Шек оди си !!!
Знам ќе речете заради него Мајами ја освоија титулата 2005/06, но не викајте пошто ќе згрешите. Единствено нешто “добро” шо дојде со трампата на Шек беше плејадата на старци во Мајами(А.Вокер, Г.Пејтон, Д.Андерсон, Ш.Андерсон). Ова им беше втората постава во шампионската сезона. Плус Морнинг на центар. Ама него не го чепкајте. Втора постава во просек од100год. Иднина невидена. Земаа титула и се пензионираа.
Значи Мајми тогаш го даде Батлер, Одом и Б.Грент(не толку битен) за Шекиле. Батлер е ѕверка во Вашингтон, Одом исто во Лејкерси. А Шек катасрофа во Мајами. Ах што неможе Морнинг да игра повеќе. Морнинг моментално е измислен за Шек. Типот игра со срце. Он е моралот на Мајами. Тој е лидер на екипата. Не е се во парите и во годините и во здравјето.
А работата е што незнам за кој да го трампаат. Еве мој предлог: Пошто сега ги разгледував Сакременто па може да го дадат за Б.Милер и Р.Артест и уште некои играчи од двете екипи. Со оваа трампа Мајами добиваат одлична подршка за Вејд во нападот, плус Артест е одличен дефанзивец. Друга трампа што искрено јас ја сакам Џ.Смит и А.Хорфорд(рукито) од Атланта. Но проблемот е селари капот. Шек има голема плата, а овие двајца немаат ни приближно колку него. Може и во Лејкерс да се врати. Одом и Бајнм за него и плус, минус некој друг. Друга закон трампа за Мајами. Л.Денг, Б.Волис и Носиони за Вокер и Шек. Закон и за едните и за другите.
За кој сакаат нека го дадат само да не го гледам веќе во Мајами. Не бев ни да го донесат. Пошто Мајами тогаш имаа страшен потенцијал. Вејд,Карон Батлер, Дејмон Џонс, Рефер Алстон, Хаслем и Расол Батлер. Сите млади. Одом и Еди Џонс беа искуството во екипата.
За потсетување во предсезона имаат скор од 0-7 без Вејд. Знам предсезона е но да бидеме реални тоа им се можностите без Вејд. Друга работа што ме изнервира е што многу лесно се откажаа од Џ.Поуси и Капоно. Барем еден да оставеа.
Денеска имаше шпекулација за можна трампа Вокер, Долијак и В.Симејн за Рики Дејвис и М.Блонт од Минесота. Е ова е веќе нешто. Ако се случи ова Мајми ќе бидат ѕверови. Добро е што се свесни од управа дека не штима нешто како што треба. Ако се случи оваа трампа Минесота докажуваат дека ќе одат на максимум 10 победи во сезоната и топ 3 пик на драфтот идната година.
Но и оваа трампа да се случи не значи дека сакам Шек да остане.
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS