Чикаго постигна 111п!!!
Инзвонреден натпревар се одигра во Њу Орлеанс. На 40 сек до крај Крис Пол ги погодува и двете слободни за да намали на 100-99. Потоа Новитцки промашува тројка на 26сек до крај. Во нападот на Њу Орлеанс Пол промашува, Чендлер од одбојка промашува, скок на Новитцки и Дирк е фаулиран на 6сек до крај. Германецот ги погодува и двете слободни и Далас води со 112-109. И тогаш на 2сек до крај Предраг Стојаковиќ погодува тројка од ќошот за продолжение. Во продолжението Хорнетси беа попрецизни и дојдоа до својата 12победа и ги прескокнаа Далас на табелата.

(Дирк плаче после поразот)
Одличен натпревар кај Хорнетси имаше Крис Пол 33п 12ас 9с, потпомогнат од Стојаковиќ 22п и Чендлер 21п 13с. Кај Далас Тери, Новитцки и Џош Хауард имаа по 19п, а Стекхаус 18п.
Кингси видно мотивирани му покажаа на Рик Аделман дека и без него знаат да играат кошарка. Натпревар во кој секој играч си имаше своја четвртина. Јао во првата даде 16п и Хјустон заврши со водство од 29-26. Во третата Ти-Мек постигна 15п, а Кевин Мартин 14п, но поради подобрата тимска игра Сакременто замина со водство од 79-74. Во последна Ти-Мек повторно беше осамен кај Ракетите постигна 13п, но и таа четвртина ја добија Сакременто.
На крај Кевин Мартин заедно со Рон Артест имаа по 26п, Удрих 15п, Селмонс 13п и Бред Милер 12п. Кај Хјустон расположени беа само Ти-Мек 40п и Јао 29п 11с.
Њу Џерси – Филаделфија 83 – 83 прод 94 – 92
Милер ги погоди двете слободни фрлања на 22сек до крај за 83-83. Картер имаше шанса да им донесе победа уште во регуларниот дел на Нетси, но неговиот шут заврши во врвот на обрачот. Во продолжението клучен беше моментот кога му додудија 3сек во рекет на Даламберт на 1мин до крај. После тоа Нетси погодија и отидоа на +5.
Картер повторно не беше стартер. Постигна 24п. Џеферсон 23п и Џејсон Кид 19п 8ас. Кај Фили Игуладала 24п, Андре Милер и Корвер 14п.
Вашингтон – Торонто 101 – 97
Вашингтон после повредата на Аренас имаат позитивен скор од 5-4. Батлер и Џејмисон одлично си ја вршат својата задача. Џејмисон има просек од 25,5п, а Батлер 23,4п без Аренас.
Мемфис – Минесота 109 – 80
Милвоки – Детроит 91 – 117
Чикаго – Шарлот 111 – 95
Со оваа победа Чикаго последното место на истокот им го препуштија на Мајами. Бен Гордон и Луол Денг најпосле одлични партии. Гордон 34п, а Денг 29п. Втор пат Чикаго оди над 100п, но ова им е прв пат да победат со над 100п. 111п им се највеќе дадени сезонава. Исто така 34п и 29п се season-high и за Гордон и за Денг.
Какви натпревари синоќа
Бостон – Мајами 92 – 91
Ништо од изненадувањето на Мајами иако беа многу блиску. Бостон останува непоразен и го брка НБА рекордот од 14стартни победи без пораз. Бостон ја имаше контролата врз резултатот и повторно се навестуваше нивна лесна победа. На 8мин пред крај на натпреварот Бостон водеше со 86-71. Но тогаш многу грешки многу промашувања на Бостон, Мајами прави серија од 15-0 и на 2мин пред крај се влегува во неизвесна завршница 86-86. И после доаѓа критичното за Мајами слободните. При 90-88 за Бостон Кук забива за 90-90 на 53сек пред крај при тоа е и фаулиран. Го промашува дополнителното слободно. Пирс промашува во нападот за Босотн. Хаслем е фаулиран на 33сек пред крај. Погодува само едно слободно за 91-90 за Мајами.

И решавачкоит-победничкоит кош(види слика) го постигнува Пол Пирс на 25сек пред крај. Мајами имаат шанса за победа има време точно за еден напад, но Вејд го промашува винерот во последната сек. Причина за поразот на Мајам од статистичка гледна точка се слободните. Бостон имаа промашено само едно,а Мајами 12.
Вејд изјави за новинарите дека мора да се мотивира Шек ако сакаат да се вратат на победничка патека.
Најефикасни кај Бостон беа: Гарнет 26п 11с, Ален 19п и Поуси 13п. Пирс заврши со 12п од кој во второто полувреме постигна само 4п меѓу кој и решавачкоит. Кај Мајами Вејд кој се врати во стартната петорка имаше 23п, но промаши 5слободни. Рики Дејвис 20п и Шекиле 17п.
Кливленд – Јута 99-94
Одличната игра на ЛеБрон во второто полувреме беше причина за победата на Кливленд против Јута. ЛеБрон имаше 34п од своите 40п во второто полувреме. Ова беше уште една интересна завршница. Во последната минута се влезе изедначено 90-90. Илгаусгас погоди за 92-90, Бузер врати за 92-92 на 30сек до крај. ЛеБерон погоди две слободни на 18сек до крај за 94-92. Потоа ЛеБрон, но овојпат у одбрана му ја залепи една на Бузер. Браун беше фаулиран и погоди само едно слободно за 95-92 на 10сек до крај. Дерон промаши шут за три, но офанзивен на Бузер додавање за Кириленко и 95-94 на 4сек до крај. ЛеБрон ги погодува двете слободни за 97-94. Окур промаши тројка за продолжение. Кај домаќините ЛеБрон имаше 40п 10с 9ас и 3бл, Илгаускас 17п 12с 6бл. Кај Јута Бузер 26п 11с.
Мемфис – Њу Орлеанс 114-114 прод 118 – 120
Уште еден возбудлив натпревар од синоќешните. Освен во првата четвртина кога Хорнетси водеа и со 13п, натпреварот до крај беше изедначен +- 4 за едните или за другите. Но сепак во завршницата од регуларниот дел чуда се случуваа. Се случи идеалното нешто за тренерот кога губи со 5разлика на 20сек до крај. При 110-105 за Хорнетс Наваро погодува тројка на 13сек до крај за 110-108. Стојаковиќ погодува две слободни за 112-108. На 7сек до крај Руди Геј погодува тројка 112-111. Пол ги реализира двете слободни за 114-111. И на 1сек до крај Руди Геј погодува тројка за ПРОДОЛЖЕНИЕ.
Сепак среќата Мемфис ја искористија во регуларниот дел. Во продолжението Давид Вест погодува на 8сек пред крај за 120-118, а Руди Геј го промашува шутот за второ продолжение. Да одел на тројка 100% ќе погодел.
Кај Хорнетси одличен натпревар имаше Давид Вест со 40п, Крис Пол имаше 28п 13ас, Чендлер 12п 17с и Стојаковиќ 17п. Кај Мемфис carier high имаше Шпанецот Наваро кој е руки оваа година. Од клупата постигна 28п. Руди Геј и Пол Гасол имаа по 20п.
Сан Антонио – Хјустон 90-84
Иако си мислев Сан Антонио се досадни, а кај Хјустон не игра Ти-Мек значи и утакмицата ќе биде досадна сепак згрешив. Одличен натпревар, со многу борба жар, добри потези, срце и добра тактика од тренерите. Разликата меѓу Спарси и Хјустон беше срцето на Ману Џинобили. Типот е страшен. Кога никој не сакаше да ризикува типот ја фаќаше топката и без размислување шутираше. Зборувам за трета четвртина кога Хјустон се доближи на 61-60, а за 2мин Џинобили им направи серија од 8-0( две тројки и 1ас). Истото се случуваше и во последната четвртина кога се решаваше натпреварот. Погоди за 88-84 на 1мин пред крај. Шо се докажа и за решавачко.
Морам да кажам само пофални зборови за играта на Хјустон. Тактички одлично изиграа во одбрана. Добро им беше шо играа зона. Се виде дека Паркер не може да игра против таквата одбрана. Но сепак премногу простор имаше за Финли кој ги решетеше секогаш кога ќе му се укажеше прилика. И грешка мислам дека му беше на Аделман шо го извади Јао во првата четвртина без причина, бидејќи после тоа Данкан се растури. Требаше секогаш кога ќе биде Данкан на паркетот и Јао да биде бидејќи многу тешко му одеше на Данкан против Јао. Но имаше среќа се некако се одбиваше топката кај Данкан и овој погодуваше небранет од никого. Морам да го пофалам Скола кој изигра одлична партија. Беше многу корисен играч се што му даваа го погодуваше. И една критика за Хјустон премногу форсираа шут за три и тоа од неизградени позиции.
Кај Спарси Данкан имаше 25п 13с, Џинобили 19п и Финли 17п. Кај Хјустон Скола 20п, Батие 16п и Јао 14п.
Атланта – Сиетл 107 – 107 прод 114 – 114 прод 123 -126
Кевин Дурант постигна тројка за победа на Сиетл.
Филаделфија – Портланд 92-88
Филаденфија анулираше 25п разлика од втората четвртина и на крај победи. Губеше со 22поени во трета. Последната четвртина ја доби со 36-15.
Л.А.Лејкерс – Детроит 103 – 91
Одлична четврта четвртина на Лејкерси. Постигнаа 41п со 78% шут. Таа четвртина беше и решавачка за победата на Лејкерси. Потег на натпреварот беше асистенцијата на судијата Рон Гаретсон. Одом му ја подаваше на Коби и го утна за 2метра. Топката беше силно упатена го погоди во тело судијата и стаса до Радмановиќ кој погоди.
Ламар Одом 25п 15с, Брајант 19п 7ас (Л.А.Лејкерс)
Принс 16п, Хамилтон 16п, Флип Муреј 15п (Детроит)
Сакременто – Њу Јорк 98 – 98 прод 108 – 108 прод 123 -118
Мартин carier-high 43п.
Марбери пак стартуваше од клупа. Се шушка трампа со Портланд или со Сакременто. Ова се зборува откако Марбери не дојде на натпреварот со Феникс. За тоа беше казнет со 182 000$. Оправдувањето на Марбери беше незадоволството шо клубот сакал лесно да се ослободи од него, а Марбери давал макимум на теренот и плус се направил пред тоа да дојде да игра за својот роден град.
Торонто – Индијана 110 – 101
Њу Џерси – Орландо 70 – 95
Трипл-дабл на Кид 11п 19с 10ас. Двајт Хауард го помина Шек како најмлад играч кој стасал до 3000 скока.
Голден Стејт – Л.А.Клиперс 122 – 105
Прва победа на Голден Стејт сезонава.
Минесота – Вашингтон 89 – 105
Крис Пол ги скина мрежичките
Њу Џерси – Њу Орлеанс 82 – 84
Чуден тек имаше натпреварот во Џерси. Хорнетси добро почнаа и на 5мин пред крај на втора четвртина имаа +13 (42 – 29). Во овој период Стојаковиќ имаше 12поени сите од удари за тројка(4-4). На крај и на толку заврши. Потоа во тртата четвртина на сцена стапи Џеферсон кој во таа четвртина постигна 16поени за на крај на трета Нетси да поведат со 67-65. Водството го зголемуваа до 5мин пред крај кога водеа со 79-68. Потоа Хорнетси запнаа и на 1мин пред крај намалија на 82-78. Во тие моменти Пол краде една топка уште на половината на Њу Џерси ја додава до Морис Питерсон кој погодува тројка и при тоа е фаулиран. Го погодува слободното за изедначување 82-82. Крстиќ е фаулиран од Вест на 42сек до крај. Ги промашува и двете слободни. Кид прави офанзивен скок. Повторно се оди преку Крстиќ кој пак промашува.
И сите овие промашувања ги казнува Крис Пол на 2сек до крај кога положува за победа на Хорнетси.Кај Хорнетси Крис Пол имаше 27поени 7асистенции 6скока и Чендлер со 14поени и 12скока. Кај Нетси кои играа без Винс Картер Џеферсон 32поени и Кид со 14поени 10асистенции 9скока.
Денвер – Кливленд 122 – 100
Во битката на ривалите од драфтот 2003/04 Џејмс и Ентони како победник испадна Ален Ајверсон кој на оваа средба постигна за него рекордни оваа сезона 37поени. Натпреварот беше решен на почетокот на второто полувреме кога за 6мин игра Денвер изгради виско водство од 78-51. Водството се одржуваше до крајот на натпреварот. Причина за поразот на Кливленд е одличната одбрана на Денвер врз кошаркарите на Кливленд со исклучок на ЛеБрон. ЛеБрон постигна 27поени. За истакнување е и Ира Њубл кој од клупа додаде 17поени. Илгаускас имаше 2п, Хјуз 3п, Гуден 5п и Гибсон 7п. Кај Денвер освен Ајверсон кој додаде и 8асистенции, Џеј-Ар Смит имаше 29поени, а Ентони 22поени.
Јута – Сакременто 117 – 93
Карлос Бузер 32п 10с, Кириленко 15п 8с 8ас, Рори Бревер 13п (Јута)
Селмонс 22п, Кевин Мартин 21п, Гарсија 19п (Сакременто)
Ноќеска играат:
01:00 Шарлот – Мајами (1) (+)
01:00 Орландо – Сиетл (1) (+)
01:00 Индијана – Бостон (2) (+)
02:00 Мемфис – Хјустон (2) ( – )
02:30 Далас – Филаделфија (1) (+)
02:30 Сан Антонио – Л.А.Лејкерс (1) (+)
03:00 Феникс – Њу Јорк (+) на кошеви (не знам за оваа)
04:00 Портланд – Детроит (1) со хендикеп (+)
-
Архиви
- Јули 2008 (61)
-
Категории
-
RSS
Entries RSS
Comments RSS