ќе се откажуваат од квалитетни крилни центри и центри. А го чуваат Бен Волис. Човекот се растурил 0п и 6с. Ги шитнаа така и Елтон Бренд и Еди Кари.

Портланд – Голден Стејт   105 – 95

Петта победа по ред на Портланд. Тревис Аутлоу е вистинското откритие на Портланд. Во првите 10 средби Џерет Џек беше тоа освежување од клупата. Се на се Портланд се наметнува како плеј-оф конкурент ???

Њу Јорк – Сиетл   110 – 117

Кевин Дурант 30п, Џеф Грин 17п. Кај Никси Крафорд 29п и Рендолф 27п 16с. Ајзеа Томас оди си !!! Ова е катастрофа шо им се дешава на Никси. Се гледа дека е добар менаџер, бидејќи во екипата има многу квалитетни играчи, но за добар тренер треба нешто повеќе од тоа.

Шарлот – Л.А.Клиперс   108 – 103

Фелтон 26п, Окафор 25п 16с и Џералд Волис 25п.

Филаделфија – Минесота   98 – 94

Статистиката покажува Минесота победува на секоја 5та средба, па така очекувано беше да изгуби.

Јули 20, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , | Напиши коментар

Мајами конечно победи

Њу Јорк – Мајами 72 – 75

J.Wiliams.JPG

Мајами конечно победија и тоа без Вејд и тоа против нивните најлути ривали Њу Јорк и тоа на гости. Лудница. Кој го това предвиде дами и господа (Ѕинго). Никој, ама баш никој. Треба да се напомене дека голем удел во победата на Мајами имаше неиграњето на Зек Рендолф, кој имаше смртен случај во фамилија(баба му). Али со кого без кого и како шо им е гајле победа си е победа. Најзаслужен кај Мајами за победата беше Џеј Вилијамс кој погоди на 19сек до крај за водство од 73-72. Потоа Њу Јорк утна напад ја изгубија топката, па Вилијамс ги погоди и двете слободни на 9сек до крај. Во последната секунда Марбери промаши тројка за продолжение. Никси во последните 2:30мин не постигнаа кош. Најзаслужни во Мајами беа Вилијамс 17поени, Хаслем 16поени 16скока, Шек и Рики Дејвис со по 14поени. Кај Њу Јорк Еди Кури 19поени, Марбери и Ли со по 14поени.
Иако Мајами имаше старт 0-5 надеж статистички има, бидејќи кога Вејд беше rookie имаа старт 0-7 и пак влегоа во плеј-оф. Најлош старт им беше во првата сезона во НБА 1988/89 кога имаа 0-17. Нема веќе 0 кај победи кај Мајами.
Шарлот – Хјустон 82 – 85
Најинтересноит натпревар синоќа се одигра во Шарлот каде гостите во неизвесна завршница си отидоа како победници дома. На 1 мин до крај Џеј-Рич ги носи Шарлот во водство од 80-78. Потоа Ти-Мек погодува тројка за водство на Хјустон од 81-80. Фелтон на 38сек до крај погоди слободни за 82-81 за Шарлот. Потоа Алстон промаши тројка, но офанзивен скок имаше Јао. Ги погоди двете слободни на 20сек до крај за 83-82. На крајот му беше досудена лична во напад на Џералд Волис и Мајк Џејмс ги погоди двете слободни за конечни 85-82 за Хјустон. Најзаслужен за победата на Хјустон беше Јао со 34поени, додека Ти-Мек даде 26поени од кои 12 во последната четвртина. Кај домаќините петорица имаа двоцифрен учинок. Мет Керол 17поени, Фелтон и Џеј-Рич по 16поени, Окафор 12поени 12скока.
Треба да се напомене и првата победа на Вашингтон кои исто како Мајами прекинаа серија од 5 порази. Ги совладаа Атланта.
Сан Антонио повторно победија. Овојпат над Милвоки и заедно со Хјустон го делат првото место на западот со 6-1. Повторно најзаслужен беше Ману Џинобили.
Сиетл го доживеа и седмиот пораз по ред сезонава и го има најлошиот старт во неговата историја 0-7. Овојпат жртви беа на Детроит.
Вашингтон – Атланта 101 – 90
Керон Батлер 24п, Џејмисон 23п 15с, Аренас 18п (Вашингтон)
Џош Смит 23п, Марвин Вилијамс 20п 12с, Џо Џонсон 22п (Атланта)
Сан Антонио – Милвоки 113 – 88
Џинобили 21п, Финли 17п, Данкан 16п 10с (Сан Антонио)
Мо Вилијамс 17п, Мајкл Ред 14п (Милвоки)
Сиетл – Детроит 103 – 107
Кевин Дурант 19п, Џеф Грин 17п 8с, Крис Вилкокс 15п (Сиетл)
Рип Хамилтон 32п, МекДајс 15п 15с, Рашид 15п, Џарвис Хејс 14п (Детроит)
Л.А.Клиперс – Кливленд 95 – 103
Магети 25п 11с, Кесел 28п, Кејман 21п (Л.А.Клиперси)
Илгаускас 25п, Гуден 18п 17с, ЛеБрон 22п 8ас (Кливленд)
Филаделфија – Њу Орлеанс 72 – 93
Игуладала 17п, Даламберт 15п 10с, Корвер 13п (Филаделфија)
Крис Пол 16п 9ас, Давид Вест 16п (Њу Орлеанс)

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , | Напиши коментар

Шампионите Сан Антонио со прв пораз

Хјустон – Сан Антонио   89 – 81

Јао Минг беше најзаслужен за победата на Хјустон над Сан Антонио. Во последната четвртина постигна 7поени и му залепи две банани на Данкан за Сан Антонио да не направи серија и Хјустон од готово да направат вересија. Критична за Сан Антонио беше втората четвртина која Спарси ја загубија со 27-13. Ова беше прв пораз на Спарси и сега имаат скор од 3-1 колку што имаат и Хјустон. Јао постигна 28поени 13скока и 6асистенции, а Бонзи Велс донираше од клупата уште 14поени и 15скока. МекГрејди немаше своја вечер 12поени со шут 4-14. Кај Сан Антонио Џинобили 23поени и Паркер 21поен. Данкан слично како МекГрејди заврши со 14поени 10скока и 5загубени топки.

Л.А.Лејкерс – Њу Орлеанс   104 – 118

ChrisPaulLALAkers300.jpg

Стојаковиќ беше “on fire”. Погоди 10 тројки од 13 шута. Со тоа постави рекорд на својот тим. Во Хорнетси имаше уште еден рекордер. Крис Пол направи рекордни 21асистенција. Со оваа победа Хорнетси се први во НБА со скор од 4-0. Стојаковиќ погоди три тројки по ред и за од 78-78 на крај на трета четвртина да се отиде со 89-80 за Хорнетси. После ова победата на Хорнетси не беше доведена во прашање. Стојаковиќ имаше 36поени, Пол 19поени и 21асистенција и Давид Вест 22поени. Кај Лејкерси Коби заврши со 28поени 11-20 и Туријаф имаше за него солидни 15поени.

Голден Стејт – Кливленд   104 – 108

Интересна завршница имаше средбата во Оукленд. Решавачка беше тројката на Дени Гибсон на 20сек до крај за водство на Кливленд од 106-102. Потоа Бајрон го промаши шутот за три и се беше решено. Гибсон средбата ја заврши со 22поени. Џејмс за една асистенција не направи трипл-дабл средбата ја заврши со 24поени 14скока 9асистенции. Илгаускас имаше 22поени и 13скока. Кај домаќините БајронДејвис имаше 29поени и 10асистенции и Монта Елис 22поени.

Њу Јорк – Денвер   119 – 112

Фуриозните последни 12 минути беа причината за победата на Њу Јорк. Последната четвртина ја добија со 37-20. Но сепак Денвер утнаа многу шанси на крајот. При резултат 116-112 на 22сек до крај Смит промаши тројка, Антони имаше офанзивен промаши од под кош, па имаше офанзивен и ги промаши и двете слободни. Повторно првата петорка на Никси беше одлична. Крафорд имаше 25поени и 8асистенции, Кури 24поени, Рендолф 22поени и 17скока и Марбери 21поен и 9асистенции. Кај Денвер стандарно Ајверсон 32поени и Ентони 24поени и 9асистенции.

Шарлот – Феникс   83-115

Прмногу лесна победа на Феникс. На полувреме беше 59-37. Иако се очекуваше Окафор да биде незапирлив, бидејќи за Феникс не играше Стадемаер, Окафор имаше 0поени и средбата ја заврши со само 7скока. Бидејќи се беше решено уште на полувреме, второто полувреме го играа вторите постави на двете екипи. Затоа кај Феникс имаше дури 8 играчи со двоцифрен учинок. По 16поени имаа Барбоса, Мерион и Бел, Диао имаше 15поени и 11асистенции. Кај домаќините за одбележување е партијата само на Дадли кој од клупа имаше 16поени и 11скока.

Њу Џерси – Атланта   87 – 82

Решавачкиот кош го имаше Врајт на 15сек до крај за водство на Њу Џерси од 87-82, Пред тоа Џонсон погоди тројка за 85-82. Но промаши тројка потоа за да ја направи поинтересна завршницата на натпреварот, бидејќи потоа Армстронг ги промаши и двете слободни. Повторно најдобар кај Њу Џерси беше Џеферсон со 25поени. За истакнување е и Кид со 9поени 12асистенции 9скока како и Антоан Врајтсо 15поени. Кај Атланта по 18поени имаа Чилдрес и Џош Смит.

Чикаго – Л.А.Клиперс   91 – 97

Уште еден пораз на Чикаго(0-4). Биковите се уште се немаат радувано оваа сезона. Додека пак кај Клиперси(3-0) ситуацијата е обратна се уште немаат пораз. Критична за Чикаго беше серијата од 10-0 што ја направија Клиперси во последната четвртина. Тогаш од 89-85 на 4мин при крај поведоа со 95-89 на 30сек до крај. Во оваа серија Магети и Мобли дадоа по 5поени. Тие двајца беа и најефикасни кај победничката екипа. Мобли 33поени, Магети 18поени и 10скока. Кај домаќините Луол Денг имаше 22поени, Хајнрих 18поени и Гордон 15поени, но имаа катастрофален шут 19-50.

Сакременто – Сиетл   104 – 98

Сакременто ја забележа првата победа сезонава. За тоа требаше саглам да се намачи. Кралевите успеаа да редуцираат 20поени разлика што ја имаа Соникси во втората четвртина 54-34 и накрај дури да победат. Сиетл и на 2:30 до крај имаше водство од 98-95 и имаше два шута за да го зголемат, но Дурант и Вилкинс промашија. А тоа Кингси го искористија и со завршна серија од 9-0 го добија натпреварот. Кевин Мартин имаше 31поен и Селмонс 23поени кај Сакременто. Кај Сиетл Дурант имаше 27поени, а Шчербијак од клупата погоди 32поени.

Милвоки – Торонто   112 – 85

Дезмонд Мејсон 21п, Ред 17п (Милвоки)

Диксон 20п, Хампрејс 16п (Торонто)

Минесота – Орландо  103 – 111

Ал Џеферсон 25п 10с, Бакнер 18п (Минесота)

Двајт Хауард 26п 18с, Луис 27п Аројо 18п (Орландо)

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.