Sports blog

Мајами Катастрофа!!!

Мајами – Бостон   85 – 95

Мајами почнаа веќе да личат на Њу Јорк. А тоа е лошо, многу лошо. А уште полошо е што личат на Њу Јорк пред 3-4 год. Да личеа на сегашниве ќе се превземеше нешто одма. Личат пошто имаат екипа, а немаат резултати. Едноставно играат за да играат. Без срце, мотив, никаква желба за победа, без тренер. Рајли бил голем МОТИВАТОР ? Ја не гледам ни М од мотивација кај Вејд и Шек. Ни па мотивација кај Рајли. Како може двете ѕвезди да имаат шутнато 10 пати за 3 четвртини. Последната не ја рачунам пошто Бостон играше со втора постава, бидејќи во трета водеше и со 28п разлика. Епа неможе тоа, се знае Вејд е ЅВЕЗДА, топката мора да помине низ него кога се во напад и он да реши дали да ја подаде или да шутне. Офанзива имаат катастрофална, играат без некоја смисла. Наместо сите да играат за Вејд и Шек, ситуацијата е обратна. И тоа е убаво, но кога ќе ја извадат на тројка нема кој да шутне. Немаат тројкаш во екипата. Капоно им фали мнооооооогу. Најголемата глупост им беше тоа и исто откажувањето од Поуси.
Вејд беше катастрофа невидена. Ја Вејд го немам гледано волку слаб. Се шо подаде, подаде у публика. Кај му е шутот на човекот ? Страшен шут имаше, а сега…  Па слободно неможе да погоди?!?
Единствен за издвојување од Мајами е Морнинг. Треба пример да им биде да сите таму.  Каков тајминг има за банани секоја чест, се бори за секоја топка, се буни кај судии има желба за победа, ама само кај него и кај Халсем.

shaq and Wade.jpg

А дуо-трио фантастико повторно незапирливи. Тоа не важи за Ален пошто не му одеше шутот. Пол Пирс беше незадржлив. До 6мин од трета четвртина имаше 5-5 за три. На крај Пирс 27п, Гарнет 23п 9с и Ален 17п.

Кај Мајами Џеј Вилијамс 22п, Хаслем 18п 10с и Шек 13п 11с. Вејд заврши со 10п (2-11).

Далас – Портланд   91 – 80

Додека ги гледав Мајами ѕиркав и кај Далас. Морам да кажам дека Дирк не е истиот како порано. Си ја научил лекцијата човекот. Не се форсирај во регуларен дел, чувај се за плеј-оф. Само пофални зборови за ЛаМаркус Алдриџ. Малку на маса да стави и ќе биде ѕвер. Нешто као Стадемаер, ама ќе треба да се потруди малку повеќе.

Торонто – Кливленд   91 – 82

ЛеБрон не играше за Кливленд. Крис Бош за Торонто. Ти-Џеј Форд се врати за Торонто после 10дена пауза. Стартуваше од клупата. Неиграњето на  главните ѕвезди го искористија Барњани 26п и Делфино 24п кај Торонто и Дени Гибсон 24п и Гуден 15п 14с кај Кливленд.

Јута – Л.А.Лејкерс   120 – 99

Одлична партија на Дерон Вилијамс кој постигна 35п. Трипл-дабл за Кириленко 20п 11с 11ас. Победата има посебен шмек ако се знае дека за Џезерите поради повреди не се појавија Окур и Бузер.
Кај Лејкерси Коби 28п и Фармер 21п. Одом продолжува со топло-ладно игрите. Но не ја добива потребната минутажа во екипата. Се форсираат помладите.

Атланта – Њу Орлеанс   86 – 92

Филаделфија – Вашингтон   85 – 84

Рукито Ник Јанг промаши тројка во последната секунда за да му донесе победа на Вашингтон.

Феникс – Орландо   110 – 106

Рашард Луис промаши тројка на 6сек пред крај при резултат 108-106. Мерион ги погоди и двете слободни за конечни 110-106.
Кај Феникс 6 играчи имаа двоцифрен учинок. Неш 15п 14ас, Бел 20п, Стадемаер 19п 10с, Мерион 17п, Барбоса 17п и Грент Хил 15п.
Двајт Хауард продолжува со одличните партии за Магичните. Заврши со 30п 23с, но и со 8из топки. Туркоглу повторно одигра солидно 25п 8с 6ас. Но слабо функционираа бековите на Орландо.

Денвер – Л.А.Клиперс   123 – 107

Минесота – Сан Антонио   91 – 106

Сиетл – Индијана   95 – 93

carier-high за Кевин Дурант од 35п

Њу Јорк – Милвоки   91 – 88

Никси се вратија меѓу живите после поразот од Бостон со 45п разлика пред два дена. Но почетокот не се навестуваше такво нешто, Никси при крај на трета четвртина губеа и со 17п разлика 71 – 54. Но одличната партија на Крафорд во второто полувреме 21п. Го погоди и винерот на 28сек до крај за Никси да поведат со 89-88. Ред промаши тројка на 7 сек до крај за Милвоки да поведе.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , , | Напиши коментар

Орландо гостин што никој не го сака

Њу Орлеанс – Орландо   88 – 95

Во дербито на НБА според табелите, Орландо можеа многу лесно да лесно да го загубат натпреваарот иако водеаа и со 21п разлика во втората четвртина 44-23. Дури и во третата четвртина Њу Орлеанс поведе со 58-57. За тоа време Стојаковиќ постигна 11п. На 6мин до крај Хорнетси водеа и со +5(78-73). Но сепак во тој период Рашард Луис погоди две тројки и Туркоглу една за Орландо да го сврти резултатот на 89-84 на 1мин до крај. На крај Орландо не дозволи Хорнетси пак да им се доближат и забележаа една тешка победа.

pgBOS500_Iinteam_111607.jpg

Не се обидуваме да го убиеме Стен беше изјавата на Рашард Луис понатпреварот алудирајќи на тоа дека во последните неколку натпревари Магичните упропастуваат високи разлики(Бостон, Кливленд), но сепак победуваат. Магичните немаат пораз на гости сезонава. 7 победи по ред на гости.

Малерите за Хорнетси продолжуваат. Во втората четвртин изгубија уште еден стартер, Тајсон Чендлер кој го истегна левото колено и ќе паузира околу една недела. За Хорнетси втор натпревар по ред не играше Крис Пол. Пол највероватно ќе се врати или на наредниот или понаредниот натпревар.
Уште една одлична партија имаше Двајт Хауард 24п 15с. Луис имаше 19п, Нелсон 16п, Туркоглу и Кион Дулинг по 15п. Кај Хорнетси Стоја 21п и Џенаро Парго 18п 7ас.

Јута – Њу Џерси   101 – 75

Уште едно катастрофално издание на Њу Џерси. Се уште не е вратен Картер на теренот иако е со екипата на патувањата. Досега пропушти 5натпревари и сите ги загубија Нетси. 6ти пораз во низа за Нетси. Катастрофална партија имаше Џејсон Кид  2п, шут (1-9) со 6из топки и 8ас. Кај Јута Џери Слоун поради високата предност ги одмараше ѕвездите во последната четвртина. Одиграа само 2мин.

Мемфис – Сиетл   125 – 108

Мемфис го реши натпреварот уште во трета четвртина кога поведе и со 27п разлика. Тоа беше и причината што во Сиетл имаше дури 8 играчи со двоцифрен учинок, а кај Мемфис 7 играчи со двоцифрен учинок. Рукито Џеф Грин најпосле се најде како стартер во поставата на Сиетл и докажа дека е покорисен играч од Дурант. Грин 11п 14с, а Дурант само 11п. И двајцата имаа лош шут од поле. Кај Мемфис Стромајл Свивфт ја имаше најдобрата партија сезонава 24п.

Шарлот – Портланд   101 – 92

Одличната партија на бековите на Шарлот и добрата одбрана врз ЛаМаркус Алдриџ беа причината за поразот на Портланд. Алдриџ имаше и проблеми со личните. Цела трета  и пола втора четвртина ја преседе на клупата.
Плејот Фелтон имаше 24п 10ас, Џеј-Ричардсон 24п и Џералд Волис 27п.
Ноќеска играат:
01:00 Вашингтон – Филаделфија (2) co хендикеп
01:00 Атланта – Сан Антонио     (1) со хендикеп
01:00 Кливленд – Милвоки
01:00 Индијана – Л.А.Лејкерс    (2)
01:30 Њу Јорк – Голден Стејт
02:30 Далас – Торонто     (2) со хендикеп
03:00 Денвер – Чикаго     (1) со хендикеп
04:00 Сакременто – Феникс  (2)

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , | Напиши коментар

Трио фантастико го згази Денвер

Бостон – Денвер   119 – 93

Селтикси и по третиот натпревар остануваат непоразени. Но на овој натпревар докажаа дека ако на трио фантастико му тргне никој неможе да ги запре. Натпреварот беше решен уште на полувреме кога Бостон водеа со 77-38. Бостон по првиот дел имаа шут од 73%. Највисоката предност на Бостон беше +42. Трио фантастико играше и вo трета четвртина и потоа замина на заслужен одмор на клупата и остави Денвер да намалат малку да не биде фијаско. Кај Бостон Гарнет имаше 23поени 13скока 7асистенции, Пирс 26поени, Ален 22поени. Кај гостите за истакнување се, ако има такви после ваков пораз. Ајверсон имаше 22поени и Кемби 17поени.

Атланта – Феникс   105 – 96

После Далас, Атланта ги победија и Феникс. Кај Феникс повторно го немаше Стадемаер кој највероватно ќе се врати во петок. Тоа и беше причината за поразот поените од рекетот, како и скоковите во кои доминираа Атланта 56-40. Марвин Вилијамс имаше уште една одлична партија, а Ал Хорфорд беше повеќе дефанзивно настроен имаше 8поени и 15скока. Дури 4 играчи завршија со дабл-дабл учиниок кај јастребите. Тие го имаа водството уште при крај на прва четвртина и не го испуштија до крај. Единствен расположен кај Феникс беше Неш со 34поени и 11асистенции, а може да се додаде и Мерион со 20поени и 14скока. Кај Атланта М.Вилијамс имаше 20поени 12скока, Џо Смит 22поени 10скока, Џош Чилдрес 19поени 10скока, Џо Џонсон 15поени и 10асистенции, но беше мизерен од поле 3-17.

Сан Антонио – Мајами   88 – 78

Уште еден пораз на Мајами. Прмногу ќе беше да ги совладаат Сан Антонио. Се држеа до полувреме на кое заминаа со -1(39-38) и тоа беше се шо направија. Одлична партија кај Спарси одигра Ману Џинобили кој имаше учинок од 25поени 7скока 7асистенции и беше недазржлив за одбраната на Мајами.  Паркер додаде уште 23поени и 8асистенции. Кај Мајами за истакнување е Шек со 17поени, но со мизерни 3 скока за него.

Јута – Кливленд   103 – 101

Најинтересен натпревар синоќа дефинитивно. На 27сек Џејмс погодува за -3(99-96). Имаше и дополнително слободно, но го промашува и офанзивен скок за Илгаускас. Потоа пак Џејмс погодува за -1(99-98). Бревер ги погодува двете слободни за водство на Јута од 101-98. На 6сек до крај Џејмс погодува тројка за израмнување, но во последната секунда Дерон Вилијамс положува за победа на Јута. Најефикасни кај Јута беа Милсап 24поени, Карлос Бузер 23поени и 12скока и Дерон со 15поени и 12асистенции. Кај гостите ЛеБрон имаше трипл-дабл 32поени 15скока 13асистенции и Илгаускас 18поени 14скока.

Торонто – Орландо   96 – 105

Решавачка за победата на Орландо беше серијата од 8-0 кога од -1 дојдоа до водство од 99-92 на 2мин до крај благодарение на тројките на Нелсон и Луис. Најдобар кај Орландо повторно беше Туркоглу со 24поени и рекордни за него 15скока, Луис имаше 24поени, а по 17 имаа Хауард и Киет Богинс. Кај Торонто Бош најпосле изигра ол-стар партија, но за жал тоа не беше доволно за победа имаше 26поени и 10скока, а Барњани имаше 16поени.
Гршката кај Торонто мислам е што премногу за право си зима Барњани и мислам дека треба да го средат малку. Ако секој натпревар има двоциферн учинок, но шутот му е мизерен.

Портланд – Њу Орлеанс   93 – 90

Најпосле пораз на Њу Орлеанс. Ако за вчерашната победа беше одговорен Стоја сега беше одговорен за овој пораз имаше мизерни 5поени со шут 2-13. Натпреварот беше решен при крај на трета четвртина кога Портланд направи серија од 10-0 за водство од 71-60. И таа предност беше доволна за победа. Најдобри кај домаќините беа Џек и Вебстер со 20поени и Рој со 17поени. Кај Хорнетси Давид Вест имаше одлична партија со 34поени и 18скока, а Крис Пол имаше 18поени 12асистенции.

Сиетл – Мемфис   98 – 105

Крис Вилкокс 21п, Вилкинс 18п (Сиетл)

Руди Геј 25п 10с, Милер 20п 8с, Миличиќ 15п 10с (Мемфис)

Филаделфија – Шарлот   93 – 64

Игуладала 19п 7с, Воли Грин 14п, Даламберт 9п 13с (Филаделфија)

Керол 16п, Окафор 11п 11с (Шарлот)

Ноќеска играат:

01:30 Њу Џерси – Вашингтон

02:00 Чикаго – Детроит

04:30 Голден Стејт – Далас

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.