Sports blog

Извлечени групите за EURO 2008

Група А Група Б

Швајцарија                      Австрија
Чешка                              Хрватска
Португалија                     Германија
Турција                           Полска

Група Ц                                    Група Д

Холандија                       Грција
Романија                         Шведска
Италија                           Шпанија
Франција
Русија

Погледнете ја Група Ц. Фаворит до фаворит. Од таа група мислам дека Холанѓаните 100% одат понатаму, а Италија и Франција ќе си решаѕ самите кој ќе оди. Пак се паднаа истите репрезентации како во квалификациите. Холандија со Романија. Италија со Франција.

Хрватите имаа прилично лесна група. Со Германците се фаворити во таа група. Пољаците може да изненадат.

Можно ли е Грците да бидат првата репрезентација што ќе ја одбрани титулата ??? Шпанија ми е фаворит од таа група.

А првата група е најизедначена и мислам дека ќе биде најинтересна.

Јули 19, 2008 Posted by | EURO 2008 | , | Напиши коментар

Зошто странец(Катанец) за селектор

Завршија квалификациите за Европското првенство во Австрија-Швајцарија и одма политички ориентираните медуми се удрија на лаење. Колку Катанец не чинел, Хаџи-Ристевски врска немал, за платата Катанец шо ја земал шо направил, УА, УА, УА. Особено Филе ме изнервира со лаењето. Демек овој настап ни бил најлош досега. А во анкетата шо ја правеше никој од испитаните не го спомна Катанец како причина за лошиот пласман. Епа Филе и овој токмакот од Канал 5 читајте шо сме направиле.

Да анализираме што направил Катанец. Значи Македонија заврши на 5то место со 14поени во група со Англија, Хрватска, Русија, Израел, Естонија и Андора. Освоивме највеќе поени досега. Точно е дека сега бевме 7 репрезентации во група, а порано сме биле по 6 или 5, но  на претходните  и ако додадеме и +6поени  на нашето бодовно салдо нема да имаме 14поени. Исклучок се  квалификациите за светско првенство 1998 кога имавме 13поени, но бевме во далеку послаба група од оваа. Бевме 6 репрезентации и фалеше една силна репрезентација за таа група биде иста со оваа.

Значи бодовно напредувавме. Да видиме дали напредувавме со играта. Ако се исклучат натпреварите со Русија, особено натпреварот дома (0 – 2) за кој мислам дека беше најлошиот под водство на Катанец и тој во гости на кој промашивме пенал при 1-0 за Русија во второто полувреме и со бевме со играч повеќе, но после тоа паднавме психички и Русите не докрајчија со 3-0, на другите натпревари не бевме лоши.

Почнувајќи од првиот со Естонија каде што Седло ни донесе победа, во да речам изедначен натпревар. Да бидеме реални среќно победивме. Но таа среќа ни избега на натпреварот со Англија дома. Натпревар на кој Македонија покажа дека може да се држи и со велесила од типот на Англија. Одигравме одлично. После натпреварот со Хрватска наш најдобар натпревар иако изгубивме со 0-1. Крауч среќно не реши. Сепак им вративме во Англија. Натпревар на кој Англичаните беа подобри имаа повеќе шанси, но шанси имавме и ние. Можевме и да ги победиме со повеќе среќа и присебност во решавачките моменти. Со Андора лесно 3-0 на гости, нешто шо не беше случај во претходните квалификации. Со Хрватите таму, мислам дека беше местена таа утакмица. Као Седло дава гол од слободен, киксира Плетикоса 0-1 за нас, Хрватите ништо не изиграа прво полувреме. Срна најавен прва постава ама не почна од старт, па коа у второ Билиќ си ја поправа грешката го става и Македонија не испадна од шеснаесетник. Плус Седло добива црвен за стартови шо никогаш пред тоа не би ги направил. Тоа е мое мислење. Со Естонците дома имавме шанси за победа ама не ги искористивме. Ама каков гол ни дадоа Естонците, секоја чест. Со Андора за Тоше пак лесно до 3-0. И со Хрватите на крај одличен натпревар за нас во нелогични услови, но сепак победа си е победа и колку на некој таа не му се свиѓала треба да се слави, бидејќи беше повеќе од заслужена. Особено што Хрватите се меѓу топ 10 во светот.

Израелците намерно ги испуштив. Грешката со ваквите репрезентации не е во тренерот туку во играчите. Секогаш натпреварите со противници кои се на нашиот рејтинг ги играме на крај. И овие натпревари се без никакво значење за нас. Но пред да почнат квалификациите после ждрепката сите ги сметаме овие натпревари за добиени. Истото се случува и со фудбалерите. Немаме добиено натпревар со ваква репрезентација досега. Почнувајќи од Литванија па Словачка, минатите квалификации Финска и овие Израел.

На пријателските натпревари ги победивме Еквадор, Турција и Албанија. Изигравме нерешено со Нигерија, а загубивме само од Бугарија во дебито на Катанец.  Значи со Катанец имаме скор 7победи 3нерешени и 7порази. Гол разлика 16-14.

Значи и во играта сме подобрени. Во пристапот кон репрезентацијата да не зборувам. Во професионалноста на играчите исто. Професионалноста на новинарите исто. Се врати публиката на репрезентативните натпревари. На сите утакмици Градски беше полн. Маркетингот значи функционираше. За првпат одкога е Катанец тренер цела Македонија не му се мешаше во изборот на играчите. Катанец си имаше околу 20тина фудбалери и нив ги форсираше. Тоа првпат се случува. Претходо имаше случаеви каде некој шо нема заиграно у својот тим и тоа у прва мак-лига да игра за репрезентација. Бандулиев не заигра за Работнички, а играше против Чешка таму, само за да на некого му се исполни желбата. Примери има и со други такви фудбалери ама овој сега ми текна.

Е сега секој тренер си има грешки, никој не е совршен. Но Катанец имаше најмалку до сега. Ме нервираше што форсираше со 3 дефанзива и со само еден крилен играч по страна. Тоа го играа Бразил ама тогаш Карлос и Кафу беа у најдобра форма. А да бидеме реални Лазаревски и Петров или Попов умираа после 60мин. А тоа беше пошто немавме среден крилен кој ќе вкрстеше со него. Поарно да го форсираше Васовски или И.Митревски на за нив неадекватна позиција, странични бекови и да игравме 4 – 4 – 2. Така мислам ќе бевме поопасни. И минусот од мене му е за незимањето на Неџипи и не пратењето на нашите фудбалери во странство и тука.

Но ако ме прашате мене “Дали Катанец пак ?” имате едно ДА. И не мора Катанец да биде некој друг странец ама да има реноме. Не дека нашиве не се стручни, но ако Македонец е тренер тогаш и сите ние сме тренери. Едноставно луѓево тука не ги ценат. А за парите, тоа си е таман. 10000е не се многу. Толку треба да зема некој селектор. Другите ги лажеле претходно. Ако вие мислите дека еден фудбалер треба да зема 200е плата и еден тренер 500е плата се лажете или ве лажат. Ако се качат платите ќе се качи рејтингот на фудбалот во Македонија. Ама кај нас се се експлоатира па и затоа сме таму кај што сме.

Од мене имате уште една можност а тоа е да се проба со два тренера еден од тактичка страна, а друг како мотиватор.

П.С. Оставете го фудбалот намира, баталете политика. Ако на некого не му се свиѓа Хаџи-Ристевски нека го реши тоа на седмица на ФФМ, а не да прави пропаганди преку телевизија(Сител и Канал 5) или друг медиум. Се додека некој ја меша политиката во фудбалот или спортот воопшто ќе немаме резултати. Ракометарките играат на светско тоа треба да ви биде ударна вест, а не мак-фудбалот во услови кога не се игра фудбал.

Јули 19, 2008 Posted by | Македонски Спорт | , , , | Напиши коментар

Браво за Хрватите

англија – ХРВАТСКА   2 – 3

Уште не можам да верувам шо гледав. Хрватите може ја изиграа најдобрата утакмица во живот. И тоа во моменти кога ништо не им значеше. Или им значеше. Реноме, фудбалски респект од остатокот од светот. Ова им беше освета на Англичаните за елиминацијата на европското во Португалија. Кога во натпревар кој одлучуваше кој ќе оди понатаму Англичаните тепаа со 4-2. Ако вака играат на европското 100% ќе го освојат. Ама најозбилно зборувам.

Творци на победата беа Крајнчар во 8мин по една грешка на Карсон. Не им иде у глава на тренерите дека Џејмс е најдобар голман на Англија. Ивица Олиќ влезе со се топка у гол во 14мин за 2-0. И тоа е у прво. А и една шанса за Врајт-Филипс при 1-0. У второ Хрватите играа за да ги декласираат. И тогаш судијата досуди пенал шо искрено у Италија и на Милан нема да му го досудат. Лампард погоди. 2-1. Хрватите пак промашуваа. Едуардо, Олиќ незнам колку пати. Имаа и пречка. Крауч погоди за 2-2. И кога сите си помислија ах ја наместија, Хрватите не мислеа така пак напаѓаа. Билиќ го става Младен Петриќ на местото незнам на кого и овој од 22-23м одкосо од лева страна му ја збрца на Карсон за 3-2. Билиќ се радуваше како мало дете. Англичаните немаа шанса понатаму. Неможев да поверувам.
После ова може ќе му се исполни желбата на Билиќ да биде тренер во premier league во Англија. А Модриќ дека ќе дојде во Англија после ова. Мало Морген. Може ќе дојде ама Англичаниве ќе направат презимето да му одговара на ликот. :)

Секоја чест на Хрватите. Ама ние ги тепавме . ХАХАХА

П.С Вембли беше на ниво од Градски во саботата, мислам на теренот. Ги истрењиравме Хрвативе како се игра во кал. :)

Јули 19, 2008 Posted by | Европски фудбал, EURO 2008 | , , | Напиши коментар

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.