Sports blog

Чикаго постигна 111п!!!

Њу Орлеанс – Далас   102 – 102   прод   112 – 108

Инзвонреден натпревар се одигра во Њу Орлеанс. На 40 сек до крај Крис Пол ги погодува и двете слободни за да намали на 100-99. Потоа Новитцки промашува тројка на 26сек до крај. Во нападот на Њу Орлеанс Пол промашува, Чендлер од одбојка промашува, скок на Новитцки и Дирк е фаулиран на 6сек до крај. Германецот ги погодува и двете слободни и Далас води со 112-109. И тогаш на 2сек до крај Предраг Стојаковиќ погодува тројка од ќошот за продолжение. Во продолжението Хорнетси беа попрецизни и дојдоа до својата 12победа и ги прескокнаа Далас на табелата.

Dirk place.jpg

(Дирк плаче после поразот)

Одличен натпревар кај Хорнетси имаше Крис Пол 33п 12ас 9с, потпомогнат од Стојаковиќ 22п и Чендлер 21п 13с. Кај Далас Тери, Новитцки и Џош Хауард имаа по 19п, а Стекхаус 18п.

Сакременто – Хјустон   107 – 99

Кингси видно мотивирани му покажаа на Рик Аделман дека и без него знаат да играат кошарка. Натпревар во кој секој играч си имаше своја четвртина. Јао во првата даде 16п и Хјустон заврши со водство од 29-26. Во третата Ти-Мек постигна 15п, а Кевин Мартин 14п, но поради подобрата тимска игра Сакременто замина со водство од 79-74. Во последна Ти-Мек повторно беше осамен кај Ракетите постигна 13п, но и таа четвртина ја добија Сакременто.
На крај Кевин Мартин заедно со Рон Артест имаа по 26п, Удрих 15п, Селмонс 13п и Бред Милер 12п. Кај Хјустон расположени беа само Ти-Мек 40п и Јао 29п 11с.

Њу Џерси – Филаделфија   83 – 83   прод   94 – 92

Милер ги погоди двете слободни фрлања на 22сек до крај за 83-83. Картер имаше шанса да им донесе победа уште во регуларниот дел на Нетси, но неговиот шут заврши во врвот на обрачот. Во продолжението клучен беше моментот кога му додудија 3сек во рекет на Даламберт на 1мин до крај. После тоа Нетси погодија и отидоа на +5.
Картер повторно не беше стартер. Постигна 24п. Џеферсон 23п и Џејсон Кид 19п 8ас. Кај Фили Игуладала 24п, Андре Милер и Корвер 14п.

Вашингтон – Торонто   101 – 97

Вашингтон после повредата на Аренас имаат позитивен скор од 5-4. Батлер и Џејмисон одлично си ја вршат својата задача. Џејмисон има просек од 25,5п, а Батлер 23,4п без Аренас.

Мемфис – Минесота   109 – 80

Милвоки – Детроит   91 – 117

Чикаго – Шарлот   111 – 95

Со оваа победа Чикаго последното место на истокот им го препуштија на Мајами. Бен Гордон и Луол Денг најпосле одлични партии. Гордон 34п, а Денг 29п. Втор пат Чикаго оди над 100п, но ова им е прв пат да победат со над 100п. 111п им се највеќе дадени сезонава. Исто така 34п и 29п се season-high и за Гордон и за Денг.

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , | Напиши коментар

ЛеБрон МВП уште сега!?!

Индијана – Кливленд 106 – 111

Уште еден трипл-дабл на ЛеБрон. Четврти сезонава. Втор по ред. Со овие статистики што сега ги има ЛеБрон е далеку над сите играчи. Сезонава има неверојатни 31.3п заедно со 8.3с и 8.1ас по натпревар. Вакви статистики во НБА одамна немал некој играч. Од времето на Меџик.

LeBron.jpg

Ова беше неговиот 14 трипл-дабл во кариерата. Со оглед на тоа дека Лери Хјуз е повреден се очекува уште некој. Кид е веднаш зад него со 3 трипл-дабл учинока сезонава.

Инаку на овој натпревар Индијана во последната четвртина влезе со 2п предност, но благодарение на Кралот Џејмс кој постигна 14п во последната четвртина Кливленд го сврти резултатот во своја корист. Во последната минута Кливленд влезе со предност од 1п (103-102).
Индијана промаши три шута за водство, а Дејмон Џонс погоди тројка на 35сек до крај за +4 за Кливленд. Тинсли ја губи топката од Џејмс во нападот на Индијана и натпреварот е решен. ЛеБрон промаши дури 5 слободни во последната четвртина.

На крај Леброн заврши со 30п 11с 10ас, Павловиќ 22п и Дру Гуден 23п 12с. Кај Индијана Џемал Тинсли за малку трпл-дабл 24п 10ас 9с но и 8заг топки, Маркиз Дениелс 25п и Грејнџер 21п.

Л.А.Лејкерс – Њу Џерси 100 – 102

Интересна завршница во Лос Ангелес. Коби ги кошташе пораз Лејкерси. На 6сек до крај при резултат 101-98 за Њу Џерси, Коби беше фаулиран од Кид при шут за три. Ги погоди првите две, но не и третото. Нахбар беше брзо фаулиран. Погодува само едно слободно и 102-100. На крај Радмановиќ промашува тројка за победа.

Кај Нетси Џеферсон заврши со 27п, Кид 15п 14ас, Картер кој пак стартуваше од клупа заврши со 19п и Нахбар 15п. Кај Лејкерси Коби 30п, Фишер солиден 20п, Одом 16п и Бајнум 12п 13с. Радмановиќ беше стартер и имаше катасрофална партија 1п со шут(0-10).

Сиетл – Сан Антонио 101 – 116

Серијата од 12-0 на стартот на трета четвртина беше доволна за Сан Антонио да се одлепи и рутинирано да дојде до 5 победа по ред нивна 12 сезонава. Имаат и 2 пораза и тоа е најдобар скор на западот, втор во цела НБА.

Најзаслужни за победата беа Данкан со 26п, Паркер 22п и Џинобили 22п. Кај Сиетл Дурант може ја имаше најдобрата партија сезонава. Постигна 25п со солиден шут 11-17. Додека најефикасен на средбата беше резервистот Шчербијак со 27п.

Детроит – Јута 93 – 103

Торонто – Чикаго 93 – 78

За Чикаго после паузата од 3 натпревари се врати Луол Денг, но Чикаго пак изгубија. Чикаго се најслабата офанзивна екипа. Имаат просек од 86.5п по натпревар. Исто се и екипа што во просек губи со највеќе разлика во просек со 10п и единствени со шут за три под 30%. Последни се на истокот со скор 2-10.

А ја во preview-то на истокот ги ставив 3ти со кој памет. Најголемо разочарување заедно со Мајами до сега.

Вести:

ЛеБрон и Тони Паркер ги добија наградите за играчи на неделава што измина на истокот односно на западот. Кралот имаше 36,5п 9,5с 8,5ас во просек за скор 3-1 на Кливленд. ЛеБрон е и најголемиот кандидат на истокот за титулата најдобар на за месец ноември. Паркер пак беше лидер на Сан Антонио во четирите победи без пораз оваа недела. Тони имаше 26,5п и 8,3ас по натпревар.

ЛеБрон заслужено ја доби оваа титула, а на запад мислам дека Бајрон Дејвис за влакно изгуби. Добро имаше една лоша утакмица со Бостон, но на другите беше одличен. На средбата со Вашингтон имаше и трипл-дабл. Но сепак не е грешка што Тони е избран за најдобар на запад.

Ноќеска играат:

01:30 Њу Јорк – Јута

02:00 Њу Орлеанс – Минесота

02:30 Далас – Вашингтон

04:00 Сакременто – Сан Антонио

04:00 Портланд – Орландо

04:30 Л.А.Клиперс – Хјустон

04:30 Голден Стејт – Феникс

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , | Напиши коментар

Шампионите Сан Антонио со прв пораз

Хјустон – Сан Антонио   89 – 81

Јао Минг беше најзаслужен за победата на Хјустон над Сан Антонио. Во последната четвртина постигна 7поени и му залепи две банани на Данкан за Сан Антонио да не направи серија и Хјустон од готово да направат вересија. Критична за Сан Антонио беше втората четвртина која Спарси ја загубија со 27-13. Ова беше прв пораз на Спарси и сега имаат скор од 3-1 колку што имаат и Хјустон. Јао постигна 28поени 13скока и 6асистенции, а Бонзи Велс донираше од клупата уште 14поени и 15скока. МекГрејди немаше своја вечер 12поени со шут 4-14. Кај Сан Антонио Џинобили 23поени и Паркер 21поен. Данкан слично како МекГрејди заврши со 14поени 10скока и 5загубени топки.

Л.А.Лејкерс – Њу Орлеанс   104 – 118

ChrisPaulLALAkers300.jpg

Стојаковиќ беше “on fire”. Погоди 10 тројки од 13 шута. Со тоа постави рекорд на својот тим. Во Хорнетси имаше уште еден рекордер. Крис Пол направи рекордни 21асистенција. Со оваа победа Хорнетси се први во НБА со скор од 4-0. Стојаковиќ погоди три тројки по ред и за од 78-78 на крај на трета четвртина да се отиде со 89-80 за Хорнетси. После ова победата на Хорнетси не беше доведена во прашање. Стојаковиќ имаше 36поени, Пол 19поени и 21асистенција и Давид Вест 22поени. Кај Лејкерси Коби заврши со 28поени 11-20 и Туријаф имаше за него солидни 15поени.

Голден Стејт – Кливленд   104 – 108

Интересна завршница имаше средбата во Оукленд. Решавачка беше тројката на Дени Гибсон на 20сек до крај за водство на Кливленд од 106-102. Потоа Бајрон го промаши шутот за три и се беше решено. Гибсон средбата ја заврши со 22поени. Џејмс за една асистенција не направи трипл-дабл средбата ја заврши со 24поени 14скока 9асистенции. Илгаускас имаше 22поени и 13скока. Кај домаќините БајронДејвис имаше 29поени и 10асистенции и Монта Елис 22поени.

Њу Јорк – Денвер   119 – 112

Фуриозните последни 12 минути беа причината за победата на Њу Јорк. Последната четвртина ја добија со 37-20. Но сепак Денвер утнаа многу шанси на крајот. При резултат 116-112 на 22сек до крај Смит промаши тројка, Антони имаше офанзивен промаши од под кош, па имаше офанзивен и ги промаши и двете слободни. Повторно првата петорка на Никси беше одлична. Крафорд имаше 25поени и 8асистенции, Кури 24поени, Рендолф 22поени и 17скока и Марбери 21поен и 9асистенции. Кај Денвер стандарно Ајверсон 32поени и Ентони 24поени и 9асистенции.

Шарлот – Феникс   83-115

Прмногу лесна победа на Феникс. На полувреме беше 59-37. Иако се очекуваше Окафор да биде незапирлив, бидејќи за Феникс не играше Стадемаер, Окафор имаше 0поени и средбата ја заврши со само 7скока. Бидејќи се беше решено уште на полувреме, второто полувреме го играа вторите постави на двете екипи. Затоа кај Феникс имаше дури 8 играчи со двоцифрен учинок. По 16поени имаа Барбоса, Мерион и Бел, Диао имаше 15поени и 11асистенции. Кај домаќините за одбележување е партијата само на Дадли кој од клупа имаше 16поени и 11скока.

Њу Џерси – Атланта   87 – 82

Решавачкиот кош го имаше Врајт на 15сек до крај за водство на Њу Џерси од 87-82, Пред тоа Џонсон погоди тројка за 85-82. Но промаши тројка потоа за да ја направи поинтересна завршницата на натпреварот, бидејќи потоа Армстронг ги промаши и двете слободни. Повторно најдобар кај Њу Џерси беше Џеферсон со 25поени. За истакнување е и Кид со 9поени 12асистенции 9скока како и Антоан Врајтсо 15поени. Кај Атланта по 18поени имаа Чилдрес и Џош Смит.

Чикаго – Л.А.Клиперс   91 – 97

Уште еден пораз на Чикаго(0-4). Биковите се уште се немаат радувано оваа сезона. Додека пак кај Клиперси(3-0) ситуацијата е обратна се уште немаат пораз. Критична за Чикаго беше серијата од 10-0 што ја направија Клиперси во последната четвртина. Тогаш од 89-85 на 4мин при крај поведоа со 95-89 на 30сек до крај. Во оваа серија Магети и Мобли дадоа по 5поени. Тие двајца беа и најефикасни кај победничката екипа. Мобли 33поени, Магети 18поени и 10скока. Кај домаќините Луол Денг имаше 22поени, Хајнрих 18поени и Гордон 15поени, но имаа катастрофален шут 19-50.

Сакременто – Сиетл   104 – 98

Сакременто ја забележа првата победа сезонава. За тоа требаше саглам да се намачи. Кралевите успеаа да редуцираат 20поени разлика што ја имаа Соникси во втората четвртина 54-34 и накрај дури да победат. Сиетл и на 2:30 до крај имаше водство од 98-95 и имаше два шута за да го зголемат, но Дурант и Вилкинс промашија. А тоа Кингси го искористија и со завршна серија од 9-0 го добија натпреварот. Кевин Мартин имаше 31поен и Селмонс 23поени кај Сакременто. Кај Сиетл Дурант имаше 27поени, а Шчербијак од клупата погоди 32поени.

Милвоки – Торонто   112 – 85

Дезмонд Мејсон 21п, Ред 17п (Милвоки)

Диксон 20п, Хампрејс 16п (Торонто)

Минесота – Орландо  103 – 111

Ал Џеферсон 25п 10с, Бакнер 18п (Минесота)

Двајт Хауард 26п 18с, Луис 27п Аројо 18п (Орландо)

Јули 19, 2008 Posted by | НБА 2007/08 | , , , , , , , , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.